Абортус (општо) и дали оправдувате или не?

Devilish Angel

Лошотија по потреба
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Скулгрл напиша:
Тие што зборите дека сте тотално против абортусот...ставете се на местото на некое 14-годишно пинцурче што несакано забременила (еден од многуте примери) и запрашајте се дали тогаш ќе расмислувате вака.

Едно е да дискутираш од страна, друго е да го осетиш тоа на своја кожа. Факт е дека ние пред се сме себични суштества, па нема да размислите двапати ако треба да си го упропастите сопствениот живот за да (не)правилно одгледате друг.
Само за болдираното ке коментирам .. што бара на 14 години да има секс и тоа без заштита??? Се чувствува спремна за секс (и тоа без заштита), а не се чувствува спрема да ги сноси последиците од тоа?
Ни во такви услови не го оправдувам абортусот, заштита измислиле луѓево .. кондомите во продавниците не се за украс ставени!
 
Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Devilish Angel напиша:
Само за болдираното ке коментирам .. што бара на 14 години да има секс и тоа без заштита??? Се чувствува спремна за секс (и тоа без заштита), а не се чувствува спрема да ги сноси последиците од тоа?
Ни во такви услови не го оправдувам абортусот, заштита измислиле луѓево .. кондомите во продавниците не се за украс ставени!
А мислиш немаат? Секаде и секогаш ќе ги има таквите. Колку и да се „криви“ (а се, бидејќи не размислиле) пак изборот е нивен и не е наше да оправдаме или не. Тука се се сведува на индивидуата и нејзината способност да се сноси со последиците.
 
Devilish Angel

Лошотија по потреба
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Скулгрл напиша:
А мислиш немаат? Секаде и секогаш ќе ги има таквите. Колку и да се „криви“ (а се, бидејќи не размислиле) пак изборот е нивен и не е наше да оправдаме или не. Тука се се сведува на индивидуата и нејзината способност да се сноси со последиците.
Е па затоа реков за да нема последици и за да нетреба да се сносат со последиците луѓето измислиле секаков вид на заштита :smir:
Подобро така отколку цел живот да ги прогонува помислата на тоа што убиле некого ради неинформираност и чалам :helou:
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Скулгрл напиша:
Секаде и секогаш ќе ги има таквите. Колку и да се „криви“ (а се, бидејќи не размислиле) пак изборот е нивен и не е наше да оправдаме или не. Тука се се сведува на индивидуата и нејзината способност да се сноси со последиците.
Апсолутно се слагам! Колку и да не сакаме да признаеме факт е дека има 14-ет годишни девојчиња кои се сексуално активни, а нашето обвинување на таквите нема ништо да смени. Кога веќе "грешката" e направена, глупо е да ги осудуваме.
И да, немаме никакво право да им се мешаме во изборот. Тие се оние кои ги сносат последиците од абортусот или од одлуката да го задржат детето, сеедно, а не ние. Затоа нема зошто било кој да одлучува за нив.
И зарем е подобро, за било кој, некоја малда, незрела цура да го роди детето по секоја цена?...Не е! Со тоа што е, од реални причини, неспособна да го одгледува детето како што треба, уште во старт ствара услови детето и таа да живеат несреќно. Зошто така, кога може да абортира и да поштеди еден нов живот, а и себе, од скоро сигурна несреќа.
Лично не ми се допаѓа помислата на абортус. Но од каде да знам како би реагирала кога би останала неочекувано бремена?Сигурно дека ќе размислам добро дали да го задржам детето или не.
Како и да е, лицемерно е и неправедно да се осудува некој, без на своја кожа да имаме осетено низ што минува. Нормално дека најдобра опција е да се користи заштита и уопште да не се доаѓа пред дилеми од ваков тип, али кога веќе нешто се случило, онда секој треба, апсолутно сам да одлучи што ќе прави понатаму. Сепак се работи за негово тело, негов плод.
 
JASMIN

Шехерезада
Член од
10 април 2006
Мислења
480
Поени од реакции
19
Јас се сложувам со Ада.
Да се стане мајка, не е мала работа. Помислата дека носиш во себе зачеток на дете. Никогаш не се спомнува кризата што самото тоа ја предизвикува, секогаш се раскажуваат приказни за мајчинските инстинкти, итн; па камоли и други фактори кога ќе се додадат.

Ако една идна мајка, апсолутно не го прифаќа тоа идно дете од х причини, да, јас сум за абортус. Бидејќи во спротивно, ќе треба да го носи 9 месеци во себе, да го роди и се што ќе следи со мајчинството. Оти тие 9 месеци, тие живеат како едно, во двојна фузија. Се што она мисли и чувствува, чувствува и бебето-од 4ти натаму; сите стравови, стресови, гнев, бес итн. И откако ќе се роди во првите години, тоа е зависно од нејзе, таа е онаа која треба да го одржува во живот- единствен можда период кога родителот е навистина семоќен.
Има истражувања кои ги нарекуваат децата, каде мајките покажувале изразена агресивност, и одбивност кон бременоста, ’’интерно-хоспитализирани’’, и голем процент од нив се раѓаат со психички и физички проблеми, често и не се доносува бременоста до крај, спонтани абортуси, мртвородени итн. Ова се крајните примери, екстремите, колку за поента, не е толку трагично сепак:)

Затоа, мислам дека е убаво да е мајката колку толку спремна да го дочека детето, и покрај сите емотивни зезања што ќе ја следат, доволно зрела да може да се справи со идното мајчинство.
Ова само ми беше поентата да обрнам внимание дека и тоа е многу важно, што не значи дека како апсолутно се прифаќа абортус без размислување и прашање, се си има нијанси.

Ама, да станеш мајка е толку битен момент и незанемарлив, што ама апсолутно не се согласувам со тоа ’’епа, не мислела на време, нека му ја мисли сега’’. Не е тоа чаша да скршиш, па да мораш да одиш нова да купиш.
И зачнувањето дете не е грешка, макар и во наводници, па да мораш да ја поправаш, или да се искупуваш.
Јас дете не раѓам ако мислам дека ќе ми служи за казна за што ми пукнал кондомот, или сл. Извичник.

И абортусот не е толку едноставна работа, ако треба да се казни некој.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
PSYtisfaction напиша:
Баш така, МОЖЕБИ. А можеби и не. Вреди да ризикуваш?

Како со што би му го уништила?! Милион пати спомнав примери... Би му го уништила на пример со тоа што нема да имаш доволно финансии за да го одгледаш здраво и правилно. Или на пример со тоа што ќе го родиш додека и самата ќе бидеш дете (да речеме си забременила непланирано многу млада- зборам 14, 15, 16...), а на таа возраст секако дека не си психички подготвена и зрела за да подигнеш цел еден нов живот... Или ако ти кажат во текот на бременоста дека има тешки аномалии (да речеме церебрална парализа- тоа е оштетување на мозокот кое му ги спречува сите животни функции правилно да се развиваат, односно, нема да може да збори, да размислува, да расте нормално, дури ни да се движи во некои случаеви, ќе го помине цел живот во кревет, неспособно ни самото да се нахрани, нема да порасно како сите други деца... Зар сакаш цел живот така да се мачи?!) Ете како би му го уништила животот.

И цело време инсистираш на тоа дека ако не сакаш да затрудниш, ќе се пазиш при секс... Многу нормално, се слагам, заштита мора да се има, да си мислиме на време. Ама дури и кога највеќе на свет внимаваш, пак може да се случи несреќа, да пукне кондом, погрешно да си ги пресметала плодните денови, да си заборавила да ги земеш анти-беби апчињата, да те силуваат, на крај краева... Ништо веќе не е 100% сигурно. :wink:

Затоа престанете со тоа- “абортусот е убиство„.Поголемо злосторство е да го убивате полека цел живот, и него и себеси, отколку да го спречите тоа пред воопшто да се роди.
Jas ako ostanam bremena nema da abortiram,zasto sepak...kolku i da e tesko-imam okolu mene lugje koi me sakaat i sekogas ke bidat tuka za mene i ke mi pomognat.Majka mi i tatko mi se tuka za se...pa i za toa mnogu normalno.Sakam da kazam deka ne sum sama...ke imam pomos i finansii i se.A toa deteto da ima bolest e mozno pri bilo koja vozrast,a za bolesta ne moze da se doznae na pocetok,a jas ne bu abortirala poradi mislata deka MOZE da ima bolest.Mojot stav e deka abortusot e neracionalno resenie,a taa sto ne sakala da zabremeni poveke ke se pazela.Pa ima sekakvi apcinja sega ako ne e sigurna...
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
M@wEcK0 напиша:

Не знам дали исто би размислувала кога екшли би се нашла во таква ситуација.

Ај вака да земеме пример.

Ти имаш мислам 15 години, така? Да речеме дека си имала секс со дечко ти, се пазите, користите заштита и се тоа... Ама ете, сте утнале работа, се пукнал кондом, тебе ти касни цела недела, идеш на гинеколог и оп- бремена. Имаш уште 3 години од средното образование, планови за на факултет, цел живот пред себе, дечко ти исто така не е спремен да те издржува материјално (а богами ни психички не е спремен), кажуваш дома, и единствено решение на кое наидуваат твоите (после шокот, нели) е абортус...

И сега што ќе направиш? Ќе го родиш тоа дете на 15 години, ќе им ставиш на грб на твоите уште една уста за хранење, ќе се отпишеш од школо, ќе станеш домаќинка уште пред полнолетство, ќе ги пропуштиш најубавите години од твојата младост... Или ќе го абортираш, ќе жалиш некое време, ама ќе продолжиш понатаму со животот, па ќе причекаш да созрееш доволно и да се стабилизираш за да родиш дете...?
 
Ако ни пукне кондомот,прво што ќе направам,ќе отидам до аптека и ќе земам од оние апчињата(не знам како се викаат),нема да чекам да поминат 2 или 3 недели па да одам на гинеколог...секако дека и по апчињата ќе одам да види што е како е,но во никој случај не би чекала.А доколку еве се случи подоцна да дознаам дека сум бремена,нема да абортирам...за образованието има начин,ќе учам дома па ќе полагам,ќе се снајдам,нема сама да се грижам за детето.За тоа дека цела младост ќе ја пропуштам...ќе ја пропуштам,нема што,ама не би ризикувала да останам стерилна и да абортирам за да ја проживеам младоста,зашто знам дека ако абортирам грижа на совеста цел живот ќе имам,а не некое време само,зашто тоа не е мала работа
 
Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Жената има право да се однесува како сака, нејзина е моќта да одлучи што ќе стане со плодот во нејзиното тело.
Не е важно дали тоа е морално исправно и колку ќе пати, важно е таа да има избор да го направи она кое го смета за правилно.

Инаку знаете ли дека Македонија е една од полибералните држави во однос на ова прашање и слободата на одлучување на жената е поголема од оние кои живеат во некои европски држави или америка?
 
Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12

...taka be zlato...abe alooooooooooooooo ej seks na 15 godini,,,puknati gumi,shetanje,uzivanje...upropastuvanje zivot...sto e rabotava???...sto se brza tuka...ima vrema za se u zivotot...nekoj dali saka i "dzole do gusha i uraju dusha"...neide toa...sekoj treba da si odgovara za svoite postapki u zivotot...nema igrachka so tie raboti...so abortusot moze eventualno da se unishtat ne eden tuku poveke zivoti(ova pod uslov majkata da ostane sterilna)...sto e rabotava neznam???...15 godini seks abortusi...abe neide toa taka...stiskajte toa nodzinjata...
 
Dolphin

Pirate of the Caribbean
Член од
3 март 2005
Мислења
1.296
Поени од реакции
57
со големи букви и со црвено за сите...

PROCTINOR DUO

СИГУРНИ АПЧИЊА ВО СЛУЧАЈ НА НЕСАКАНО СВРШУВАЊЕ. ДА СЕ ИСПИЈАТ ДО 18 СААТИ ПОСЛЕ ЧИНОТ ЗА МИРЕН СОН.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Никола напиша:
Жената има право да се однесува како сака, нејзина е моќта да одлучи што ќе стане со плодот во нејзиното тело.
Не е важно дали тоа е морално исправно и колку ќе пати, важно е таа да има избор да го направи она кое го смета за правилно.

Инаку знаете ли дека Македонија е една од полибералните држави во однос на ова прашање и слободата на одлучување на жената е поголема од оние кои живеат во некои европски држави или америка?
Не си ич во право. Ако те сватив добро жената прави што сака? Е не е така. Таа не го направила сама детето така да не е надлежна сама да одлучува за еден живот. Во секој случај одлуката дали да има абортус или не треба да ја донесат двајцата ”играчи” во тангото. Инаку донекаде го оправдувам абортусот, ама не целосно.

А тие апчињата што се пијат после нештото.... Немаат никакви последици и хормонални пореметувања?
 
Dolphin

Pirate of the Caribbean
Член од
3 март 2005
Мислења
1.296
Поени од реакции
57
Никакви трајни последици и хормонални пореметувања немаат. Нешто моментално може, ама сигурни се, гарант!
 
Член од
20 декември 2005
Мислења
179
Поени од реакции
1
Abortusot go opravduvam samo vo edna situacija koja veke e bezizlezna i nema podobro resenie:koga deteto sto treba da se rodi e so seriozni anomalii(bolesti i sl.) koi mozat celiot zivot da go pretvorat vo pekol ne samo na roditelot tuku pred se na toa dete,i veke e jasno kade vodi taa "nesakana" bremenost vo sekoj drug slucaj spored mene deteto e blagoslov koj denes se potesko se dobiva....
 
Ljupco

...ExtraVagant...
Член од
20 јули 2006
Мислења
1.810
Поени од реакции
12
pinki напиша:
Abortusot go opravduvam samo vo edna situacija koja veke e bezizlezna i nema podobro resenie:koga deteto sto treba da se rodi e so seriozni anomalii(bolesti i sl.) koi mozat celiot zivot da go pretvorat vo pekol ne samo na roditelot tuku pred se na toa dete,i veke e jasno kade vodi taa "nesakana" bremenost vo sekoj drug slucaj spored mene deteto e blagoslov koj denes se potesko se dobiva....
...uuuf Pinki nemash pojma kolku ti e na mesto ova sto go napisha....milsam deka se e kazano sega...pozdrav...odlichna konstatacija...nemam nisto veke sto da dodadam na temava.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom