Тоа се личности со кои тешко наоѓам заедничка тема на разговор и претежно во нивно присуство ќутам, тие имаат многу различно размислување од моето, се работи за спротивен пол на мојот, да тоа се женски особи.
Yep Заебано е. Поготово кога знаеш дека треба да се сретнеш со одредена личност со која се чуствуваш непријатно па подготвуваш терен, фрази, што ќе кажеш, да не се изргугаш и остали глупости. Што повеќе се припремаш тоа повеќе запаѓаш во амбис. И кога ќе го поминеш тоа ако ти е успешно чуствуваш некој вид на достигнување. Ако пак ја оплескаш, добиваш чуство на вина - спрема себеси и се обвинуваш зошто си таков спрема околината и себеси.
Совети: Да го ебам незнам... Вежбај. Најпрво и најбитно не се прави филмови во главата. Што поспонтано да настапуваш во ситуации. Колку си поприроден и тоа си ти, толку полесно ќе се мерџуваш во дадена конверзација и ситуација. Тоа е инстикт ако си ти awkward другата страна делува одбранбено и уште повеќе ја заплескуваме работата.
Вежбај социјални интеракции на најразлични можни места каде се чуствуваш лагодно, продавници, институции, касиерки, шалтерски работнички, незнам зависи на кој места оперираш на дневно ниво.
Немој само додатно да си правиш бариери, да се обвинуваш себеси и да рушиш самодоверба.
И првиот пост не ти е искрен. Вртите со зборови ко киша око Крагјуевца, пишете директно јасно и концизно што е проблемот. Не е ова кашлица ми почна од 23.05.2020... Ќе си се бориш цел живот со тоа. Прифати се себеси и научи да се носиш со тоа.