Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

Член од
20 ноември 2019
Мислења
8
Поени од реакции
0
... сите коментари се на страна на @Honig што бара совет на љубовниот проблем што таа го изнесе тука барајќи совет, но „целиот проблем“ го искажа само од нејзина гледна точка, за да се осуди и машката страна, треба и неговата страна да ја слушнеме, па да дадеме правилен совет!
... како прво, од каде знае дечкото за нејзиниот бивш дечко? од нејзина исповест за нејзино минато? со која цел? па нели членката влегува во нова врска, што има да се раскажува и прикажува за старата врска од средно? да го направи љубоморен, има нешто на совест? дали бившиот и сегашниот се познаници? или комшии или пријатели, па сегашниот го знаел тоа уште пред таа да се исповеда „за да нема проблем“ да не дознае од други? што да дознае од други? дали оправданоста на новиот дечко за вакво однесување е поради изгубена доверба што членката не ја кажува, па се плаши за секој нејзин поглед кон бившиот дека ќе ја загуби, оти ја сака многу? и што има во нивна близина да биде бившиот, па макар и во дискотека?
... еве јас би ја прашала зошто раскинала со бившиот дечко и колку време идела со него и дали имала уште некој пред него?
Нормално, секоја приказна си има две страни. Страната на дечко ми е дека јас цело време сум гледала во бившиот и сум се замарала уште за него. Тој е уверен во тоа, ме видел дека сум го гледала и готово нема простор за објаснувања според него. Значи, ако беше така јас немаше да бидам со него, а посебно не толку долго време.
Јас спомнав во претходните мислења дека тој се интересираше за моето минато и јас наивно му кажав. Не знаев дека бетар ќе биде ако знае. Нити се познаници, нити комшии. Јас само сакав да бидам искрена.
Значи јас немам ни контакт со бившиов, ниту е во некоја наша близина. Едноставно се погоди да бидиме излезени во истото место и одма проблем.
Ниеднаш не сум дала повод за тој да нема доверба кај мене, нити сум го изневерила во било каков поглед.
Не бев ни година со бившиов, така што не може ни малку да се мери со овие скоро 5 години.
Јас на почетокот се замарав со тоа тој каде гледа и зошто, како некоја 15 годишна, тој секогаш ми велеше ‘излезени сме, не можам да гледам во земја, нормално ќе се вртам лево-десно, не сум статуа’ и ОК јас можев тоа да го прифатам што е и сосема нормално, а тој за мене не може да прифати.
Мислам срам ми е веќе и да ја објаснувам случкава од што е детска. Како да бев претходно со некој цар, па да се опседнува за него.
 
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Пишувајќи тука бараш само изговор за шут картата што ќе му ја дадеш во иднина, без разлика дали си или не си свесна за тоа.
Во следната врска гледај од почеток да разговарате како возрасни за „проблемите“ кои ве мачат и двајцата како партнери, бидејќи ако детски се пристапи на работите и се туркаат по черга... ете вака после X години излегува од играчка плачка.
Штета што ќе поебите 5 годишна врска за глупости, али јбг.... живот иде даље.
Сепак, обидете се да разговарате, без непотребна драма и вреѓање... ако во тоа не успеете бидете здрави и живи и секој по свој пат.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Никој не поебувa 5 години врскa зa вaквa глупост, тaкa дa не е до тоa. Кaкви совети дaвaте, ќе јa опрaите рaботaтa сигурно. Уште пa зaшто морaлa дa му кaже зa бивш, у врскa толку години нормaлно е дa се комуницирa зa тоa. Човекот нaјверојaтно му е скурчено и гледa колку ниско може дa се симнеш зa дa трчaш по него место дa ти рaскине, нит прв ни последен што го прaи тоa.
 
Член од
10 август 2013
Мислења
541
Поени од реакции
928
Па тоа е проблемот, Маја. Ако е оладен и ако не сака да е со мене, нека ми ги каже причините и нека ми раскине, а не упорно мене да ме окривува за ситуации кои не постојат за него да му биде полесно. Не знам и како очекува дека јас ќе го молам, кога не знае што зборува во нервоза.
Јас не го барам, па што ќе е нека е. Ако не може да сфати дека психички ме малтретира и низ нос ми го вади некој што за мене не постои веќе, нека си најде девојка без никакво минато и нека си го живее животот со неа.
Седнете и кажи му го сето ова што навистина го мислиш и ни го кажуваш на нас, кога он ти употребува секакви зборови искажи се и ти тогаш што имаш на душа.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Ниеднаш не сум дала повод за тој да нема доверба кај мене, нити сум го изневерила во било каков поглед.
Не бев ни година со бившиов, така што не може ни малку да се мери со овие скоро 5 години.
Мене нешто друго не ми е јасно: искачате на исти места? Па сменете место на искачање, не мора да одите на исти места. Објасни му дека ти е напорно постојано да го убедуваш дека тоа е завршена приказна, дека не сакаш да трошиш енергија и дека не ни сакаш да одиш на места кај што тој оди.
Ако проблемот е само во неговото постоење тоа лесно се решава. Проблемот е поголем ако има љубоморни испади и за други ликови...тогаш веќе сечи во корен дека тоа тешко (да не речам никако) се решава.
 
Член од
17 ноември 2019
Мислења
59
Поени од реакции
38
Na temava bivsiot,segasniot....ljubomora nepotrebna e odraz na slabost,nesamouverenost,slaba samodoverba.Posle tolku godini seuste da e tema na muabet bivsiot a ne idnite....Sto mu e garancija deka nema da se pojavi iden koj ke gi izmesa loncinjata.Sto da pravis?Iskreno jas takov ne bi go trpela od prosta pricina sto idninata mi e neizvesna vo pogled na mir ,doverba,tolerancija koja e potrebna za uspesen brak.
 
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Имав дечко со кого одев 5 години, кој го идеалиризав дека имаме супер врска, кој го величев и мислев дека тој е еден и единствен на светот, но и поради кој си набив многу комплекси ( нонстоп ми наоѓаше маани, се чувствував многу глупава покрај него како он се знае јас ништо, коментари во врска со изгледот облеката ништо не му се свиѓаше што ќе купам или која и промена да ја направев, ми наоѓаше маани, никакво внимание не добивав од него, ниту гушкање ниту бакнување, ако го бакнев јас ок, ако му речам да излезиме во ред, ако не не, за секс да не зборувам еднаш на неколку месеци - имав и претходно пишано за првиот роденден му купив часовник кој не сакаше да го носи бидејќи не бил марка - неговиот вредел над 100евра итн јас си набивав комплекси постојано ).
Сум имала многу додворувачи меѓутоа никогаш не сум помислила ни да го изневерам бидејќи мислев дека сум во среќна врска,тој наводно сакаше брак со мене почнаа да реновираат. АМА во меѓувреме ненамерно запознав друг , поради работата мораше често да бидам во контакт со типот, секој вторден го гледав, почна да ми обрнува внимание кое некако ми годеше, многу се трудеше околу мене иако знаеше дека имам дечко...
Почна да ми станува сеедно дали сум го видела дечкото или не, не се интересирав што прави итн...а тој онака ладен ќе си пишиме по 2, 3 збора на фб и тоа е се.
И филмот ми пукна еден ден, решив дека ова нашево не е врска и му раскинав. Тој онака ладно ми рече ок како сакаш. По извесно време почна да ме моли,да ми доаѓа дома,да плаче, ми кажува дека ме сака и како ќе се смени и дека секојден ќе ни биде прекрасен.
Што мислите вие дали требаше да му дадам друга шанса?
Дали некој што толку години не покажувал љубов и внимание наеднаш може да се смени ?
Јас лично не верувам, меѓутоа почна да се заканува дека ќе се самоубие.
Навистина чувствувам голема вина , не можам да спијам ноќе, се плашам да не се случи нешто.
Во меѓувреме почнав да се гледам со типот од работа (неколку месеци веќе) и ова нешто што го имам со него (внимание, љубов, секс) никогаш сум го немала со претходниот дечко...
Ве молам за совет како би постапиле вие на мое место?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.886
Поени од реакции
14.377
Јас лично не верувам, меѓутоа почна да се заканува дека ќе се самоубие
Тој шо сака да се самоубија не се заканува и не прај шоу од тоа, него едноставно се самоубива.
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
1.010
Поени од реакции
865

Бившиот те третирал како стока, а сегашниов е со тебе само за да си задоволи сексуален нагон. За некој месец ќе му здосадиш и ќе ти удри клоците.
 
Член од
3 август 2019
Мислења
91
Поени од реакции
110
Бившиот те третирал како стока, а сегашниов е со тебе само за да си задоволи сексуален нагон. За некој месец ќе му здосадиш и ќе ти удри клоците.
Abe aj ne go plasi devojceto, bitno e da i e ubavo vo vrskata sega a sto ke se sluci utre i ne e bitno. Neka uziva duri i e ubavo posto ne mozeme da i ja predvidime idninata i moze samo da nagagjame.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Дали некој што толку години не покажувал љубов и внимание наеднаш може да се смени ?
Јас лично не верувам, меѓутоа почна да се заканува дека ќе се самоубие.
Навистина чувствувам голема вина , не можам да спијам ноќе, се плашам да не се случи нешто.
Во меѓувреме почнав да се гледам со типот од работа (неколку месеци веќе) и ова нешто што го имам со него (внимание, љубов, секс) никогаш сум го немала со претходниот дечко...
Ве молам за совет како би постапиле вие на мое место?
Досега си му дала многу шанси и ниту една не искористил. Животот е премногу драгоцен за да го трошиш на некој кој не ти дава убавини и радост. И самата кажа дека веќе немаш чувства кон него, зошто би му дала уште една шанса? Од сожалување?
Продолжи со твојот нов живот, можеби ќе трае новата врска, можеби не. Ама барем сега знаеш дека животот е твој и ти си таа што бираш како сакаш да го живееш.
Уживај во сето внимание што си го пропуштила 5 години и нема место за било каква грижа на совест.
Доколку пак ти звони, објасни му дека твоите чувства кон него се потрошени и дека за двајцата е подобро да останете разделени.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Бившиот те третирал како стока, а сегашниов е со тебе само за да си задоволи сексуален нагон. За некој месец ќе му здосадиш и ќе ти удри клоците.
Како го процени бе брату хаха :D

Шо се однесува на проблемот терај си со новиот, не се масирај со стариот (макар шо по кажувањево и емпатијата мислам дека ќе се пецните уште неколку пати, онака проштално). И без очекувања за некакви идни планови, живеј си го мигот.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Имав дечко со кого одев 5 години, кој го идеалиризав дека имаме супер врска, кој го величев и мислев дека тој е еден и единствен на светот, но и поради кој си набив многу комплекси ( нонстоп ми наоѓаше маани, се чувствував многу глупава покрај него како он се знае јас ништо, коментари во врска со изгледот облеката ништо не му се свиѓаше што ќе купам или која и промена да ја направев, ми наоѓаше маани, никакво внимание не добивав од него, ниту гушкање ниту бакнување, ако го бакнев јас ок, ако му речам да излезиме во ред, ако не не, за секс да не зборувам еднаш на неколку месеци - имав и претходно пишано за првиот роденден му купив часовник кој не сакаше да го носи бидејќи не бил марка - неговиот вредел над 100евра итн јас си набивав комплекси постојано ).
Сум имала многу додворувачи меѓутоа никогаш не сум помислила ни да го изневерам бидејќи мислев дека сум во среќна врска,тој наводно сакаше брак со мене почнаа да реновираат. АМА во меѓувреме ненамерно запознав друг , поради работата мораше често да бидам во контакт со типот, секој вторден го гледав, почна да ми обрнува внимание кое некако ми годеше, многу се трудеше околу мене иако знаеше дека имам дечко...
Почна да ми станува сеедно дали сум го видела дечкото или не, не се интересирав што прави итн...а тој онака ладен ќе си пишиме по 2, 3 збора на фб и тоа е се.
И филмот ми пукна еден ден, решив дека ова нашево не е врска и му раскинав. Тој онака ладно ми рече ок како сакаш. По извесно време почна да ме моли,да ми доаѓа дома,да плаче, ми кажува дека ме сака и како ќе се смени и дека секојден ќе ни биде прекрасен.
Што мислите вие дали требаше да му дадам друга шанса?
Дали некој што толку години не покажувал љубов и внимание наеднаш може да се смени ?
Јас лично не верувам, меѓутоа почна да се заканува дека ќе се самоубие.
Навистина чувствувам голема вина , не можам да спијам ноќе, се плашам да не се случи нешто.
Во меѓувреме почнав да се гледам со типот од работа (неколку месеци веќе) и ова нешто што го имам со него (внимание, љубов, секс) никогаш сум го немала со претходниот дечко...
Ве молам за совет како би постапиле вие на мое место?
Секс еднаш на неколку месеци?
Толку живот да нема во еден човек....не ми се верува. И тебе ти го уништувал животот.....тури му пепел, не се замарај. Што ќе му правиш, имаш добра душа ама имаш и твој живот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom