Јас само што се вратив од гледање на филмов и можам да кажам дека немам зборови за да го опишам колку е совршен, гледајќи го Аватар сватив дека човекот за првпат го достигнува совршенството. Инаку е работен во 3Д, и можам да кажам дека ликовите работени во 3Д и целата околина ми изгледаа дури и пореални одколку оние што беа реално снимани. Во филмов има такви пејсажи и сцени што делуваат толку вистинито а во исто време и сликовито што добиваш чувство дека филмов стварно е сниман на некоја друга планета. Џејмс Камерон и целата екипа што работела на овој проект најблаго речено се надминале себе си, па тие креирале еден целосно нов свет, кој што до детаљи се прикажува цели дваипол саата, создадена е целосно нова раса на луѓе ако така можат да бидат наречени домородците кои што населуваат една планета која што се нарекува Пандора, создаден е посебен јазик на кој што тие комуницираат меѓу себе. Со еден збор тоа е еден посебен свет исполнет со чудесна и вонземска флора и фауна и не ме чуди зошто Џејмс Камерон потрошил десет години работа и 50 милиона долара буџет за овој филм. Би парафразирал еден коментар од ИМДБ кој што вели дека Аватар е новиот Стар Ворс на 21 век само што е многу подобар. Ианку конкретно во филмот се работи за Џејсон Сали бивш маринец кој што останува инвалид во количка при една акција во Венецуела мислам, и кој што е испратен во мисија на планетата Пандора за да го замени својот брат, специјалист во областа на медицината. Вклучен во еден голем проект за набавување на специјален минерал кој што држи висока цена - 20 милиона долара за килограм. Тој го завзема вонземското тело - (аватар на планетата Пандора) на својот брат кој погинува на оваа планета и негова должност е да ја продолжи неговата мисија, односно по дипломатски пат да се изнајде решение за одземање на минералите. Е сега проблем се домордците (тоа е племето Нави) кои што живеат на тоа место каде што се наоѓаат минералите и кои одбиваат да го напуштат местото кое го сметаат за свето. Маринецов е спасен од една домородкиња која му помага да се снајде во племето и од тука почнува заплетот кој што ќе си го догледате. Ќе кажам само имам мала замерка за сценариото (за што впрочем коментиравме и со девојка ми додека го гледавме). Сценариото страшно потсеќа на анимираниот филм Покахонтас, само што тука нема индијанци и конквистадори, туку има америчка војска опремена со најсовремени летала и разни роботи и оружја и вонземски домордци со лакови и стрели кои летаат на суштества кои личат на змејови, хахаха мислам дека доста открив. И за крај ви препорачувам гледајте го филмов во кино не го гледајте на ДВД или уште полошо на ПЦ, зошто филмов едноставно не го заслужува тоа.