значи вака.... пред се многу погрешна претстава имав за филмот пред да го гледам, и не се исполнија моите очекувања, не на база на квалитет туку тотален промашај имав околу развојот на настаните... очекував некоја мутација на луѓе, неуспешно истражување, ширење на бактерија, ама да не ти било тоа работата... режисерот премногу напред отишол во иднината, затоа имаше големи недостатоци за почетокот на дејствието.Многу работи уште на старт беа неразјаснти и ти дур си посветен да ги разбереш прошлите сцени филмот си тече :wink:
тоа можеби беше фалинка која е веројатно намерно направена за да се остави простор после 3-4 години Камерун да направи и продолжение од Аватар но овој пат ќе биде за почетоците(Beginning).... тие што го гледале филмот ќе имаат јасна претстава што би било во alternative future.... ова е всушност проект финансиран од филантропите за постигнување на нивната цел(збориме за сценариото и дејството на филмот, а не реалноста)... кога доаѓаат со оние спејс шатлови, мас дистракшн оридуја и слични современи артилерии... значи воинот беше оној the chosen one со својот тимот кој му беше даден еден период за прилагодување на културата и севкупно животот на Аватарите... во стил на Холивуд успешно му тргна кога ја запозна Аватарката во која подоцна се вљуби и реши да остане... но на другар полковниче и надлежниот за таа мисија тоа не им се допадна па затоа му дадоа рок за да ги натера Аватарите да го напуштат дрвото пуно со тајни :wink:
типот целосно заборави па затоа момците превзедоа се во свои раце и решија да ги истребат.... со помош на мајката природа ранетиот маринец(во тело на Аватар) реши да ги собере сите кланови и живи битија во битката со неговиот човечки вид... секако пред крајот како и на секој филм што му доликува Аватарите успешно се одбранија од вонсериските машинерии и безкрупулозните луѓе... на крај дури беа и на клоци исфрлени од нивната територија(секако оние кој преживеале)... незнам само дали маринецот(односно господин Камерун) бил свесен дека со тоа ја прави својата животна грешка(EPIC FAIL), поради фактот што на таа мисија беа испратени само неколку илјадници, а што со оние на земјата?
значи изглеа несвесно маринецот го прави тоа дело... јасно е дека ако има продолжение за настаните во иднина, дека САД-Русија со здружени сили ќе ги збришат големите плави деликвенти... освен ако режисерот ни дадеше до знаење дека тие се последниот човечки род
интересен е фактот што поради привремена недоверба која правите Аватари ја имаа спрема маринецот беше избришана кога дечкото така мангупски се реши да го освои нивното најмоќно суштество и притоа да ги воодушеви сите останати...
тоа би било тоа... ова беа моите скромни впечатоци па ако ви се допаднат слободно тркнете на Аватар :wink:
ај ја тркнав сеа да барам AVATAR за да си го сменам мојот Аватар :icon_cool
бесомнено бар според мене.... како цреша на тортата, јас го номинирам филмот на господин Џејмс како...
Movie of the year 2009 - AVATAR
и покрај неколкуте недостатоци бар видов нешто сосема ново и интересно иако работите до негде беа и превидливи... извинете за големата квадратура што ќе ја зафатам со коментаров, сепак се обидував колку поише можам да го скратам
и се извинувам за печатните грешки