ЈСП - случки, прашања, дискусии

Член од
28 март 2006
Мислења
17.725
Поени од реакции
12.156
Хм, а ти кога ќе остариш? Секого тоа го чека (дајбоже)...питање је дали чемо ми бити другачији од оних које сад мрзимо због њихове старости...а пре тога су били кршни момци и девојке и мислили -о боже, нечу ја ваљда бити као ови матори :)
 
С

сашенко

Гостин
Ме нервира кога треба да лупам у врата ко ненормален за да ми отвори а шоферот си прави муабет напред со некој и се прави дека не гледа дена некој има за симнување....

Еднаш се накурчив ептен у 63 јас брзам дома да стигнам треба да се спремам да искачам накај град (втора смена од школо и ми кидна плус автобус пред тоа) и се нервирам овој ептен споро возеше и на крај уште застана и пред месара типот си купува кебапчиња :nerv::nerv::nerv::nerv::nerv: му удриа ненормално пцуење од автобусот ама типот qr го боли......имам многу случки од јсп се мислам и некој ден ке ме накурчат и ке земам и на 2-3 листа хартија ке изнапишам се што ми се има случено и ке ја пратам до раководството на ЈСП.....ина4е ке пукна,...
 

Annath

Полуактивен член.
Член од
11 јуни 2010
Мислења
338
Поени од реакции
42
Хм, а ти кога ќе остариш? Секого тоа го чека (дајбоже)...питање је дали чемо ми бити другачији од оних које сад мрзимо због њихове старости...а пре тога су били кршни момци и девојке и мислили -о боже, нечу ја ваљда бити као ови матори :)
Абе добро, не викам дека нема и такви, изморени. Ги сфаќам, и јас ќе бидам на тие години. Но работата ми беше, комшиката моја, ништо не работи, само лежи и плете, и седи по парковите, ништо друго не прави, ама апсолутно ништо. Цел ден, лежи, спие, седи, јаде, ниту ја тераат да работи ниту самата сака. И сега женава, те гледа дека си трчал по автобус и плус мртов уморен, и ти виси на глава, да станеш постарите треба да седат и тоа на твоето седиште, покрај тоа што има 5 слободни. А јас не ли сум изморена?? Цел ден на нозе, трчај ваму, трчај таму?
Ех, од тие се нервирам, трач женки, така ги нарекувам.
Еве понова случка со, дотичната госпоѓа, имаше повеќе слободни седишта, ама таа, ѓавол жена, мора да ги стане сите млади на нозе, да стојат. И сите по ред не стана, на клоци како што би се рекло. А можеше љубезно да праша. Не со навреди. И од тогаш се немам качено во автобус.
Инаку, секогаш сум станувала на постари лица кои се изнемоштени. Само што тие како оваа, дотичнава госпоѓа, го злоупотребуваат. :toe:
 
Член од
23 август 2008
Мислења
1.755
Поени од реакции
264
Ќе се пикнат 20 души после школо и се смеат ко ретардирани пискаат се дерат.
ДА да да..леле колку се пронаоѓам еееј! Дека 4 години една иста група на ученици од Аеродром и Лисиче се возевме во еден ист автобус и се осеќавме као дома у него, во втора смена после 7ми час што праевмее ЛЕЛЕ! Полн автобус луѓе ние ништо не приметуваме као сами да сме :pos2: Лудилото почнуваше уште на автобуска :icon_lol: Мислам дека најмногу се имам смеено во животов по автобуси! Али не беше секој ден така, тоа ни се случуваше по еднаш на два месеца, а сега што ги гледам децава без престан дивеат.
 
Член од
7 април 2007
Мислења
91
Поени од реакции
0
Најгадно искуство во ЈСП.
1.Ни дадоа бесплатни слободни карти од школо и немав друга слика да дадам освен таа од основно ,значи стануе збор за 3 години размак, на сликата со долга коса,детска фаца....се качувам во 5ка и влегуваат контролори, нафурани пошто мината ноќ жените не им дале и ми доаѓа едниот ми вика карта? му ја покажувам слободната ја гледа и ми вика НЕ СИ ТИ ОВА! ЗА вАКОВ ФАЛСИФИКАТ У ЗАТВОР СЕ ЛЕЖИ ме срами пред цел автобус, ајде со мене и ме тегне ко задно ѓубре и нормално отпор покажувам,едниов се осуди шамар да ми мавне за среќа моја една баба им стана,кога им се сипа....па доброволно си излегов од автобусот.
2. се возам накај Радишани со 57ца и влага еден после рекорд станицата со цигара и вика СЕГА НЕКА ДОЈДЕ ГРУЕВСКИ НЕКА МЕ КАЗНИ се дере и возачов на смирен тон му објаснува: ве молам господине изгаснете ја цигарата и влезете или излезете ,за среќа излезе човеков,
-исто имало многу ситуации кога натаблани или нашмрцани типци влагале у автобус и за момент помислиле дека се на тренинг за Паркур ,скакаат од седиште на седиште , од шипка на шипка....свашта...гаден е превозов, ама тоа е кога нема друго...
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
893
Целиот превоз е катастрофа во Скопје. Какви автобуси таков народ што се вози.

Некни на 45 степени во новите 23-ки, кои успат се опремени со клима, климата беше исклучена и прозорите што се на кровот беа отворени. Сите туфкаат, потат, немора да опишувам за атмосферата што ја прават сељачаната кога ќе влезе со мирис на ќебапи/пиво/цигари/пот. Еден од истоимените (метро и желба за растење) почна да се пентери ко мајмун во автобусот да ги затвори прозорите. Па вика „Кој ги отвори?...Ќе се здрвиме!“.

За среќа скоро со моите 2 метра лесен ми е потфатот да ги отворам пак. Успат мора да се расправаш со моронот ама нема гајле...it was for a higher cause :D
 

Voice of Jericho

Twisted Firestarter
Член од
13 септември 2008
Мислења
301
Поени од реакции
137
Највеќе од се што ме нервира во автобусиве се жеништана од 40 до 60 години. Значи ако мислат дека се постари од мене, мислат и воедно дека со мене треба да се понашаат како сакаат. Јас и да стојам во автобус, ќе дојде некоја и ќе почне со неподнослив тон да се дере "Дечко тргни се, не гледаш дека поминувам?!". Стварно, нема место да се диши во автобусот, треба и црвен тепих да и постелам на кралицата. Или поголем хејт е кога седам и ќе почне за инат над глава да збори "Ееее младиве денес такви се... За никаде... Не стануваат кога ќе дојде некој стар човек." :nerv:
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
да прашам само.. кога треба тоа новите автобуси да стигнат бе??? уште кршовиве ги глеам натака навака едвај се тркалаат.. до кај е тоа со новите автобуси? ке ги дочекаме или слабо?
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Целиот превоз е катастрофа во Скопје. Какви автобуси таков народ што се вози.

Некни на 45 степени во новите 23-ки, кои успат се опремени со клима, климата беше исклучена и прозорите што се на кровот беа отворени. Сите туфкаат, потат, немора да опишувам за атмосферата што ја прават сељачаната кога ќе влезе со мирис на ќебапи/пиво/цигари/пот. Еден од истоимените (метро и желба за растење) почна да се пентери ко мајмун во автобусот да ги затвори прозорите. Па вика „Кој ги отвори?...Ќе се здрвиме!“.

За среќа скоро со моите 2 метра лесен ми е потфатот да ги отворам пак. Успат мора да се расправаш со моронот ама нема гајле...it was for a higher cause :D
Еднаш прислушкував разговор на возач на еден од новите автобуси и едно чиче и возачов кажа дека немале клима, само вентилација...
 

Freedom2say

only the sky is the limit
Член од
23 август 2010
Мислења
196
Поени од реакции
229
Мене ме нервира што не можам да најдам 500 денари под седиште:smir:

Инаку автобусиве...сексуални перверзии. Се држат за шипка, се вртат околу неа, наредени еден врз друг...дишат у врат и не знаеш на чиј задник си се залепил и кој тебе ти се задишал отпозади...у врат :vozbud:
Индија
100% се согласувам. Мене ме нервира што не можам да најдам кислород! Но најтрауматично го доживувам возењето кога треба да стојам до некој „батка“ во маичка, кој се држи за шипката горе, а под мишките има мерино овца на која се нафатиле жолта мов :lut::nerv:

Откако имав во животот работа со јавниот (и приватниот) превоз во Ск, му наредив на мажот ми секогаш да си ги бричи пазувите!
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.053
Поени од реакции
84.885
Кога сите те буљаат кога ќе влезеш:uvo:
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.405
Поени од реакции
7.681
Новите автобуси треба да поминат на хомологација првин па потоа ќе бидат пуштени на линиите 3, 5, 15 и уште неколку цивилизирани линии. Целиот процес треба да биде завршен до почетокот на ноември.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
Немаат клима новиве автобуси зошто биле донесени од Австрија колку што знам а таму нема потреба од клима :icon_lol:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom