Автобуска несреќа во Бугарија

Член од
28 јуни 2018
Мислења
746
Поени од реакции
922
de ziti se, kako a izmisli vaa?

koj gi uplakja sredstvata/parite koi odat na pridonesi?
ti ili firmata?
Sto e bitno koj gi uplakja, tie pari se na rabotnikot.
Licno negovi pari za koi ima raboteno X vreme.

Ti mislish poklon deka im gi davaat gazdite na rabotnicite?

Poklon i odmor da ne im davaat? I platata da ne im e poklon od dobra volja na gazdata?

*Nema vekje offtopic, no se dodeka vaka se misli ke se slucuva se ova vo MK... Raspad sistema
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.646
Поени од реакции
34.852
Се изнатрескавте глупости за нафта, бензини, преправани резервоари, петарди и што уште не.
Прво и основно ако имало петарди и да имало тие се во посебни пакувања и нема шанси сите одеднаш да екслодираат, второ не знам кој лудак би носел бензин во туби или канистри во автобус, за преправан резервоар за нафта не сакам ни да пишувам пошто премногу е долга и широка зошто не може да се доградува или преправа резервоарот на автобусот.
Никој не го спомна возачот институцииве мижат пред проблемот во државава дека ПЕНзИОНЕРИ возат камиони автобуси и комбиња, и дека 90% од несреќите кој се прават со транспортни возила било за стока било за патници ги прават токму тие ШОФЕРИ ПЕНЗИОНЕРИ, не за џабе порано возачите беа со бенифициран стаж и одеа на 55 во пензија намалени рефлекси ослабен вид итн, додека државата не го реши тој проблем со ПЕНЗИОНЕРИТЕ кој што возат ќе си имаме вакви и слични дешафки само затоа што на газдите им е поефтино да плаќаат пензиониран шофер наместо да пријавуваат во редовен работен однос возач.
... блазе си на тебе како размислуваш „лагано“ интересно како не се плашиш од повратна карма од изгорените починати невини патници?

алоооо, автобус „Мерцедес“ производство од 2018 година изгорел се карбонизирал за само 2,3 минути, Дурмо се превртел од една страна во друга па не изгорел имал и брзина и удрил во две банкини пробивајќи ги, па пак не изгорел до карбонизација,
во ова треагедија на поклопување на многу неисправни работи се случи тоа што се случи, фактот што прво имало експолозија па после автобусот удрил во банкина, па изгубил правец па пак удрил во банкина со уште една експлозија до целосно карбонизирање, укажува за експлозија на експлозивна супстанца, под дејство на висока температура од самото уклучено парно, патниците живи изгореле во оган, а не од удар, сега нека се „поткупат“ сите изјави нека се сменат сите можни логички објаснувања, ама духот на починатите кога тогаш ќе се вратат врз тие што ја премолчуваат ВИСТИНАТА,
... и ДА, пензионерите се најбезбедни возачи затоа и ги ангажираат, тие не претицаат на полна линија и не возат над 100км/ч и почитуваат сообраќајни знаци, не се нервозни како другите млади жутоклунци шофери кои мислат дека да се вози НЕ е одговорна работа туку само обично возење,токму поради денешниве автошколи и комисии за полагање, со денес купени возачки дозволи сврти еднаш градска, паркирај еднаш, тестовите под рака точните одговори - еве ти возачка, шофер си готово!
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Да не е затоа што нема доволно шофери у државата и ради одредени глупави правила и прописи кои што истата држава ги има воспоставено?

Сите се гласни против газдите, ама отворете фирма и издржете 1 година па ќе збориме. За вадење на лиценци се бараат вработени шофери во редовен работен однос и пензионирани шофери се пуштаат на кратки релации (возење фабрика или погон).

Истата држава за која што збориш дека као им попушта на газдите внесува одредени правила кои се косат со логиката и те обрзуваат на дупли трошоци на уште непочнато вршење на превоз. Пример за лиценца да извадиш потребни ти се мин 2 автобуси со 2 шофери у редовен работен однос тоа значи мин 60 000-80 000 месечно на плати и придонеси (сите забораваат дека фирмата ти плаќа данок и здравство у државава). А ти пример имаш работа само за 1 автобус кој ти носи 150 000 месечно. Што значи дека треба да плаќаш дупло придонеси + оддржување на возило кое што ќе лежи у гаража а работиш по смешни цени со кои што едвај си овозможуваш минимална заработка со 1 автобус.

Да не зборам што плаќаш огромни давачки при регистрација, пример дупла патарина (ја плаќаш еднаш кога регистрираш возило и плаќаш втор пат кога се движиш по автопат зашто ги посејаа на 20 км).

Не може така еднодимензионално да ги гледате работите, зашто дури ти како работник имаш задача да завршиш одредено нешто за 8 саати и си бегаш дома, некој мора да пази и внимава на секој детал 7 дена у неделата. Зашто еве сеа една беља газдата го бркаат сите, иако може да немал појма дали шоферите пренасаат нафта, петарди, вода, кокаин, хероин или слично. Затоа што многу пати шоферите на своја рака си зимаат пакети на пријатели да пренесат за некој познаник у странство.
Кај Руле пензионери возат за италија и германија исто и во стефан турс надвор по хрватска турција грција возат пензионери, нит мак возат пензионери, транскоп битола пензионери да не набројувам и други. Види шофери има ама дел избегаа по германии и шведски дел не си ја ставаат главата во торба за 25 000 денари 24/7 газдиве оќореа од пари и многу му е полесно и поефтино со пензионери да работат отколку поштено да ги платат другиве кој треба да ги пријават во редовен работен однос.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.646
Поени од реакции
34.852
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405

Што се не се пропушта на тој граничен премин, не па автобус со патници. Не за џабе веќе и албанци патуваат 100км за да работат на тој граничен премин кога се виде во златните времиња за царинарите што све не купија и направија по градот.
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.129
Поени од реакции
8.944
Sto e bitno koj gi uplakja, tie pari se na rabotnikot.
Licno negovi pari za koi ima raboteno X vreme.

Ti mislish poklon deka im gi davaat gazdite na rabotnicite?

Poklon i odmor da ne im davaat? I platata da ne im e poklon od dobra volja na gazdata?

*Nema vekje offtopic, no se dodeka vaka se misli ke se slucuva se ova vo MK... Raspad sistema
koga kje ja cuknis praznata lejka, deka site razvieni zemji se takvi kakvi so se zatoa sto ima firmi i korporacii,
koi sozdale tehnologija i uslugi, koi se na cena na pazarot, togas moze da pravime muabet.
za rabotnicki prava odi drndaj pred koperacia so krali marko staklo i posebna salama.

firmata ti dava plata, i ti plakja pridonesi, ako mislis deka si nesto sposoben
odi raboti nesto sam da te vidam.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.137
Поени од реакции
10.494
Дали мистериозниот патник е извесен Шаип Науф ал Салах, 36-годишен Арап, државјанин на Обединетите Арапски Емирати, бугарската обвинителка Сијка Милева на денешната прес конференција не можеше да одговори. Неговото име го виделе роднините на преживеаните на листа која ја добиле во болницата во Софија. Тоа го тврди и синот на вториот возач на автобусот кој загина во пожарот на возилото. На официјалната листа на преживеани која ја објави македонското МНР стојат имињата на седум лица, и меѓу нив не е арапскиот државјанин.

Бугарските истражители дополнително ќе истражат кој е овој човек и каде се наоѓа сега. Дали тој се спасил од запалениот автобус и потоа мистериозно исчезнал во ноќта.

Ако се собере вкупниот број на жртви – 44 и бројот на преживеани 7, тоа се вкупно 51 лице, за разлика од регистрираните 52 на граничниот премин Капитан Андреево, посочи бугарската обвинителка Сијка Милева. Недостасува еден патник, а тоа се поклопува и со изјавата на еден од преживеаните сведоци, кој тврдел дека 8 лица живи излегле од автобусот.
Дали има простор за терорситички акт?
 
M

Macedon1um

Гостин
Дали има простор за терорситички акт?
Јас би рекол дека има иако шансите за тоа се многу мали, 2012 веќе имаше ваков напад на автобус во Бугарија со ранец тнт оставен кај куферите

Е сега таму целта беа Израелци а главните осомничени луѓе блиски до Хезболах и Иран наводно. Сега некој ќе рече зошто цел би биле Албанци од Македонија ? Муслимани се не се христијани како во 99% од терористичкиве напади ама Албанија е Американско прокси на Балканот, во 2014 примија преку 4000 членови на MEK кои имаат и кампови и се во Албанија а сегашната власт во Иран ги гледа како непријатели како странски платеници

 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.137
Поени од реакции
10.494
Јас би рекол дека има иако шансите за тоа се многу мали, 2012 веќе имаше ваков напад на автобус во Бугарија со ранец тнт оставен кај куферите
Па не можат вештаците врз основа на оштетувањето на автобусот да исклучат терористички акт? Експлозивните средства ипак имаат поголема кинетичка енертија.

А и обично се превзема одговорност после терористичкиот акт.

Симптоматични се некои работи вака од читање. Ама јас сум лаик, само си размислувам на глас.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
:neetaka: има веќе филм со таков наслов!

Прегледај го приврзокот 314534
Бјонси си го гледала филмов? Не е препорачливо на полн желудник!
Инаку на темата, заборавете нафти, бензини и други тракатанци. Пред несреќета во автобусот се почувствувала силна миризба на хемикалија, некои од патниците почнале да повраќаат, на некои озбилно им се слошило. Кога веќе се случила несреќата малкумина биле способни да се борат и да бараат спас. Ова е верзија која излегла вчера од дел од роднините на преживеаните, колку е вистина не знам, ама се претпоставува дека е шверцувана некоја киселина. Само не ми држи вода ни тоа дека од таму може да е експлозијата, многу непознати во една несреќа :(
Автоматски споено мислење:

Дали има простор за терорситички акт?
Не, тоа последно од сите можни сценарија!
Најверојатно е некоја тривијална глупост, ама тие што ја знаеле, за жал не се живи и нема да ни ја раскажат.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.907
Поени од реакции
7.574
...па нормално дека е човечки фактор и човека грешка, не паднало бензин од небо, нит гром удрило! :facepalm:
Да човечка грешка е.

Го ставив видеово поради 3D aнимацијата. Прикажано добро како се случило.
 
M

Macedon1um

Гостин
Па не можат вештаците врз основа на оштетувањето на автобусот да исклучат терористички акт? Експлозивните средства ипак имаат поголема кинетичка енертија.

А и обично се превзема одговорност после терористичкиот акт.

Симптоматични се некои работи вака од читање. Ама јас сум лаик, само си размислувам на глас.
Ако е класична експлозија веројатно ќе се знаеше до сега, ако е друг тип на саботажа веројатно ќе треба повеќе време за вештачење. Имаше некое интервју на сопственик на транспортна компанија во Бугарија и самиот се чуди како е можно толку брзо да изгори автобусот на нов мерцедес со еден куп заштитни механизми


Бјонси си го гледала филмов? Не е препорачливо на полн желудник!
Инаку на темата, заборавете нафти, бензини и други тракатанци. Пред несреќета во автобусот се почуствувала силна миризба на хемикалија, некои од патниците почнале да повраќаат, на некои озбилно им се слошило. Кога веќе се случила несреќата малкумина биле способни да се борат и да бараат спас. Ова е верзија која излегла вчера од дел од роднините на преживеаните, колку е вистина не знам, ама се претпоставува дека е шверцувана некоја киселина. Само не ми држи вода ни тоа дека од таму може да е експлозијата, многу непознати во една несреќа :(

Дали на твитер дали тука прочитав дека чест случај било да се шверца некоја си киселина од Турција која ја користеле златарите
 

Kajgana Shop

На врв Bottom