FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
La Belle Époque (2019)
7/10
Интересна е идејата да си платиш и да ти организираат „прошетка низ минатото“. Сакам француски филмови, па затоа 7/10.
Го гледав филмот со словенечки превод на некоја онлајн страница за гледање филмови (не најдов ни со англиски, ни со српски или хрватски превод), и сигурно нешто пропуштив да разберам од суштината (не сум толку добра со словенечкиот). Па ако налетам на филмов со нормален превод, ќе го изгледам пак.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.543
Поени од реакции
29.114
La Belle Époque (2019)

За малку ќе го изгасев. Не за друго, туку хаотичен беше стартот. Првите 20 минути толку работи и времиња се сменија да тотално изгубив интерес. Интересот ми се врати кога Мериен го избрка уствари, тука веќе фатија убаво темпо. Приказната е одлична, ликовите уште подобри. Маестрална изведба од сите, репликите беа топ.
На почеток ми идеше на нерви оваа Мериен ама последните сцени, oh well...
Марго беше топење кога се смееше :love:

Техничкиот дел беше јаготка на шлагот, перфекција! Овој teal & orange е еден од најупотребуваните ефекти во Холивуд, и многу го мрзев, среќа умре пред некоја година... ама во филмот беше одлично изведен! А, музиката... абе немам замерки, фантазија од почеток до крај.

Можеби најдобриот филм што го имам гледано годинава.

9.5/10

@Corvus ако не ни се вратиш во клубот, гледај го филмов плиз. 10ка ќе ти биде :D
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Французите и нивните глупи ЖОЛТИ тралалајки. (n)
Бар да не беше жут ебате техниката, најглупата боја за филм, автоматски ми бута една-две оценки надоле.
Сценариски мех, не палат вакви ствари кај мене, сто пати се повторувам само. Досаден ми беше, брзо ми скурчи, сфатив што сака да каже и што ќе се дешава до крај и само чекав да заврши. Нит хумор видов нит ништо интересно, бем ти ја романса чим има неверство, кој ја ебе старата пачавра. (Јака жена била на времето, ја гуглав, ми личи на Моника Белучи малце)
Едино бркото има позитивна оценка, добар лик, грев.

6ка едвај.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.749
Поени од реакции
2.564
La belle époque (2019)

На почетокот тргна со малку фрагментирана драматургија, за после тоа да продолжи линеарно. Не знам зошто беше тоа неопходно, можеби за што побрзо да не запознаат со ликовите и нивните сложени односи.

Ова е филм за љубовта и љубовните односи, но пред сè е за носталгијата кон младоста која е веќе одамна помината и барањето на смислата за сегашниот момент и дали може се возобноват некогашните страсти.

Пред овие предизвици е поставен главниот лик, познат и признаен карикатурист, кој веќе го губи чекорот со времето. Веќе нема интерес за неговите дела, нема ниту каде да ги објавува. Згора на тоа сопругата го исфрла од дома и за него убавата епоха веќе е минато.

Но за среќа, постои начин да се оживее ова минато. И тоа на многу реален начин. Од за разлика на пример во „Полноќ во Париз“ каде волшебно се враќаа во времето, тука се ангажира комплетна екипа која ги реконструира местото и ликовите.

И од сите можни историски ситуации во кои може да се најде, тој го одбира моментот кога првпат ја здогледува и се запознава со љубовта на својот живот.
Филмов кокетира меѓу драма и комедија, има и од двете по малку, но и од двете недоволно. Сепак нè остава во добро расположение по гледањето.

7/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
La Belle Époque

Ми се свиѓаше што Виктор одбра да "патува" назад во деновите кога се заљубил, сакам носталгија како тема, а филмов беше баш за тоа. Исто, иако беше свесен дека е сѐ вештачко сепак уживаше во претставата, ама на крај и оствари неколку вистински поврзувања, пред се со Марго(убавица).
Малку сумњив ми беше односот меѓу Марго и Антоан, исто и ликот на Мариан.
Севкупно, лесен за гледање, солидно снимен, убав избор на песни, носталгија во воздухот... 7/10

Sleuth

Кога големи ега ќе земат да се играат и после од играчка станува плачка...
Од филмовите кои наликуваат на театарска претстава, обично тука во главна улога се актерите и сценариото, Sleuth во двата сегменти беше одличен.
Лоренс Оливие и Мајкл Кејн за очекување на високо ниво, а сценариото и дијалозите ми беа интересни низ цел филм.
Единствено Мајкл Кејн кога се врати маскиран како инспектор, одма знаев дека е он, не знам дали таква била замислата на режисерот или не, али таму малку ми уби од напнатоста.

8/10
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.215
Поени од реакции
8.315
La Belle Époque (2019)

Многу глупи филмови предложувате, ова ти е прав расистички филм, намерно вратени во 70 да нема имигранти како во сегашноста
Дај те молам стави ми вино, сакаш алкохолно или безакохолно, зар и тоа има ?


4,5/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.102
Поени од реакции
37.561
Е па драги мои, Клубот се враќа во живот по двонеделната летна пауза!

Мал update за тоа што се случуваше во изминатиот месец:

Sleuth на @The Cooler King го гледаа дури 12 души, и му дадоа средна оценка 7,0. Го испуштија:
-Јас, @Комита Ултрас , @Imperatorot - на сите прв неизгледан
- @Gazpapir - втор неизгледан, жолт картон

Ако сум испуштил нечие мислење, проштевајте, ќе исправам.

La Belle Epoque на @Варвара го гледаа само седуммина :( и му дадоа средна оценка 7,6. Го испуштија:
- @The Cooler King , @Варвара , @wot , @frizider , @Darklady и @Manga - на сите прв неизгледан
- Јас, @Imperatorot - втор неизгледан (жолт картон)
- @Gazpapir - трет неизгледан (црвен картон, се ближи твојот ред за предложување, па не ќе е лошо да ѕирнеш нешто наскоро за да се вратиш во игра).

Исто - ако сум испуштил нечие мислење, sorry, поправете ме.

178 филм во Клубот е спремен да ни го презентира @123456 , се надевам ќе уживате во него.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
La belle époque (2019)

Колку одлично feel-good филмче.

Не стигнав да го изгледам поради обврски во рокот, ама штом видов дека нов филм се предложил се решив да најдам време.
Добра приказна, ме фати дури и мене носталгија за време во кое не ни сум бил роден. Ги обожавам романтичниве односи кај французиве, барем од тоа што го имам на филм гледано, не се знае кој со кого е во никој момент.
Многу добри песни имаа искористено кои ќе одат на repeat деновиве сигурно.
Филмов вреди да се прегледа и во иднина. За сите кои сакаат романтични комедии, треба да го гледаат.

Од мене добива 8/10.

Ме натера да размислувам за тоа што ако имам и јас ваква шанса да "живеам" одново во еден период од мојот живот, кој би бил тоа.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.770
Поени од реакции
5.069

Еден од најдобрите автентични филмови некогаш направени , имам традиција да го гледам на велики петок , да видам налик како би била целата таа голгота и пат кон Голгота на Исус Христос.
Тежок филм за гледање , брутално измачување со многу непријатни сцени , но тоа е и поентата - да се види страдањето,болката,тортурата без да се прикрива.
Автентичноста е поради истиот јазик што бил зборуван во тоа време, костимите , хронологијата на настаните - од фарисеите до апостолите до толпата до римските мачители до Херод и Бараба и самиот Исус и двајцата разбојници на крст до него.Кинематографија совршена.
Компјутерски анимации со ѓаволот и демоните језиви и не претерани.

Додека се снимал филмот се имаа случено многу чудни нешта да не ги набројувам и дел од филмската екипа и глумците се имаат конвертирано во христијанство после филмот.

Џим Кавизел , Моника Белучи и другите сите на место со глума.

Ова е ремек дело на Мел Гибсон заедно со Храбро Срце и Апокалипто.

Од мене 10/10

Се снима и втор дел кој би требало догодина искочи и ќе се фокусира на трите дена измеѓу распнувањето и воскреснувањето, со самото тоа вториов дел би требало да биде многу полесен за гледање.

 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Абе филмов е со наратор и некој женски глас у позадина или ја сум симнал некоја глупава верзија со синхронизација и слични курци? Ни превод има ни ништо.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.770
Поени од реакции
5.069
Абе филмов е со наратор и некој женски глас у позадина или ја сум симнал некоја глупава верзија со синхронизација и слични курци? Ни превод има ни ништо.
Си симнал некоја глупа синхронизирана верзија , барај Aramaic оригинал со превод ... или прочепкај некад у фукнции на видео плеер за друго аудио или тајтлс извори..зоти знае да ги има некад повеќе во еден филм/верзија.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Си симнал некоја глупа синхронизирана верзија , барај Aramaic оригинал со превод ... или прочепкај некад у фукнции на видео плеер за друго аудио или тајтлс извори..зоти знае да ги има некад повеќе во еден филм/верзија.
Знам, сеа ја симнувам оригиналната верзија на арамејски јазик.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom