Premier League - 2021/2023

Кои 2 екипи нема да завршат во топ 4?

  • Вкупно гласачи
    91
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.941
Поени од реакции
23.761
Ваѓајте го од фантази со време...

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.491
Поени од реакции
5.586
Ќе те цитирам тука за да не одиме офтопик во темата за СП.

Роналдо изјави дека неколку луѓе не го сакале во клубот, и не само оваа сезона, туку и претходната. Зошто не кажа кои се тие луѓе, зошто според него не го сакале и кога и како се обидувале да го избркаат? Или тоа што не го играле прва постава за него значи дека не го сакаат во клубот? Тен Хаг на секоја изјава што ја даде кажа дека Роналдо е играч на Јунајтед и му е во плановите за сезоната. Сосема нормално и очекувано е играч од 38 години да не игра по 90 минути на секој меч, сите имаат рестриктивна минутажа и се далеку поефикасни така.

Нема шанса да биле лаги и спинови од Јунајтед неговите очајни обиди за излез од клубот летово, тоа беше пренесено од секој еден новинар на планетава земја. Можеби не беа во игра сите клубови што се спомнуваа, ама факт е дека Мендеш го нудеше по екипи што играат во ЛШ. Ако не било така, зошто не излезе веднаш со демант? Едно соопштение додека траеа шпекулациите ќе беше доволно. Ама не му успеа намерата (иако ќе му успееше да не беше Тухел и да не го блокираше трансферот во Челзи, или и ова е спин од Јунајтед?) и сега после месеци и месеци (кога веќе ова и беше подзаборавено) тој фрла кал на клубот, во уште поочаен обид да се оправда за глупостите што ги правеше цело лето. Значи не сакав јас да си одам, мене не ме сакаа во клубот без да даде некој поконкретен пример зошто тврди така.

Па нормално, следува и обид за манипулација со фановите со изјавите "јас ги сакам фановите, они мора да ја знаат вистината", па нападот на Глејзери (а сите знаеме колку се сакани Глејзери на Олд Трафорд), кој случајно доаѓа баш сега иако веќе 15 месеци е во клубот. Свесен е дека од ова нема назад и не му остава некое друго решение на клубот освен раскин на договорот. Да сакаше да ја оправи ситуацијата (па еве макар одел и вака јавно) имаше 15 месеци да го каже ова, а не сега кога тој лично сака да профитира од изјавата. Можеби се што кажа е точно, но намерата на изјавата е пак само и само за лична корист.

За тренерот и Руни или Гери Невил нејќам ни да почнувам. Не е дисреспект ако некој изјави дека не си веќе доволно спремен за да играш на нивото на кое си играл, ако тоа е повеќе од очигледно и на фудбалски лаици како нас. Самите кажуваат, Роналдо можеби е најголем фудбалер во историјата, ама моментално не е за прв тим. Првиот дел од реченицата доволно кажува за респектот кој го ужива кај нив. Исто и за првотимскиот статус сезонава. Роналдо не е за прв тим, и тоа ради повеќе причини. Не само што нема веќе доволно брзина, кондиција и експлозивност, туку почна да промашува и зицери. Од друга страна не нуди ништо, а кога е на терен пак цела игра се базира на него, и тоа исто така кажува за респектот кој го ужива од соиграчите (па и тренерот).

Ама еве, ќе го заборавиме се ова што го пишав погоре за неговата форма - нека е по негово и нека е диспреспект од Тен Хаг тоа што седи на клупа. Јас генерално го имам истиот став - ако некој не ме почитува, не го почитувам и јас. Па ете тој исто така нема никаков респект кон тренерот, од некои (за него) оправдани причини. Ама напуштање на стадионот пред да заврши мечот значи дисреспект спрема цел клуб. Соиграчите, фановите, тренерите, сите буквално. А за тоа не гледам оправдување.

И последно, иако постов веќе станува прилично долг и знам дека 90% ќе ме заобиколат. Вели дека не дошол на претсезоната поради здравствените проблеми со ќерката и го обвини раководството дека "имал некое чувство дека не му верувале". Каков е тој муабет жити се? ИМАВ ЧУВСТВО ДЕКА НЕ МИ ВЕРУВАА. Од каде ти дојде тоа чувство, како го заклучи тоа? Ти кажа некој нешто, те испрашуваа, ти бараа потврда од доктор? Кажи која е причината, па да ти веруваме и да те сожалиме и ние. Му се случи фамилијарна трагедија и јас колку што памтам доби целосна поддршка од буквално цела Премиер Лига, не само од клубот. Патем тоа беше во април, а претсезоната во јули/август, па не сфаќам како се поврзани, ама ете можеби ситуацијата со ќерка му се влошила накнадно. Во секој случај и за време на самата претсезона немаше никаква негативна изјава од било кој во Јунајтед за негово отсуство, иако јас лично сметам дека ја користи трагедијата за да се оправда и за тоа, а сепак целта му беше да исфорсира трансфер надвор од клубот.

П.С. Тој се жали дека го обвинуваат без да ја слушнат неговата страна од приказната. И тој ги обвинува Глејзери без да ја слушне нивната страна (самиот кажува на интервјуто дека немал никаков контакт со нив досега), ако веќе играме така педерски. :kuracc:
Сериозна екипа никогаш не чува во екипа незадоволен играч кој бара трансфер, макар тој се викал Роналдо. Во моментот кога почна да бара трансфер и Реал и Јувентус го продадоа под реалната цена само за да не влезат во сезоната со вакви проблеми.

Е сега Јунајтед не работи за титули, работи за пари а Роналдо е машина која му донесе многу пари од фанови оваа сезона и газдите едноставно не сакаа да си ја загубат златната кокошка.

Сите сме свесни, посебно и Тен Хаг дека фудбалски Роналдо нема шо да му понуди на Јунајтед но Јунајтед можеше да загуби со незадоволна ѕвезда во екипата. Затоа глупо е да глумат Манчестер повредени во случајот кога единствено ги интересираше пари а не фудбал.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.616
Поени од реакции
11.677

Ке беше на место напишаново доколку Роналдо најдеше клуб а Јунајтед го блокираше, тој цело лето ко курва се нудеше и кога виде никој од топ клубовиве не го сака се врати у Јунајтед и пази глупиве го примија за сега жртва да глуми
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.778
Поени од реакции
43.992

Во главно се согласувам со тоа што пиша, ама во право е и @Bonnie and Clyde погоре. Прашање е дали некој воопшто се согласи да го плаќа толку, освен новиот газда на Челзи.

Очигледно Роналдо бил пред трансфер во Сити летото 2021. А неговиот трансфер во Јунајтед е инициран од Фергусон. Стариот и онака неможе да гледа како тимот кој го сметаше за "noisy neighbours" го гази неговиот клуб на секое поле, уште Роналдо фалеше да го земат. Еве телево потврдува дека му се јавил и му кажал дека неможе да оди во Сити и ако доаѓа назад во Англија треба да се врати на Олд Трафорд.

Сигурно исто така го искористил влијанието што го има и врз Солскјер и одговорните лица во Јунајтед, за да се избегне уште една голема бурка за клубот (бар во неговите очи). Замисли, најдобриот фудбалер што успеал да го произведе во неговиот 26-годишен мандат да освојува сега титули со градскиот ривал.

Така да сите филмови што ги прави Роналдо со љубовта за клубот може да си ги пикне во газот. Да имал толкава љубов немал да чека Фергусон да го моли да не оди во Сити, туку веднаш ќе ги стопирал преговорите. На крај Ферги не поеба и нас и него, ама ајде, има кредити.. Ќе му простиме. :D
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
10.358
Поени од реакции
18.473
Ке беше на место напишаново доколку Роналдо најдеше клуб а Јунајтед го блокираше, тој цело лето ко курва се нудеше и кога виде никој од топ клубовиве не го сака се врати у Јунајтед и пази глупиве го примија за сега жртва да глуми
Мое мислење е дека Роналдо си имаше најдено клуб, само сакаше да спушти цена. Веч видено со други фудбалери.
Нема логика да бојкотира ако нема клуб, кого бојкотира тогаш?
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.616
Поени од реакции
11.677
Мое мислење е дека Роналдо си имаше најдено клуб, само сакаше да спушти цена. Веч видено со други фудбалери.
Нема логика да бојкотира ако нема клуб, кого бојкотира тогаш?
Која цена да спушти? Мислиш 100к бараа за него
Ако имаше најдено клуб никој жив немаше да го врати назад имаше целото циганско уште тогаш да излезе од него
Автоматски споено мислење:

Kajgana Shop

На врв Bottom