Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.656
Поени од реакции
6.135
Драга
Ако некој успее да направи временска машина, прва работа што треба да ја направи е да се врати во минатото и да го убие Џорџ Орвел или за посигурно неговите родители пред да го зачнат.
1984 била и е инспирација за многу владетели, но за нашиве изгледа била единствена книга која ја прочитале во животот.

Деновиве на радио слушнав нешто...но не му придадов внимание...но сега го видов и ми стана јасно дека некој целосно се обидува да биде ГОЛЕМИОТ БРАТ

kako-sum-sistematski-unishten-od-idioti-103780.jpg kako-sum-sistematski-unishten-od-idioti-103780.jpg kako-sum-sistematski-unishten-od-idioti-103781.jpg

Војната е мир. Слободата е ропство. Незнаењето е сила.

А еве и едно практично упатсво за младите генерации
aerodromska-pedagodija-104239.jpg
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.299
Поени од реакции
4.509
Онака неам ништо против некој да биде контра моето мислење, или контра нешто што го признава општеството. Топ, дај нешто ново да чуеме.

Фората е што ако притоа таа личност се дрзнува да вели "според мене (x) не е така", a (x) е нешто што било докажувано во текот на години, со многу студии од луѓе кои уствари сакале да ја дознаат вистината. На овие луѓе без разлика колку линкови ќе им пратиш, едноставно џабе е, зошто мислат дека тие се боговите кои треба да одлучуваат.

Многу повеќе почитувам ако некој ми рече дека не го интересира некоја тематика или дека не му е "специјалност", отколку да слушам како некој се дрзнува да побива општо познати научни факти само заради егоизам и параноја. Пошо тоа е некој вид на параноја, "цел свет е против нас, се` што е излезено во јавност е погрешно". Значи не ми смета ако некој решил да се лечи со пиперки. Проблемот е ако почне да кажува како според него, на пример, антибиотиците се срање.

Овој пост не е наменет за еден член што ми реплицираше по приватна порака, ама еве може и него да го убацам во постов : Вика
Za Sumamedot od 1000 mg ednokratno, moe mislenje e deka e najgolema glupost so moze da bide.
Па кој те прашува тебе кое е твоето мислење? Си има медицина базирана на докази, собирани од милиони пациенти во текот на минимум десетици години, и сеа ти се најде надлежен да кажеш дали е глупост или не е.

Епа тоа е, штета е што во ова време кога сите информации ни се на дланка, сеуште во земјава не` водат (во било која област) луѓе кои одлучиле само своето мислење да го земаат за свето.
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
4.622
Поени од реакции
7.851
правила за одење на базен во италија:

- ако немаш танга, не се појавувај, зашто како иначе ќе се фрцкаш пред спасителот
- минимум кило маскара, зашто ако не кога ќе излезеш од базен нема да си како панда
- лапни мастика и џвакај дур пливаш, ако не, нема да се задавиш!
- влези во вода со другарка ти и алапачирај пола саат, па после жали се дека е ладно...уште пола саат
- за на крај, обавезно, одма кога ќе излезеш од базен, запали цигара

да ви пиииииип тоа итаљанките &*ˆ#@%ˆ$#!ˆ
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.050
Поени од реакции
4.939
Кајг,
Во нована реклама за серијата за Баба Ванѓа на Шител ТВ велат, "приказна за една баба која ги ЗАГУБИЛА ОЧИТЕ".
Си ги ЗАГУБИЛА очите!!! Да разберам да некој загубил мобилен, лаптоп.. ама очите???
Не, дефинитивно нашиве медиуми го допреа дното...
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
2.906
Поени од реакции
15.917
Кајгич, ај кажи ми зошто секој ден станувам во 7-8 за да учам, а правам сe' друго, сем учење.
Испазарив, се налакирав, ручек направив, гледав серија... :unsure: Утре ќе спијам до 12, па мајка Јана да е. :D Единствено ако некој комшија не почне да буши. Или некој не дојде на гости. Или удри метеор. :P

Него пред некој ден еден пензионер се жалеше во автобус, зошто сме се качиле во 22ка, кога се симнуваме во Карпош. Затоа што 22ката одела до Лепенец. Доколку сме сакале да одиме до Карпош, да сме си фателе 7ца. :вонзем: Еве јас специјално ќе чекам 7ца, кога можам во 4349839 други автобуси да се качам и побрзо да стигнам. :D До душа мене во автобусиве повеќе ниту еден разговор за нас младите не ме изненадува, така што... чути си, трај си. :D

Ај, чао. :D
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.673
Поени од реакции
7.159
Драга Кајгана

Конечно го фатив МИЛИОНЧЕТО !!! ете дојде и тоа моето видео стигна до милионче, нека се множат. :cool: а и паричките секако. :rolleyes:

 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Денеска умрел претседателот на Замбија.

После Нелсон Мендела уште еден Морган Фримен отиде у аут.
Нека почива во мир.

 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
4.927
Поени од реакции
7.922
На најстариот тетрис, оној со 2 игри само A и B (мислам овој налево белиот е), рекордот ми беше 94 700 во 9та брзина влегов, на секои 10 000 фигурите се движат за едно ниво побрзо. Ден денес се јадам што не стигнав до 100 000 да видам дали ќе се ресетира брзината а скорот ќе иде даље :mad: Некој ако знае, нека каже.
Оние тетриси со милион игри беа тапа :)
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.398
Поени од реакции
13.557
Љубилеен 5.000 посто на форумов. :)
Член сум скоро 3 години и во почетоците не ни мислев дека ќе ми биде вака интересно и дека ќе стигнам до оваа бројка. Запознав еден куп луѓе, меѓу кои и некои ми се и блиски пријатели. Но пред се забавата, дружењето со нив на форумов па и надвор од него воопшто, никогаш не изостанал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom