Онака неам ништо против некој да биде контра моето мислење, или контра нешто што го признава општеството. Топ, дај нешто ново да чуеме.
Фората е што ако притоа таа личност се дрзнува да вели "според мене (x) не е така", a (x) е нешто што било докажувано во текот на години, со многу студии од луѓе кои уствари сакале да ја дознаат вистината. На овие луѓе без разлика колку линкови ќе им пратиш, едноставно џабе е, зошто мислат дека тие се боговите кои треба да одлучуваат.
Многу повеќе почитувам ако некој ми рече дека не го интересира некоја тематика или дека не му е "специјалност", отколку да слушам како некој се дрзнува да побива општо познати научни факти само заради егоизам и параноја. Пошо тоа е некој вид на параноја, "цел свет е против нас, се` што е излезено во јавност е погрешно". Значи не ми смета ако некој решил да се лечи со пиперки. Проблемот е ако почне да кажува како според него, на пример, антибиотиците се срање.
Овој пост не е наменет за еден член што ми реплицираше по приватна порака, ама еве може и него да го убацам во постов : Вика
Za Sumamedot od 1000 mg ednokratno, moe mislenje e deka e najgolema glupost so moze da bide.
Па кој те прашува тебе кое е твоето мислење? Си има медицина базирана на докази, собирани од милиони пациенти во текот на минимум десетици години, и сеа ти се најде надлежен да кажеш дали е глупост или не е.
Епа тоа е, штета е што во ова време кога сите информации ни се на дланка, сеуште во земјава не` водат (во било која област) луѓе кои одлучиле само своето мислење да го земаат за свето.