Аватар - најскапиот филм во историјата!

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.722
Поени од реакции
18.251

Јас само што се вратив од гледање на филмов и можам да кажам дека немам зборови за да го опишам колку е совршен, гледајќи го Аватар сватив дека човекот за првпат го достигнува совршенството. Инаку е работен во 3Д, и можам да кажам дека ликовите работени во 3Д и целата околина ми изгледаа дури и пореални одколку оние што беа реално снимани. Во филмов има такви пејсажи и сцени што делуваат толку вистинито а во исто време и сликовито што добиваш чувство дека филмов стварно е сниман на некоја друга планета. Џејмс Камерон и целата екипа што работела на овој проект најблаго речено се надминале себе си, па тие креирале еден целосно нов свет, кој што до детаљи се прикажува цели дваипол саата, создадена е целосно нова раса на луѓе ако така можат да бидат наречени домородците кои што населуваат една планета која што се нарекува Пандора, создаден е посебен јазик на кој што тие комуницираат меѓу себе. Со еден збор тоа е еден посебен свет исполнет со чудесна и вонземска флора и фауна и не ме чуди зошто Џејмс Камерон потрошил десет години работа и 50 милиона долара буџет за овој филм. Би парафразирал еден коментар од ИМДБ кој што вели дека Аватар е новиот Стар Ворс на 21 век само што е многу подобар. Ианку конкретно во филмот се работи за Џејсон Сали бивш маринец кој што останува инвалид во количка при една акција во Венецуела мислам, и кој што е испратен во мисија на планетата Пандора за да го замени својот брат, специјалист во областа на медицината. Вклучен во еден голем проект за набавување на специјален минерал кој што држи висока цена - 20 милиона долара за килограм. Тој го завзема вонземското тело - (аватар на планетата Пандора) на својот брат кој погинува на оваа планета и негова должност е да ја продолжи неговата мисија, односно по дипломатски пат да се изнајде решение за одземање на минералите. Е сега проблем се домордците (тоа е племето Нави) кои што живеат на тоа место каде што се наоѓаат минералите и кои одбиваат да го напуштат местото кое го сметаат за свето. Маринецов е спасен од една домородкиња која му помага да се снајде во племето и од тука почнува заплетот кој што ќе си го догледате. Ќе кажам само имам мала замерка за сценариото (за што впрочем коментиравме и со девојка ми додека го гледавме). Сценариото страшно потсеќа на анимираниот филм Покахонтас, само што тука нема индијанци и конквистадори, туку има америчка војска опремена со најсовремени летала и разни роботи и оружја и вонземски домордци со лакови и стрели кои летаат на суштества кои личат на змејови, хахаха мислам дека доста открив. И за крај ви препорачувам гледајте го филмов во кино не го гледајте на ДВД или уште полошо на ПЦ, зошто филмов едноставно не го заслужува тоа. :pipi:
 
Член од
4 декември 2009
Мислења
147
Поени од реакции
10

Ама си конфузен човече ...
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.722
Поени од реакции
18.251
Ама си конфузен човече ...
Ај да ти дообјаснам, намерно нафрлив само делови од сценариото. Веќе кажав за Џејк Сали и брат му кој што погинува. Е сега Џејк Сали е испратен на оваа планета затоа што имаат ист геном со брат му, и само неговото тело може да биде прифатено од неговото друго вонземско тело кое ќе го користи на планетата Пандора. Затоа што човечкиот вид не може да опстане на оваа планета односно не може да го дише воздухот од оваа планета, па затоа му е потребно вонземско тело за да го прави тоа. Инаку префрлувањето од едно во друго тело се прави преку посебна апаратура која ги поврзува телото на човекот и телото на неговиот вонземски аватар односно неговото вонземско тело. И сега одкога ќе се префлри во своето вонземско тело Џејк Сали ќе може повторно да оди. Тој и уште двајца биолози, др. Грејс Агустин (Сигурни Вивер) и уште еден не знам како се викаше, кои имаат свои вонземски тела се испратени во мисија да земат примерок од одредени растенија кои ги проучува научничкава Грејс. Е на таа мисија маринецов Џејк ќе го нападнат домородни животни од џунглата кога ќе ги загуби и двајцата биолози и ќе мора сам да се снаоѓа. Одкако ќе се спаси првиот пат, тој треба да ја помине ноќта во џунглата ама е нападнат пак од некој вид на кучиња кои што живеат на Пандора, е вториов пат го спасува една домородка која е членка на племето Нави, кои претставуваат луѓе на планетата Пандора. За понатака догледај си. :smir:
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Фала за хедс уп, дефинитвно ќе го погледнам :)
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
за жал вчера неможев да го погледнам бидејќи кога се јавив имаше слободни места само во прв ред... денес со сигурност одам, најверојатно од 10 часот...
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Ако е солидна "скринер" тогаш јас не знам што е лоша :toe:

Само 1080p за овој филм или кино, има да се изначекам ако не го гледам деновие у кино.
 
Член од
18 март 2009
Мислења
375
Поени од реакции
7
заебаваш :wtf:

веќе го стаиле со стакло?
ни кино снимка не верувам дека го има...
Има го в замундата на CAM Rip :D. Jас лично довечера ке го гледам на IMAX. Има ли некoe 3D кино во Скопиjе ?
 
bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.716
Поени од реакции
6.654
Аман бе луѓе! Кино снимка ова она :tapp: Па скратете две кафиња и гледајте си го ко луѓе во Рамстор и слика и звук и се. Верувам дека на крај чувството ќе ви биде неописиво. Јас во Рамстор сум ги гледал, Спајдермен 3, Трансформерс 1, Стелт, Терминатор 4 и ниеднаш не сум зажалил за дадените пари.
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Аман бе луѓе! Кино снимка ова она :tapp: Па скратете две кафиња и гледајте си го ко луѓе во Рамстор и слика и звук и се. Верувам дека на крај чувството ќе ви биде неописиво. Јас во Рамстор сум ги гледал, Спајдермен 3, Трансформерс 1, Стелт, Терминатор 4 и ниеднаш не сум зажалил за дадените пари.
Многу јасно друже, а после истите серат како "филмот не е ништо посебно".

Тоа му се случува на Трансформерс 2 на IMDB, од луѓе кои го симнале на тиње снимка и не прекинуваат да го серат. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom