Влезниците за концертот на Џоле на 30 октомври 2015, ќе бидат пуштени во продажба наредниот понеделник, 18 мај 2015 на веб сајтот
Купи Карти За Се.
Еве зошто не го бендисувам многу СРЦ Борис Трајковски за вакви концерти - трибините се премногу оддалечени од бината. Ќе треба веќе од понеделник да се бркаат поскапите билети бидејќи експресно ќе бидат продадени како алва.
Влезниците за Балашевиќ во продажба од понеделник !!!
Почитувани,
Сакаме да Ве информираме дека се познати сите детали околу влезниците за миленикот на македонската публика Ѓорѓе Балашевиќ кој во склоп на својата турнеја „Кад тамбурама мангупи препрече пут ...“ ќе го посети и Скопје со голем концерт на 30ти Октомври во арената Борис Трајковски.
Како и за секој светски концерт што го работи Авалон Продукција така и за овој несекојденевен настап на Балашевиќ, влезниците ќе бидат пуштени во продажба скоро шест месеци пред концертот - 18ти Мај (понеделник) преку продажната мрежа на
www.kupikartizase.com со следниве цени и категории:
ПАРТЕР (СЕДЕЊЕ) – 900,оо денари;
ТРИБИНА (СЕДЕЊЕ) 700/900,oo денари;
GOLDEN SEATS (СЕДЕЊЕ) – 1200,oo денари;
Како што претходно Ве информиравме, Балашевиќ овој пат во Скопје доаѓа со својот нов програм концептуално наречен “Кад Тамбурама мангупи препрече пут” кој наиде на огромно воодушевување секаде каде што Ѓоле, бендот и тамбурашите го представија во изминатива година и пол. Задоволството да уживаат досега го имаа во Загреб каде 5 пати ја распродаде салата „Ватрослав Лисински“, Сараево – сала „Зетра“ со 20000 посетители, Осијек - 10000 посетители ...
Ваша,
Авалон Продукција