Штотуку го изгледав и тој од 1972, и оценката е иста:
7/10
За толку кратко време дека и двата ги изгледав, разликите ми се ептен забележливи. Всушност една главна разлика е дека во филмот од 2007 куќата е модерна, со камери и ги нема тие куклите, сефот го отворија со шифра, не со динамит, накитот беше розе боја, и во делот кога љубовникот го малтретира мажот, го натера да си го стави накитот на него.
Крајот е малку поинаку, освен што мажот пука во љубовникот и во двата случаи и доаѓа возило во двор, во филмот од 2007 љубовникот на мобилен разговара неколку пати со женската за која се тепаат, и најавува дека таа доаѓа, на крај гледаме возило застанува пред куќата, не знаеме какво и чие, љубовникот паднат откако му упукан, и завршува филмот - тече шпицата.
Во филмот од 1972 всушност љубовникот разговара лажно со полиција (наместо на мобилен со женската), ама на крај гледаме возило со плаво ротационо светло дека стои пред куќата.
Впечатокот ми е ист: крајот не чини. Не знам како би сакала да заврши филмот, ама вака како што завршува не ми е ОК.