- Член од
- 9 мај 2019
- Мислења
- 171
- Поени од реакции
- 776
Колку и да сакам романси, некако со потценување гледам на романтични комедии ама леле, го обожавам La belle époque! По втор пат во месец дена и би го гледала секој нареден. Никако не би сакала вистински да бидам вовлечена во вакумот на нешто толку лажно, но со задоволство би се враќала на овој 16 мај во 1974.
Слика на '70тите преку интимни, лични доживувања. Во сеќавањата сѐ се чини некако поубаво, носталгијата е лизгав терен - често знае да заблуди и да однесе во очај и/ли огорченост. Среќа ова е филм, а и тука е резервирана исклучиво за богаташите.
Кога го носат на сет Виктор влегува во нов свет, пореален од овој каде би ја уновчиле и носталгијата. Како да се живее убавата епоха кога запаѓањето во монотонијата на секојдневието е неизбежно? А дел вистина има и во монологот на Марго - бегаме од реалноста, пребрзо се откажуваме од нештата кои долго сме ги граделе мислејќи дека почетоците се забавни, а тоа стои само во спомените.
Времињата се менуваат, но се менуваат ли луѓето со нив? Кога-тогаш сите плаќаме за сопствените избори. Антоан и Марго се повторување на истата шема. Доколку не најдат заеднички јазик, на 65 конечно ќе си признаат дека се инкомпатибилни. Секако, ако сѐ уште се заедно од инает или по навика. Секој брак минува низ предизвици, скоро секој низ криза. Јас многу потрагично ги сфаќам зборовите на Мериен отколку нејзиното изневерување. „Предолго си жив, мислев ќе се убиеш досега. Ама не, ти и понатаму си тука, добар и мразиш сѐ. Не можам да станам ни вдовица.“ Миислааамм...
Првиот пат нејзиниот лик го доживеав како големото неизбежно француско клише. Вториот ми беше забавна. Доминантниот карактер и директниот став ме засмејуваа зашто во суштина е жена која упорно бара афирмација. Постојаното докажување колку не им робува на рутината и средната е дефиниција за ропство. Го обвинува Виктор дека е критичар додека самата критизира, за потоа да се фати во мисла како кај Франсоа ја нервираат истите нешта пресликани од Виктор.
Крајот... Какви солзи пуштив на „Само што се запознавме, а веќе ми недостигаш“, страшно. Но, тој не замина по неа, впрочем не се мрдна од местото освен што побара сметка. Сакам да верувам дека во тој момент ја пушти, а и самиот се ослободи од неа. Сигурно е тежок товарот кога целиот живот себеси се доживуваш единствено преку очите на партнерот.
Морам да спомнам за фантастичната екипа. Прекрасни актери - Даниел, Дорија, Гијом и Фани, мојата божица! Кога ќе пораснам сакам да сум како неа. Во меѓувреме го гледав и дебитантскиот филм на Никола Бедос за да сфатам дека е Алмодовар за романтичари. Рекреаирање на минатото, Фројд и слични психози се протнати и таму и имам чувство дека во некоја мера ликовите му се со (авто)биографски елементи. Често користи референци од француската историја, култура и уметност (Клаус Барби и папагалот Месрин). Режира, се јавува како сценарист и композитор, а во Adelman ја толкува и главната улога. Мене и двата ми беа исклучително забавни.
Друугоо, да. Во декември There's always something there to remind me очекувам да ја видам прва на спотифај во топ песни за 2023. И уште ова, цртежот го сакам во рамка!
Доста текст ко за некој што потценува ромкоми.
8/10

И јас последно го гледав на Велики петок, не верувам дека ќе го репризирам сега. Периодов немам ни концентрација, а ни урамнотежена психа за нешто вакво.
Совршен кастинг! Џим Кавизел е актериште, каква посветеност и потполно претопување во улогата.
Eli, Eli, lama sabachthani?
The Passion of the Christ е филм што ги обединува атеистите, агностиците и верниците. Мачен, тежок, моќен до срж. Ме допре на начин што не можам лесно да го објаснам.
9/10