FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Член од
9 мај 2019
Мислења
171
Поени од реакции
776
Колку и да сакам романси, некако со потценување гледам на романтични комедии ама леле, го обожавам La belle époque! По втор пат во месец дена и би го гледала секој нареден. Никако не би сакала вистински да бидам вовлечена во вакумот на нешто толку лажно, но со задоволство би се враќала на овој 16 мај во 1974.

Слика на '70тите преку интимни, лични доживувања. Во сеќавањата сѐ се чини некако поубаво, носталгијата е лизгав терен - често знае да заблуди и да однесе во очај и/ли огорченост. Среќа ова е филм, а и тука е резервирана исклучиво за богаташите.

Кога го носат на сет Виктор влегува во нов свет, пореален од овој каде би ја уновчиле и носталгијата. Како да се живее убавата епоха кога запаѓањето во монотонијата на секојдневието е неизбежно? А дел вистина има и во монологот на Марго - бегаме од реалноста, пребрзо се откажуваме од нештата кои долго сме ги граделе мислејќи дека почетоците се забавни, а тоа стои само во спомените.

Времињата се менуваат, но се менуваат ли луѓето со нив? Кога-тогаш сите плаќаме за сопствените избори. Антоан и Марго се повторување на истата шема. Доколку не најдат заеднички јазик, на 65 конечно ќе си признаат дека се инкомпатибилни. Секако, ако сѐ уште се заедно од инает или по навика. Секој брак минува низ предизвици, скоро секој низ криза. Јас многу потрагично ги сфаќам зборовите на Мериен отколку нејзиното изневерување. „Предолго си жив, мислев ќе се убиеш досега. Ама не, ти и понатаму си тука, добар и мразиш сѐ. Не можам да станам ни вдовица.“ Миислааамм...

Првиот пат нејзиниот лик го доживеав како големото неизбежно француско клише. Вториот ми беше забавна. Доминантниот карактер и директниот став ме засмејуваа зашто во суштина е жена која упорно бара афирмација. Постојаното докажување колку не им робува на рутината и средната е дефиниција за ропство. Го обвинува Виктор дека е критичар додека самата критизира, за потоа да се фати во мисла како кај Франсоа ја нервираат истите нешта пресликани од Виктор.

Крајот... Какви солзи пуштив на „Само што се запознавме, а веќе ми недостигаш“, страшно. Но, тој не замина по неа, впрочем не се мрдна од местото освен што побара сметка. Сакам да верувам дека во тој момент ја пушти, а и самиот се ослободи од неа. Сигурно е тежок товарот кога целиот живот себеси се доживуваш единствено преку очите на партнерот.

Морам да спомнам за фантастичната екипа. Прекрасни актери - Даниел, Дорија, Гијом и Фани, мојата божица! Кога ќе пораснам сакам да сум како неа. Во меѓувреме го гледав и дебитантскиот филм на Никола Бедос за да сфатам дека е Алмодовар за романтичари. Рекреаирање на минатото, Фројд и слични психози се протнати и таму и имам чувство дека во некоја мера ликовите му се со (авто)биографски елементи. Често користи референци од француската историја, култура и уметност (Клаус Барби и папагалот Месрин). Режира, се јавува како сценарист и композитор, а во Adelman ја толкува и главната улога. Мене и двата ми беа исклучително забавни.

Друугоо, да. Во декември There's always something there to remind me очекувам да ја видам прва на спотифај во топ песни за 2023. И уште ова, цртежот го сакам во рамка!
IMG_20230731_184027.jpg
:love:

Доста текст ко за некој што потценува ромкоми.
8/10

И јас последно го гледав на Велики петок, не верувам дека ќе го репризирам сега. Периодов немам ни концентрација, а ни урамнотежена психа за нешто вакво.

Совршен кастинг! Џим Кавизел е актериште, каква посветеност и потполно претопување во улогата.

Eli, Eli, lama sabachthani?

The Passion of the Christ е филм што ги обединува атеистите, агностиците и верниците. Мачен, тежок, моќен до срж. Ме допре на начин што не можам лесно да го објаснам.
9/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Последен филм со Исус што сум го гледал е оној со другиот актер, не знам као се викаше, нит па филмот го знам. Го имаше редовно на нашиве телевизии порано за Велигден, серијал е мислам. Нема врска.
Цело време мислев дека следен филм со Исус ќе биде оној на Мартин Скорсезе ама филм клубов одлучи тоа да биде на Мел Гибсон.

Поголем впечаток ми има оставено тој филм, ваљда дека тогаш прв пат сликовито се имав запознаено со страдањата на Исус.
Тој е и малце поопширен, овој сепак е сконцентриран на последните саати пред распнувањето и за цел има само да ни ја прикаже целата голгота и измачување што го доживеал Исус.
Голем плус е тоа што зборат на јазиците од тоа време.
Филм со експлицитно насилство и е навистина тежок за гледање, без разлика што влече верска приказна за најтешкиот ден во христијанството. Впечатокот ќе биде ист и ако го гледаме како обичен филм за рандом осуденик на смрт кој е камшикуван и тепан пред да биде распнат и оставен да умре закован на крст.

На филмов му фали еден јак саундтрак за уште толку да ги ујача моментите на тага и бес.

8/10 оценка.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
The Passion of the Christ (2004)

Го гледав во кино кога излезе и искрено не сум баш расположен да го репризирам, барем не овој период. Се работи за последниот ден од животот на Исус Христос и патувањето до Голгота. Не можам да навлегувам во библиската автентичност и значењето, немам толкави познавања. Се сеќавам, по дебатите и реакциите за филмов кога излезе, дека и оние што имаа беа со многу спротивставени мислења. Затоа тој аспект ќе го тргнам настрана.

Филмски гледано е многу успешен проект. Феноменална глума на Кавизел, успева да предизвика тотална емпатија кон ликот и неговото страдање. Режисерски исто одлично изведен, со малку дијалог и тоа на автентичен јазик.

Она што ми пречеше и што ме извади од целокупното искуство е количината на ќотек. Тепање, камшикување, клоцање, влечење и што уште не. Од почеток до крај со ненамален интензитет. Прво станува монотоно па и досадно да се гледа тоа па тоа, а второ толку ќотек не издржуваат ни суперхероите на Марвел. Знам дека намерно е така направено за да се долови страдањето и жртвата што ја поднел Исус, но мислам дека беше претерано и ми предизвика спротивен ефект.

7/10
Автоматски споено мислење:

Последен филм со Исус што сум го гледал е оној со другиот актер, не знам као се викаше, нит па филмот го знам. Го имаше редовно на нашиве телевизии порано за Велигден, серијал е мислам
Исус од Назарет на Зефирели.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.332
La belle époque

Awwwwwwww, @Варвара ! :love: Исто ко @Комита Ултрас - ова е можеби најубавиот филм кој го гледав годинава. Од пола натака бев окезен ко јас да бев во таа хипи собата со ганџа. Едно прекрасно feel good чувство побуди во мене филмов, и слично ко @The Cooler King и јас се прашував кој би бил мигот кој јас би го доживеал одново, ако можам да бирам само еден. И ми даде една одлична идеја која знам дека мороните од форумов ќе ми ја уништат, ама who cares, кога ве имам вас! :love::love::love::love::love::love::love::love::love::love::love::love::love::love::love::love:

Ве сакам сите, сум ви кажал?

Перфекција од филм. Деветка само заради конфузниот почеток.

Убаво е да си жив и во едно претопло августовско попладне да ти се падне La belle époque на репертоар.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.004
Поени од реакции
37.332
The Passion of the Christ

Многу тежок филм за гледање. Ми се превртеа цревата на многу сцени. На крај кога го распнуваа на крстот веќе не можев да гледам и свртев глава, признавам. Бидејќи знаев дека е таков, затоа и го немав гледано до сега, немав сила едноставно. А имам гледано неколку филмови за Исус.

Она што најмногу му замеруваа, особено од страна на верниците и црквата е дека се фокусира на телесното, земното, а жртвата на Исус е повеќе од земното и од физичкото страдање. Но како и да е, сметам дека е филм достоен за секоја почит. Режија феноменална, глума феноменална, костимографија, сценографија и фактот што зборуваат на арамејски е уште еден огромен плус. Се на се - совршен филм од технички аспект. Само заради екстремниот приказ на насилство, колку и да било тоа реално, стомакот не ми дава да му дадам повисока оценка од 8/10.

Последен филм со Исус што сум го гледал е оној со другиот актер, не знам као се викаше, нит па филмот го знам. Го имаше редовно на нашиве телевизии порано за Велигден, серијал е мислам.
Јас ова не се сеќавам дека сум го гледал. Или може сум бил многу мал кога го давале. Ако не сум грешка, освен Кралот на кралевите (King of Kings) на Николас Реј, најчесто го прикажуваа The Greatest Story Ever Told на Џорџ Стивенс и Дејвид Лин, со Макс фон Сидоу како Исус. И тој е скоро 4 и пол саати и знам дека го делеа во делови кога го прикажуваа по нашиве телевизии. Мислам дека тој ми е еден од првите филмови за животот на Исус кој сум го гледал, а пред некоја година за еден од тие 5X предизвиците го репризирав.

Овој на Мартин Скорсезе ми е во watchlist, но уште го немам гледано.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.386
Поени од реакции
3.400
The Passion of the Christ (2004) 8/10

Филм кој прикажува автентична римска бруталност, последните дванаесет часа од животот на Исус. Речиси сите филмови досега што сум ги гледала за Исус или пред времето на Исус биле на англиски овде многу ми се допадна што е на латински и арамејски дури поинако и се доживува целиот филм.

Одлична режија на Мел Гибсон и одлична глума на Џим Кавизел.

Длабоко трогателен филм кој ја прикажува големата љубов и жртва на Христос за да плати за гревовите на човештвото. На моменти дојде престрашно и прекрваво но од друга страна па се прашувам како не би било затоа што збориме за наши гревови, дали ние малку грешиме па тој малку да страда. Страдал поради нас, не ја заслужил казната за нашите гревови но љубовта да не заштити сите нас била поголема од стравот и маките.
Од ден на ден се повеќе и повеќе се оддалечуваме од тоа што Исус го проповедал, се губиме во сосема други димензии во општеството така да убаво навараќање со овој филм, одличен предлог.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Јас ова не се сеќавам дека сум го гледал. Или може сум бил многу мал кога го давале.
Всушност е мини серија, но се смета за најдоследен приказ за целиот живот на Исус според евангелијата.
Овој на Мартин Скорсезе ми е во watchlist, но уште го немам гледано.
За разлика од овој што не е според канонот и се занимава со човечките искушенија на Исус кои не се споменати во никое писание.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Јас не сфаќам како тоа Исус платил за гревовите на човештвото? Кои гревови?
Сам си е крив што се декларирал ко син господов и го осудиле поради тоа тврдење. Демек тие што не му верувале и го распнале, се тие што грешат? Па секој втор може да каже дека е син на господ, со точно 0 докази за истото.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
Јас не сфаќам како тоа Исус платил за гревовите на човештвото? Кои гревови?
Сам си е крив што се декларирал ко син господов и го осудиле поради тоа тврдење. Демек тие што не му верувале и го распнале, се тие што грешат? Па секој втор може да каже дека е син на господ, со точно 0 докази за истото.
Па не е баш така дека секој ако каже оти е син господов, ќе му поверуваат. А имало вакви проби низ историјата. :)
Гревовите на човештвото до негово време а и понатаму, мислам, и не само на тие што го распнале, туку дека тешка казна истрпил (камшикување, бодликав венец на глава + нормалното за тоа време - распнување на крст) се смета дека ги презел гревовите на сите, односно нема другите да одат во пекол, ете Исус преживеал пекол и за нив. Или така некако беше.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.211
Поени од реакции
8.312
Јас не сфаќам како тоа Исус платил за гревовите на човештвото? Кои гревови?
Сам си е крив што се декларирал ко син господов и го осудиле поради тоа тврдење. Демек тие што не му верувале и го распнале, се тие што грешат? Па секој втор може да каже дека е син на господ, со точно 0 докази за истото.

@bijons objasni mu na maliov
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Па не е баш така дека секој ако каже оти е син господов, ќе му поверуваат. А имало вакви проби низ историјата. :)
Гревовите на човештвото до негово време а и понатаму, мислам, и не само на тие што го распнале, туку дека тешка казна истрпил (камшикување, бодликав венец на глава + нормалното за тоа време - распнување на крст) се смета дека ги презел гревовите на сите, односно нема другите да одат во пекол, ете Исус преживеал пекол и за нив. Или така некако беше.
мех :D
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.116
@Комита Ултрас , @grande-juve , @wot , @Imperatorot и @Darklady - уште ден и пол имате за The Passion of the Christ.
Fanstasticna scenografija, predobra rezija, drsko brutalen, vpiva

Bi bilo grev (heh) da ne mu dadam 5/5 no zarem da ostavime se toa da bilo uzalud? 4,5/5.

Se sfakja preseriozno i nekako toa mu odi vo prilog. Si rekov vlezi mu kako nisto da ne znaes za kanonot i niz prizmata na tie oci bi bil mnogu (ironicno) polesen na stomak i potezok za sledenje. Mnogu se potpira na svojot lore i lugjeto da se veke emocionalno investirani vo prikaznata no zarem moze da gi obvinime za toa? Sepak stanuva zvor za prikazna koja samo trajno go ima osakateno covestvoto i ne sekogas e potreben mnogu kontekst.

Ako za nesto navistina moram da zameram e toa sto mu smetalo i na moongoose a toa e neprekinatoto nasilstvo. Ne mislam na krvavite i teski sceni tuku na konstantnoto kamsikuvanje i tepanje i plukanje, premina vo prezasitanost oti ne prestanuva i na momenti izgleda kako eftin nacin da ti vrodat gnev za pogolen pay off na kraj no so toa veke se drznam ustvari da kritikuvam necija reziserska vizija a koj sum ja za toa da si go dozvolam voopsto? Ne znam kako ovoj nekoj go gleda sekoja godina za praznicite, no odlicen klubski predlog.

Filmovi koi me vadat od prazno bleenje u tv i me teraat da razmisluvam na nekoi vishi temi sekogas se kaj mene dobredojdeni. Kako sto rekov, bev vpien uste od start no propatno so toa cuvstvo na koga imas kosmari dodeka si so temperatura, koga se e nekako… pekol i ne znaes dali haluciniras, no izleguvas na kraj procisten, preporoden pa taka i so filmot, nekoi sceni go obrakjaa zeludnikot no isto taka izleguvas na kraj malku poveke empaticen od sto si bil i malku navivacki od negova strana no, nadezno, izleguvas i so malku pogolema verba od prethodno. Ne? Seedno.

(y) (y) (y) (y) (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom