Автобуска несреќа во Бугарија

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.148
Поени од реакции
35.693
Еве шо вика бугарскиот обвинител:

Реконструкцијата на настанот која ја направи бугарскиот обвинител Борислав Сарафов покажува дека автобусот од, досега неутврдени причини, свртел кон десно и удрил директно во банкината. Се претпоставува дека лошата сигнализација на патот можеби го довела во заблуда возачот на автобусот. По ударот, од десната страна на автобусот останала заглавена банкината. Самото влечење на металната ограда под автобусот предизвикала големи искри кои предизвикале палење на нафтата и маслото во автобусот. Резервоарот за гориво на возилото се наоѓал токму од десната страна која директно удрила во заштитната ограда.

Огнот кој избувнал во предниот дел од автобусот не им дал шанса на патниците да побараат излез од предната врата, па сите поитале кон задната. Но таа била заглавена од оградата на патот.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Алсат објавува список со жртви, подоцна и многу други ... на него 45 лица ... сега велат дека еден го нема, споредено со списокот на Турско-Бугарската граница.
Веројатно ако тој еден е жив, тој или некој ближен би реагирал на списоците со жртви.

Српскиот државјанин вели дека се спасиле 8 мина, а не 7 мина.

Мислам, нека се намали за една жртва несреќата, но малку е тоа симптоматично
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.229
Поени од реакции
7.039
Накај Србија не сум возел, другар што живееше таму со него одев ама тој веќе го знаеше патот и не сум приметил. Летово правев роуд шоу низ Македонија со другари иселени по запад , двајцата се жалеа дека многу малку е обележано без никаква сигнализација. Патот Куманово - Ранковце се реновира веќе година и пол, на еден дел каде што е завршено реновирањето немаат обележано дека 2 ленти се спојуваат во една и треба да се престроиш,навечер едниот од претходно споменатите среќа веднаш реагирал кога сфатил десната страна веќе му е надвор од патот.
https://www.google.com/maps/@42.1521126,21.8962831,3a,75y,124.33h,73.65t/data=!3m6!1e1!3m4!1sy7F2ZVRS2KBlXRE9rucZBw!2e0!7i13312!8i6656 еве претходно како е, не дека и тогаш било добро сега нема никаков знак дека се спојува патот. Катастрофа патишта + нашата возачка култура доведува до голем број на жртви во сообраќајот.
Македонскиот и српскиот автопат се најмалку обележани посебно ако има работа на патот. Кога минувам низ Унгарија, Словачка, Чешка, Австрија, Германија само Србија и Македонија се НАЈ КРШ!!! Посебно српскиот автопат го сметам опасен за возење ноќе бидејќи ако ти се погоди дожд е доста гадно.

Се гледа дека тие што го правеле енормно крателе/краделе со помошната лента и воопшто делот за исклучување од автопатот без разлика дали бензинска или не е доста кус, остар и е направен доста непрегледен и на место на кривина.
 
Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.865
Алсат објавува список со жртви, подоцна и многу други ... на него 45 лица ... сега велат дека еден го нема, споредено со списокот на Турско-Бугарската граница.
Веројатно ако тој еден е жив, тој или некој ближен би реагирал на списоците со жртви.

Српскиот државјанин вели дека се спасиле 8 мина, а не 7 мина.

Мислам, нека се намали за една жртва несреќата, но малку е тоа симптоматично
По списоците ќе се види дали некој фали или не, а ако се водат само по изјава на сведок, во таа ситуација на шок можно е да го помешал еден од луѓето кои дошле на местото на несреќата, од тие двајцата што работеле на патот едно 300 метри после сообраќајката.
Мислам дека еден од нив бил прв што јавил за несреќава.

Друга варијанта е еден од тие што се на списокот во овој автобус, да биле во еден од другите.

Иначе ако се водам по изјавата на заменик главниот обвинител Борислав Сарафов, овие Инфомакс плачат за тешка тужба. Првично отфрлени се сите муабети за кои они неофицијално известуваа водејќи се според нивните неофицијални извори, секако со цел да лапаат што поголем број на посети на нивниот мртов незакопан сајт.

Има ли бе некој, нешто у земјава, било што, што контролира вакви сашеполитико медиуми или јок? Па ваљда треба да имаш бе некаква дозвола за да бидеш некаков медиум тука, против цензура сум али и против вакви ванаби медиум сајтови, борбата за кликови со кликбејт наслови и лажно информирање не е нешто што треба да се занемарува и да се третира ко ... ај бе небитни се, и онака никој не ги сфаќа сериозно.
 
Член од
13 март 2015
Мислења
165
Поени од реакции
125
Тој српскиот државјанин постојано тврди дека сите ги спасувал, најпрво неговата вереница а потоа и останатите, за сите медиуми ова го тврди. Но неговата вереница кажа нешто сосем спротивно за еден медиум, дека таа сама се спасила, никој не и помогнал.
Така да срспкиот државјанин најверојатно лаже за ова и сака да се направи да изгледа како некој си херој, но во реалноста само се спасил себе си и толку.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.508

или па да не изгледа како мала кучка што само за себе гледал да се спаси.
Друго, имаше изјава од некој блгарин и кажа дека лично видел дека пожарот почнал од назад??????
 
Член од
6 август 2011
Мислења
682
Поени од реакции
1.065
Се изнатрескавте глупости за нафта, бензини, преправани резервоари, петарди и што уште не.
Прво и основно ако имало петарди и да имало тие се во посебни пакувања и нема шанси сите одеднаш да екслодираат, второ не знам кој лудак би носел бензин во туби или канистри во автобус, за преправан резервоар за нафта не сакам ни да пишувам пошто премногу е долга и широка зошто не може да се доградува или преправа резервоарот на автобусот.
Никој не го спомна возачот институцииве мижат пред проблемот во државава дека ПЕНзИОНЕРИ возат камиони автобуси и комбиња, и дека 90% од несреќите кој се прават со транспортни возила било за стока било за патници ги прават токму тие ШОФЕРИ ПЕНЗИОНЕРИ, не за џабе порано возачите беа со бенифициран стаж и одеа на 55 во пензија намалени рефлекси ослабен вид итн, додека државата не го реши тој проблем со ПЕНЗИОНЕРИТЕ кој што возат ќе си имаме вакви и слични дешафки само затоа што на газдите им е поефтино да плаќаат пензиониран шофер наместо да пријавуваат во редовен работен однос возач.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.121
Поени од реакции
5.228
Па од секогаш автобусите имале лимит 100ка додека камиони 90ка. Само во Македонија тој лимит е намален, за камиони е 80, а за автобуси мислам 90.
И грешиш дека во Европа идат 95+. За автобусите не знам ама самите камиони имаат лимитар на 90ка, ептен треба да е удолница за да отиде плус две три повеќе.

Многу е лесно да провериш автобус или камион дали иде повеќе. Застани го и земи му листа од тахографот, можеш за две недели уназад да го провериш колку возел и дали правел законски паузи.
Баш Бугарите се махери во ова, ја проверува и најмалата ситница за да ти земе мито на крај.
Додека нашите се 20год назад, со радари. Сложена алатка е тахограф за нив.
Не се сите лимитирани на 90ка (камиони) имаат и над, плус дадов пример за празен камион. Тахографот нормално може да го проверат ама во оваа ситуација е стопен така да ништо од тоа.

Глупавото е у тоа што му ја земаа лиценцата за работа на човекот. Значи он има може 10 автобуси, у конвојот иделе 4 сеа, 3 немаат никаков проблем со 1 се деси бељава и му ја земаат лиценцата. Нормални ли се?! Може да му се даде привремена забрана за вршење на превоз дури трае истрагава ама земање на лиценца?

Ова е како на 7ца да им забранеа да работат после труењето на неколку души пред 3-4 години. Него пробуваат да соберат поени политички и да си го извадат гзот.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Се изнатрескавте глупости за нафта, бензини, преправани резервоари, петарди и што уште не.
Прво и основно ако имало петарди и да имало тие се во посебни пакувања и нема шанси сите одеднаш да екслодираат, второ не знам кој лудак би носел бензин во туби или канистри во автобус, за преправан резервоар за нафта не сакам ни да пишувам пошто премногу е долга и широка зошто не може да се доградува или преправа резервоарот на автобусот.
Никој не го спомна возачот институцииве мижат пред проблемот во државава дека ПЕНзИОНЕРИ возат камиони автобуси и комбиња, и дека 90% од несреќите кој се прават со транспортни возила било за стока било за патници ги прават токму тие ШОФЕРИ ПЕНЗИОНЕРИ, не за џабе порано возачите беа со бенифициран стаж и одеа на 55 во пензија намалени рефлекси ослабен вид итн, додека државата не го реши тој проблем со ПЕНЗИОНЕРИТЕ кој што возат ќе си имаме вакви и слични дешафки само затоа што на газдите им е поефтино да плаќаат пензиониран шофер наместо да пријавуваат во редовен работен однос возач.
Не треси зелени автобусите не се произведени во Тетово па од удар во ограда да се запалат така. Па молотов коктел да фрлиш во него нема да изгори така брзо. Него најлесно е ајде човечка грешка и чао. Никој неможе да ме убеди дека при удар во ограда може како бомба да рокне цел автобус за 1 мин. Сум видел неколку пожари на возила по автопат дури еднаш комбе се запали со патници и никому ништо, си излегоа патниците тоа гореше 30 мин додека дојде пожарната и пак не изгоре како автобусов.
 
Член од
2 март 2008
Мислења
3.803
Поени од реакции
66
Сеедно, има список со 45 жртви, ако е живо лице на него, ќе се установеше брзо.

Тие земаат 45 днка од фамилии. По кој список ги бараа, ваљда се имат јавено и кај тој 45тиот фамилијата
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
898
Поени од реакции
3.507
Сеедно, има список со 45 жртви, ако е живо лице на него, ќе се установеше брзо.

Тие земаат 45 днка од фамилии. По кој список ги бараа, ваљда се имат јавено и кај тој 45тиот фамилијата
Многу е веројатно дека тоа бил другиот возач кој во моментот спиел и буквално бил кремиран жив до пепел. Коските горат од 700 до 1000°C додека пожарот може да достигне и температура до 1600°C што е веројатно со оглед на тоа што тој спиел во затворен простор.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Јас се иам враќано од екскурзија од Србија во средно, девојче ја загина личната карта, ја шверцаа во WC, од бусот за назад.
Се минувале граници, имало список рече..:icon_lol:
Еј бре еден во сто случаеви. И јас имам патувано со патник кој спиеше и не го покажа пасошот, назад мораше да реагираат шоферите за да помине на ист начин.

И пак имаат список од агенцијата.
Сигурно и од другите автобуси некој по несреќата ќе пријави дека сопатникот му го нема.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom