Ѓорѓе Балашевиќ

Член од
24 април 2008
Мислења
10.941
Поени од реакции
12.340
Се согласувам со над 90% од спомнатото во наредната статија на Македонска Музичка Мрежа.

Џоле, како и секогаш, одржа концерт кој не беше ништо помалку од одличен.

Беа изведени 3-те нови песни на Џоле - Осмех се вратио у град, Берба '59, како и Љубав не побеѓује.

Но сепак се изненадив бидејќи концертот не започна со Ноч кад сам препливао Дунав или со Панонски Морнар, бидејќи вообичаено со една од овие 2 песни започнуваат концертите на Џоле.

Напротив, концертот започна со песната Рингишпил, со која можеби Џоле сакаше да му честита на градскиот татко на Скопје, Коце Трајановски, за тазе подарокот од град Скопје наречен вртелешка која неодамна го "краси" плоштадот Македонија.

Освен Ноч кад сам препливао Дунав и Панонски Морнар, ме изненади и тоа што Џоле не ги отпеа Дивљи бадем, Прича о Васи Ладачком, Живот је море, Недостаје ми наша љубав и Стих на асфалту.

А како капак на се, Џоле и бендот не се вратија за да отсвират по уште некоја песна откако ја напуштија бината, вообичаено Џоле ги претставува членовите на бендот по име и презиме кон крајот на концертот, по што сите се поклонуваат и ја напуштаат бината, односно заминуваат на 2 или 3 минутна пауза, по што се враќаат и изведуваат по уште 3 или 4 песни до крајот на концертот, но на вчерашниот концерт, петок, 19 април 2013, се случи преседан и на почетокот и на крајот на концертот, крајот беше означен како и вообичаено со песната Одлази циркус, но не беше онаков крај каков што е вообичаено на концертите на Џоле, а почетокот, како што веќе спомнав, не започна ниту со песната Ноч кад сам препливао Дунав, ниту со песната Панонски морнар.

На Плус Инфо е објавена статија во која пишува дека на концертот биле изведувани и Оливера и Прича о Васи Ладачком, што не е вистина и потврдува дека ја објавиле статијата чисто ради реда и без реални податоци.

Иако исто како и авторот на статијата на Македонска Музичка Мрежа, сум изненаден од распоредот на песните, се на се, верувам дека ова беа одлично потрошени 800 денари, иако билетите беа за на трибина, сепак успеав да се прошверцувам пред бината, за да уживам гледајќи го лично Џоле како ги изведува неговите хитови.

Џоле рече да не ја рушиме Универзална Сала без него, но тоа повеќе зависи од него отколку од нас, актуелната влада на Република Македонија планира да ја руши Универзална Сала до темел и од почеток да гради нова Универзална Сала, а од Џоле зависи дали ќе биде присутен пред или за време на рушењето на Универзална Сала или не.

Не се согласувам со спомнатото на крајот од статијата после Сет листата, причината поради која концертот започна подоцна од планираното не беше публиката која наводно доцнеше, туку обезбедувањето кое ја претресуваше публиката при влегување за да видат дали некој носи сок, поглупаво објаснување, здравје. Поради ваквиот претрес публиката влезе во салата пред 21:10 часот, а не пред 21:00 часот, но сепак вината јас лично ја префрлувам врз обезбедувањето, а не врз публиката. Има барем 3 (ТРИ) различни влезови низ кои обезбедувањето можеше да го врши не толку потребното претресување и публиката многу побрзо ќе влезеше во салата, но наместо ова, обезбедувањето вршеше претрес низ само 1 (ЕДЕН) влез, низ кој поминаа не стотици, туку илјадници посетители, а ваквата постапка е чиста неодговорност од страна на обезбедувањето, а не од страна на публиката.

http://mmm.com.mk/vesti/domasni/1220-balasaevic-vo-skopje

Балашевиќ во Скопје: Човек со солзи во очите...

Сабота, 20 Април 2013 08:36



Најпрвин да се разбереме – Ѓорѓе Балашевиќ, ни во локални, балкански рамки, ниту, пак, глобално, едноставно не може да има лош концерт. Големо сценско искуство, или како што тој самиот вели - стара слава, во комбинација со песните со вечен сјај, се уште предизвикуваат силни емоции, кога и тој да се појави на сцена. Така беше и овој пат, на скопскиот концерт во Спортскиот центар Борис Трајковски (19-ти април 2013).

Многубројната публика која од цела Македонија повторно, како и пред две години, дојде да го слушне Панонскиот морнар, која плачеше, танцуваше и пееше, дома отиде среќна и задоволна. Па, зарем концерт кој трае повеќе од три часа, и на кој се отпеани 35 песни, може да биде оценет со оценка помала од највисоката?! Може, доколку очекувањата беа високи, сходно на делата кои Ѓоле ги остави зад себе! Од тој аспект неговата последна средба со македонската публика беше крајно рутинирана, без јасен концепт и сценарио. Без очекуваниот максимум.

Секако, тоа мислење нема да го споделат оние кои во живо го гледаа прв или втор пат, или луѓето кои за неговите митски концерти слушнаа од приказните. Некој кој присуствуваше на неговите 10-15 концерти - од Будва, преку Белград, до Скопје - нормално е да очекува многу повеќе...

Веројатно воден од мислењата дека што и да понуди, лесно ќе помине кај фановите, Балашевиќ, придружуван од Панонска морнарица, овој пат беше спонтан до крајни граници, па песните кои ги пееше, се редеа без никаков логичен ред. Уште од воведната приказна на македонски, на која се надоврза Рингишпил, кој дефинитивно не е песна за стартување на концерт, имав чувство дека го имам Балашевиќ на shuffle, а дека песните одат random, без некое посебно правило. Во најголема мерка и без воведни интересни приказни и досетки на авторот. Се што кажа меѓу песните главно беше слушнато на некој претходен концерт, ТВ-шоу или беше кажано во интервју. Значи, ни останаа само песните...

Концертот насловен Осмех се вратио у град, имаше за цел да промовира неколку (три!) нови песни (Берба 59, Љубав не побеѓује и Осмех се вратио у град), настанати лани, и секако, да ги расположи луѓето од чии лица одамна заминала насмевката. И тоа е ОК, но изборот на песните - од чардаши до балади, преку теми карактеристични единствено за Ѓоле, како да беше несоодветен. Ја лузер? и Криви смо ми (Путуј Европо), создадени во 90-тите, во време на најтешките санкции во Србија, се песни на кои сигурно не им беше место на овој концерт, бидејќи се наменски, дневно - политички теми.

Што поинаку да се мисли за песна во која се зборува за плата од шест марки, или за тема во која се глорификува Европ(ск)а (унија), која по она што се случува во Грција, на Кипар..., како да пука по сите шавови?! Зошто, по таа логика, тогаш, не ја отпеа култната Само да рата не буде (напишана во времето на Заливската војна во 80-тите, како црно претчувство за крвавите војни на Балканот), како опомена за некои евентуални идни војни, токму сега кога Северна Кореја се перчи со својот нуклеарен потенцијал...?!

За разлика од некои поранешни концерти, овој пат пријатно изненадија Божа звани Пуб, Предлог, Неверник, За треќу смену, Не ломите ми багрење... Особено последно споменатата, напишана уште во осумдесеттите години на минатиот век, на тема Косово...

Сега ме прашуваат што мислам за Косово, а јас за тоа пеев уште во 1986-та година... – раскажа Ѓоле пред да запее. Всушност, ова беше еден од катарзичните моменти на концертот, во кој публика како да се најде во песната. Со се разуларениот саксофон на Габор Бунфорд. Како да се случи некакво си препознавање, слично како кога мечката ќе заигра во дворот на комшијата...

Од друга страна, непријатно изненади што Не волим јануар, Бездан, Једном су садили липу, Оливера, Прича о Васи Ладачком..., не беа во сет листата. Иако во меѓувреме станаа trade mark на Балашевиќ.

Секако, и овој концерт не можеше да помине без антологиските: Лепа протина кќи, Неки нови клинци, Свирајте ми Јесен стиже дуњо моја, Словенска, Чалетова песма, Д-мол..., и секако Одлази циркус, оставена за крај, после која немаше бис... Во ...Дуњо моја, кога публиката го отпеа поголемиот дел од текстот, забележав солзи во очите на маестрото...

Да не ме разберете погрешно - Ѓорѓе Балашевиќ во никакви рамки не може да има лош концерт. Но, човекот од кого секогаш имавме емотивен максимум, овој пат како да потфрли. Нешто слично како, кога од врвен уметник очекувате говор, како за Нобелова награда, а тој возвраќа со популизам за широки народни маси.
А могло је боље...

Иван Беќковиќ

Сет листа:
Рингишпил

Ја лузер?

Осмех се вратио у град

Боже, Боже

Чалетова песма

Опрости ми, Катрин

Божа звани Пуб

Предлог

Неки нови клинци

Лепа протина кќи

Људмила (Ноќ кад је Тиса надошла)

Лаѓарска серената

Галициа

Берба 59

Отилиа (Лаконога)

Девојка са чардаш ногама

Слабо диваним маџарски

Анита (Дал се бар понекад сетим...)

Д-мол

Љубав не побеѓује

Анѓела (Моја је драга вештица)

Још једна песма о малој гаравој

Љерка (Корзо је имао свој ред...)

Неверник

За треќу смену

Криви смо ми (Путуј Европо)

Не ломите ми багрење

Свирај те ми Јесен стиже дуњо моја...

Провинцијалка

Ацо-брацо

Син јединац

Намќор (Не волем...)

Словенска

Портрет мог живота

Одлази циркус

***

(Како и пред две години на исто место, и овој концерт на Балашевиќ во Скопје го организираше Авалон продукција. На време отворените порти на спортскиот центар овозможија брз влез во салата. Единствено што домашната публика се уште не е на тоа ниво за да сфати дека на концерт се доаѓа барем 15-20 минути порано. Заради нив, место во 21 часот, Ѓоле стартуваше неколку минутки по 21.30...)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.941
Поени од реакции
12.340
Среќен му роденден на едниот и единствениот,
Ѓорѓе Балашевиќ, кантавторот од Нови Сад и од
неодамна новопечен дедо, кој на денешен ден,
11 мај 2013, ги полни 60 години.

Да си жив и здрав Џоле, ти благодарам бидејќи постоиш,
и уште многу генерации на некои нови клинци да израснат со тебе
и во наредните 60 години.

 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.941
Поени од реакции
12.340
Гостувањето на Џоле и неговата сопруга Оливера "Оља" Балашевиќ во емисијата на Иван Иванович.

 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.941
Поени од реакции
12.340
Клипчево треба да се изгледа од почеток до крај бидејќи несомнено е македонско производство.

:pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Иначе ја да се пофалам дека му бев на концертот на Калемегдан во Белград, совршени 4 и кусур саати... Мислам дека тоа беше најдобрата причина за болката во кичма и отечените нозе од стоење толку време. Плус врнеше. Два пати. Комбинацијата Балашевиќ плус концерт на отворено додеа паѓа дожд е совршена, само да ви кажам.:love:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.941
Поени од реакции
12.340
Иначе ја да се пофалам дека му бев на концертот на Калемегдан во Белград, совршени 4 и кусур саати... Мислам дека тоа беше најдобрата причина за болката во кичма и отечените нозе од стоење толку време. Плус врнеше. Два пати. Комбинацијата Балашевиќ плус концерт на отворено додеа паѓа дожд е совршена, само да ви кажам.:love:
Мило ми е за тебе, ти посакувам да ти се повтори тоа искуство, а и на сите кои не сме поминале низ таквото искуство да дочекаме и ние да поминеме низ таква совршена комбинација, со исклучок на болката во кичмата. :D
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Мило ми е за тебе, ти посакувам да ти се повтори тоа искуство, а и на сите кои не сме поминале низ таквото искуство да дочекаме и ние да поминеме низ таква совршена комбинација, со исклучок на болката во кичмата. :D
Хахаха, можда вашата кичма е поиздржлива од мојата после 4 и кусур саати стоење, ама дефинитивно посакувам сите да го доживеат тоа чувство...:D беше совршено... и на неколку пати ги спомна Скопје и Македонија во најпозитивен контекст...(y)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Дека не бев на концерат:( , у ниедно време со ракивче и Џогани, морам да чекам туЏи импресии за концертот. Ете фб статусов (нечиј) ќе го споделам.

"Се сеќаваш ли драга на онаа вечер
кога во Џез ин во Охрид
случајно го пуштија Џорџе Балашевиќ
по грешка
и сите удавени од лошиот џез на
некој Африканец што маваше по
плехови
шишиња
и фрижидери
нагло се размрдаа на Девојка со чардак ногама
и сите охридски чардаци
во околина
заиграа ко чардаши на
виолините од Војводина
Тоа исто лето
спремав испит по кривично право
кај Џорџе Марјановиќ
и некој есеј кај Џорџе Иванов
И баш кај Џорџе Марјановиќ
таа сесија
ми падна
тоа кривично прашање опеано
во онаа песна на Џорџе кога му кршат
багреми заради општ и јавен интерес
а пак тој се повикува на уставно загарантираната
категорија на сопственост
со посебен акцент на начелото на правичност
Но, кога
веќе нема да се разбере со
органите на прогонот
не со извршителите бидејќи тогаш
таа законска категорија
не постоеше
ќе го процесуираат пред суд
по претходно мислење на
јавно обвинителство и истражен судија
како доминиум во иницијално креирање
на пријавата и енумеративната
консолидација на докази
Кафканијански ќе го судат јадниот иако
од денешен аспект сфаќаш дека имал
среќа што багреми, а не нозе му кршеле
а пак тој упорно се повикува
на начело на правичност
иако и тогаш како и денес постапките на
ова јуристичко/балканско тло/сем Бугарија
не се либерални базирани на спортска теорија
туку формалистички и крути како след
на австроунгарскиот систем
и континенталната школа
со примеси на француски либерални сегменти
што ете
прави и такви неправди како кон Џорџе
ама подобро таков отколку Шеријатски систем
пошто Џорџе пред Турци ако се бунел
за багреми
ќе завршел набиен на колец од багрем ко Карпош
денес е друго време
може Џорџе од тоа време пред
Европски суд за човекови права да тужи слободно
освен ако не го збичат и него во Хаг ради
багрејански мрч
Елем
не ќе ти велев тоа,
ќе ти велев дека
твојата убавина ја добив
заради моите зборови ко на Џорџе
и сега кога
ќе се здебелам
оќелавам
и остарам ко Џорџе
ќе те шармирам
пак со исти
доскочици
и стихови
ко Џорџе
македонска публика
со години
наназад"

Прегледај го приврзокот 62433
И постов нема лајк, ееееј... за кого се мачиш, Форест, Форест Гамп! :rolleyes:
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.297
Поени од реакции
3.669
Некој да дај точен англиски превод на ова ако може ? :)

Samo da ti kažem, mišu moj pospani…
Kad poželiš nekom, nešto lepo reci,
ne čekaj sutra.
Jer mnogi su tako zakasnili…
I zato te budim....
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Некој да дај точен англиски превод на ова ако може ? :)

Samo da ti kažem, mišu moj pospani…
Kad poželiš nekom, nešto lepo reci,
ne čekaj sutra.
Jer mnogi su tako zakasnili…
I zato te budim....
Само да ти кажам, мој глушец поспан
кога сакаш некого, нешто убаво да се каже
не чекај до утре.
Затоа што многумина имаат закаснето
затоа јас те будам
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.297
Поени од реакции
3.669
Само да ти кажам, мој глушец поспан
кога сакаш некого, нешто убаво да се каже
не чекај до утре.
Затоа што многумина имаат закаснето
затоа јас те будам
хаха се заебаваш ? :D на англиски друже, не на македонски :D
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.941
Поени од реакции
12.340
Среќен му роденден на Панонскиот морнар, Стариот момак, генијалниот кантавтор,
легендарниот, незаменливиот и единствениот
Ѓорѓе Балашевиќ
нека му се множат годините и да дочека уште најмалку 61 роденден да прослави.

Среќен роденден Џоле

 

Kajgana Shop

На врв Bottom