FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
The Passion of the Christ

Клучна карактеристика ми беше репетитивноста и монотоноста. Два саата како мачат човек. Можеби ако се соживеев немаше така да го доживеам, ама премногу драматичност, скоро сите споредни ликови или предраматични или на позајмица од Life of Brian, на моменти со сила обиди за шок и не ми сметаше толку како беше прикажано мачењето туку што беше низ цел филм и стана досадно...
Во поголемиот дел ми се допадна кинематографијата и Jim Caviezel исто беше многу добар.

Ме потсети на друг филм со многу слична приказна, кој за разлика од овој ме погоди по сите основи, The Passion of Joan the Arc (1928)... А за The Passion of the Christ 5,5/10
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.705
Поени од реакции
35.430
The Passion of the Christ

После Jesus of Nazareth на Франко Зефирели и мастралната изведба на Роберт Пауел како Исус, сите останати филмови со Исус ми изгледаат како фејк и секогаш ги споредувам со овој филм на Зефирели, затоа што филмот ми е дефинитивно врв и традиционален за Велигден.

Ќе го пофалам Џим Кавизел, костимографијата, сценографијата, арамејскиот и хебрејскиот јазик посебно доживување. Филмот пребрутален, пренасилен, на моменти ужасно тежок за гледање, ама сепак ги опишува последните часови од земскиот живот на Христос, кои според сите евангелија биле брутални и мачни.
8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.332
13 души го гледаа The Passion of the Christ што е израмнување со рекордната гледаност во кругот и е за изненадување со оглед на тоа што е лето, па дури и да не сме по одмори, некако тешко ни се седи пред екран за да гледаме филм.

Го испуштија:

@Комита Ултрас - прв неизгледан
@Imperatorot - трет неизгледан (црвен картон, се надевам ќе се врати наскоро зашто доаѓа неговото време за предложување).

Инаку, ова требаше да го пишам вчера и да му оставам на @wot 24 часа да го пише неговиот предлог, ама ете, и по ажурност сум закржлавел, не ме бива веќе, стар сум, па затоа се надевам @wot нема да ми замери - јас ќе ви кажам кој е неговиот предлог:

179. A Cure for Wellness - Gore Verbinski (2016)
14.08-27.08.2023, предложувач: @wot

1692038286198.png
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
A Cure for Wellness (2016)

Филмов случајно го начекав почнат на некоја телевизија, го загледав малку и го прекинав. Си реков ова ќе е нешто интересно и треба да се гледа од почеток. И не згрешив.

Има одлична атмосфера, малку ежава, а со сите нешта што се случуваа на почетокот едноставно не се знаеше во кој правец ќе тргне, сите опции беа отворени.

Секако, кога малку почнаа да се разоткриваат работите, се наѕре што е во заднината на сите случувања. На моменти можеби потсетува на Shutter Island, особено во делот кога ликот веќе не е сигурен што се случува и кој е ненормалниот, дали пациентите, докторите или пак самиот тој. Исто и со изолираната средина. Кога сме таму, прекрасен тој замокот и патот до него и целокупниот пејсаж доловен низ одличната камера.

Малку го развлекоа пред крајот, да траеше нешто пократко мислам дека ќе беше и повпечатлив. Сè на сè, одличен вкупен впечаток.

8/10
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.764
Поени од реакции
5.052

Се сетив дека го стаив филмот у 30 days movie challenge од лани како филм шо е визуелно прекрасен.

И сакам така визуелно убави филмови т.е. се палам на убава кинематографија а овој покрај толку грди и језиви сцени има убавина во таа Швицарска со Алпите иако е сниман у Германија.

Сетингот ме задржа покрај тв неколку минути,имав среќа да го фатам од почеток така да и сценариото + кинематографија имаа улога да продужам до крај.

Глумата ми беше на место од не толку позната екипа , режијата покажува дека Гор Вербински е талент вон Пирати од Карибите и успева морничавоста од The Ring 2002 да ја прикаже и овде. Можеби е морбидно но ми се допадна идејата со спа центар од 5 ѕвезди кои им го цица животот на пензионирани богаташи,секако филмот е многу повеќе од тоа.

Потценет, барем на имдб ова не заслужува 6.4

Од мене има 8/10
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.473
Поени од реакции
3.630
Сите сме го гледале на тв, го даваа секој втор ден. Проблемот со филмов е во сценариото, а не сценографија и глума, затоа има слаба оценка. И од мене има 6.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.116
Moram da se soglasam, filmot ne zasluzuva 6-ka no ne mi e ni za 8-ka. :unsure:

Ima problemi so scenarioto, da. Ima problemi so dolzinata, da.
Pred kulminiranje naednas otkrivaat mnogu golema prikazna za da gledacot moze da ja progolta ako zememe predvid prethodno tempoto. Tuka na mnogu im se gleda dolg ili gledaat problemi so scenarioto.

Isto taka tocno deka mnogu potseka na Shutter Island no za mene i na Phantom of the Opera, poradi nekoi pricini.
No bez da se trudam da najdam drugi problemi, samo istoto moze i jas da zabelezam.

Osven ovie raboti, filmot funkcionira odlicno kako za zanrot. Prikaznata e intrigantna a vo kombinacija so kako filmot izgleda fiksno dobiva prolazna ocena. Kakva samo scenografija ima, kakvi kadri, lokacii, kakva kamera... ima nekoj magicen realizam sto te vovlekuva, veruvas deka bolnicata, misterijata navistina postojat. Zosto ne moze site filmovi vo 2023 i ponatamu da izgledaat vaka, zarem e tolku tesko za milionski budzeti uste da se snima so zastareni kameri, grainy sliki i sl? Filmot mislam deka mi gi izmi ochite. Perverzija bea nekoi momenti, pa zatoa i jeziviot del lesno go prodadoa, kompletno izbegnuvajki cringe. A toa moze samo da go pocituvam.

7

11.jpg

22.jpg

44.jpg

66.png

77.png

Screenshot 2023-08-15 at 18.38.27.png

Screenshot 2023-08-15 at 18.39.59.png
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.116
U megu vreme @Zlatikevichius pisi mi 5/5 za La Belle Epoque

Fala ti Varvara, preubav :love:

Koga stranec e poblisku do zenata sto ja sakas od zenata sto ja sakas e bolno. Ne najdov jas vinovnik, ne bese samo poradi toa oti ona izvarala. Padnala na novo navidum vozbudlivo, tale as old as time no i ne se zivee samo vo minatoto oti sme nostalgicni za kako bile rabotite.

Me otvori i ako ne prestanam ke napisam kilometri.

Ke ja dovrsam recenzijata vo temata na Zlate, moment vo koj bi se vratile. No sekako nema da e 70s

:love:

Na site davam (visoki oceni), treba da se prisoberam malku, ke zborat lugjeto.
 
Член од
15 март 2023
Мислења
39
Поени од реакции
76
A Cure for Wellness (2016)

многу јако (y), ме потсеќа по малку на Shutter Island.
8/10
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
A Cure for Wellness (2016)

Гледан одамна. Навистина потсеќа на Shutter Island.
7/10
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.332
A Cure for Wellness (2016)

Ау, какво возење беше филмов! Не се сеќавам кога последен пат вака сум уживал. Потполно се согласувам со сите погоре и за сценариото, и за скоро се (освен за должината, немаше да ми смета и 10 саати да трае :P ). Перверзии беше! @wot не знае да разочара во Клубов (освен ако прати трипи полу-live-action-полу-анимирани филмови во кои ликовите стануваат нацртани :P ). Прејака атмосфера! Плус никој не ја спомна песничката што на моменти ме потсеќаше на вториот валцер на Шостакович - даваше плус на цел тој магичен реализам кој се провлекуваше низ филмов. Ми се допадна и тоа што ги имаше сите елементи на драмското дејство, вклучително и разврска, епилог, и искрено, да останеше отворен за толкувања како Shutter Island кој сите погоре го спомнавте, според мене ќе изгубеше многу. Се согласувам дека филмов е некоја 7 или 8, реално, но оценките јас ги давам според тоа колку мене ме допреле, или колку сум уживал додека сум гледал, а реков - вака не сум уживал одамна, затоа една 9/10 од мене, заслужена! Давајте уште вакви, не знам како сум го испуштил ова, од 2016 имам гледано дури 156 филма!
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.400
A Cure for Wellness (2016)
7.5/10

Shutter Island e подобар.

Филмов сум го гледала сигурно по тв неколу пати но не до крај, сега првпат го изгледав цел.
Солиден.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.211
Поени од реакции
8.312
A Cure for Wellness (2016)

Ау, какво возење беше филмов! Не се сеќавам кога последен пат вака сум уживал. Потполно се согласувам со сите погоре и за сценариото, и за скоро се (освен за должината, немаше да ми смета и 10 саати да трае :P ). Перверзии беше! @wot не знае да разочара во Клубов (освен ако прати трипи полу-live-action-полу-анимирани филмови во кои ликовите стануваат нацртани :P ). Прејака атмосфера! Плус никој не ја спомна песничката што на моменти ме потсеќаше на вториот валцер на Шостакович - даваше плус на цел тој магичен реализам кој се провлекуваше низ филмов. Ми се допадна и тоа што ги имаше сите елементи на драмското дејство, вклучително и разврска, епилог, и искрено, да останеше отворен за толкувања како Shutter Island кој сите погоре го спомнавте, според мене ќе изгубеше многу. Се согласувам дека филмов е некоја 7 или 8, реално, но оценките јас ги давам според тоа колку мене ме допреле, или колку сум уживал додека сум гледал, а реков - вака не сум уживал одамна, затоа една 9/10 од мене, заслужена! Давајте уште вакви, не знам како сум го испуштил ова, од 2016 имам гледано дури 156 филма!


 

Kajgana Shop

На врв Bottom