Дека не бев на концерат
, у ниедно време со ракивче и Џогани, морам да чекам туЏи импресии за концертот. Ете фб статусов (нечиј) ќе го споделам.
"Се сеќаваш ли драга на онаа вечер
кога во Џез ин во Охрид
случајно го пуштија Џорџе Балашевиќ
по грешка
и сите удавени од лошиот џез на
некој Африканец што маваше по
плехови
шишиња
и фрижидери
нагло се размрдаа на Девојка со чардак ногама
и сите охридски чардаци
во околина
заиграа ко чардаши на
виолините од Војводина
Тоа исто лето
спремав испит по кривично право
кај Џорџе Марјановиќ
и некој есеј кај Џорџе Иванов
И баш кај Џорџе Марјановиќ
таа сесија
ми падна
тоа кривично прашање опеано
во онаа песна на Џорџе кога му кршат
багреми заради општ и јавен интерес
а пак тој се повикува на уставно загарантираната
категорија на сопственост
со посебен акцент на начелото на правичност
Но, кога
веќе нема да се разбере со
органите на прогонот
не со извршителите бидејќи тогаш
таа законска категорија
не постоеше
ќе го процесуираат пред суд
по претходно мислење на
јавно обвинителство и истражен судија
како доминиум во иницијално креирање
на пријавата и енумеративната
консолидација на докази
Кафканијански ќе го судат јадниот иако
од денешен аспект сфаќаш дека имал
среќа што багреми, а не нозе му кршеле
а пак тој упорно се повикува
на начело на правичност
иако и тогаш како и денес постапките на
ова јуристичко/балканско тло/сем Бугарија
не се либерални базирани на спортска теорија
туку формалистички и крути како след
на австроунгарскиот систем
и континенталната школа
со примеси на француски либерални сегменти
што ете
прави и такви неправди како кон Џорџе
ама подобро таков отколку Шеријатски систем
пошто Џорџе пред Турци ако се бунел
за багреми
ќе завршел набиен на колец од багрем ко Карпош
денес е друго време
може Џорџе од тоа време пред
Европски суд за човекови права да тужи слободно
освен ако не го збичат и него во Хаг ради
багрејански мрч
Елем
не ќе ти велев тоа,
ќе ти велев дека
твојата убавина ја добив
заради моите зборови ко на Џорџе
и сега кога
ќе се здебелам
оќелавам
и остарам ко Џорџе
ќе те шармирам
пак со исти
доскочици
и стихови
ко Џорџе
македонска публика
со години
наназад"