Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Драга Кајгана,
Баш кога си помислив дека Македонската забавна музика отишла во неповрат, се појави песнава и ме предомисли.

http://www.youtube.com/watch?v=4bQ3T-sUab8&feature=youtube_gdata_player

Конечно нешто добро...... и во песна и во спот......., а сепак да е Македонска забавна музика:)
 

Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
912
Поени од реакции
2.557
Драга Кајгана, кажи ми шо ќе се прај во државава???????
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
К......
Денес ја видов Кате.Не сум ја видел десетина години.Беше многу вредно-послушно девојче и учеше. Заврши средно медицина,па вишата а потоа дипломира психологија.
-Како си што си,мажачка,деца,ова она,како со работата,каде си сега,и велам јас.
(иако овие денови разбрав дека се уште работи како „обична сестра“ на клиника.)
-Чичко Анчо јас сум ќерка на Перо не знаеш, ми вели таа.
.......................
и се е кажано,алал да и е,не треба ништо да се додаде, браво Кате, тоа го знам овде не успеваат ќерки НА ........
Перо го знам со години,стар комшија и другар,Перо е автолимар од каросерија и е веќе над 15 години под завод како технолошки вишок.
-------------------
(податоците,имињата и содржината се вистинити)
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.658
Точно пред четири години почна авантурата наречена pen spinning драга, кој би рекол дека толку време ќе се занимавам со таа работа дечурлаанска. За некого хоби, за некого љубов, за некого живот, за некого остеоропороза поради безброј пати наведнување за да се земе пенкалото од земја, за мене вајда ќе биде ова со долгово име, на стари години ќе се тресе нешто, дали прсти, дали кичма, we will see, битно интересно беше драга, забелешки летаа во средно ко ластовички поради чукањето со пенкало при правење на некој трик, метално е, метал и дрво даваат одличен звук кој што манифестира со забелешка од типот на "нарушува мир во училницата", ај да беше една само немаше да ја спомнам, ама не е една, али професори ко професори, не разбираат, кој ги врти, хехе сигурно некој ги врти ко ја шо ги вртам пенкалата, ај сеа ја да почнам за тоа да им праам забелешки, ма нечу.
Друго нешто што ми се случуваше во тие 4 години беше запознавањето на нови лица од цел свет, Јапонци, Кинези, Руси, Французи, Германци, Американци, Холанѓани па и уште некои што ги имаше во мал број, најинтересни ми беа драга Јапонците, маме ебаваа драга со тоа прстите, имаше една страна каде што сите уклучувавме камера и ги споделувавме ново научените трикови, баравме помош за како да совладаме нови трикови, како да си креираме mod кој што ќе ги задоволува нашите потреби, пред се одлично искуство, јаки беа тоа јапонците драга, имаше еден се снимаше, со едната рака ги држеше тоа кинеските стапчиња за јадење и во тој момент јадеше од чинија со нив, а со другата рака го вртеше пенкалото, океј, ја да бев ќе се заплеткав скроз, ќе го јадев пенкалото а ќе го вртев стапчето, али тоа е тоа, вајда во иднина жените ќе бидат задоволни што имаат мажи со такви спретни прсти, кујзнае.
Друго нешто, нешто x2 е тоа што имаше еден форум, форум наменет само за овој спорт, таму го добив првиот предизвик да се натпреварувам во weak hand battle, односно битка на послабата рака, онаа која што не ја владеете добро, и шта да причам, не знам како успеав да го вртам пенкалото 20 секудни, раката ми беше гипс, ко да ми ја извадиле од замрзнувач, али по мое мислење подобар бев од тој Азиецот, али новајлија, него го изгласаа, абе местени работи драга, сигурно ги поткупил со зејтин и со календар, кој го врти, сеа ја владеам и левата и десната, амбидекстр невиден сум, со едната пенкалото ќе го вртам, а со другата него ќе го вртам, пффф.
Али тоа е тоа, можам да се пофалам дека сум колекционер на едно над 20тина пенкала кои што се ептен лични, ги собирав сиве овие години, ги порачував, ги чекав, ги вртев, кога ќе порачаш едно, верувај дека неможеш да се запреш, после порачуваш се повеќе и повеќе, тоа е убавината.
Еве ти дел од колекцијата, миленичиња ми се, ај да не ти ги именувам, ќе ми се фати јазикот.



Пандорина кутија, а ја отвориш и готово ти се еба денот, едно 2-3 саата не ги оставаш на мира.
И тоа е тоа, ова вајда ќе биде мојот најдолг пост до сега, освен оној во темата "Држи x додека не дишеш" ако не е подолг, оти се заборавив и таму, ќе загинев за малце, е така, ај доста е, има и други членови што сакаат да бидат на линија, кис4е.
 

perez9

расипано јајце
Член од
30 декември 2013
Мислења
1.041
Поени од реакции
990
шо глупости треси овај над мене а сам знај дека сака женска да си фати, ете нашол ама ја нејки за партнер
 
L

Lu

Гостин
Драга ... imam svoj mali svet, i oko njega kineski zid ... (текстот од песната на Riblja Corba).

Колку е само песнава во право, и колку тој стих перфектно го опишува мојот живот.
Тешко е да се пробие тој мој кинески ѕид ... (иако речиси никој не го ни приметува дека постои тој ѕид), или пак јас доволно добро го маскирам тој ѕид ... постои, а е сепак невидлив за останатите.

Особено откако ти се десиле милион срања у животот, и милион разочарувања од луѓето, и откако си изгубил комплетна доверба во сите луѓе ... дури и кинески ѕид е малку ...

Јебига ... затоа сега се сменив (карактерно), животот ме научи да бидам поинаква ... поцврста, нескршлива личност, попаметна, прорачунлива, постабилна ... едноставно кажано станав поцврста личност после толку многу добиени „шамари“ од луѓето ... и многу лекции научив за животот, и добив мнооогу големо животно искуство ... иако не делува така на прв поглед, затоа што тоа успешно го „кријам“ во себе.

И не, не жалам за ништо, боље ми е вака, секој во животот мора да помине низ трнлив пат, за да стане цврста личност ... јас веќе сум.

Отсега ... се' е веќе играчка, животот е играчка ... затоа ќе бидам одличен играч, и нема да направам утка, нема веќе непромислени чекори, ќе дадам се' од себе за да ја одиграм одлично оваа игра.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom