Лукаку од лани, втор дел. Наивно никако не е, единствено добро е што сега има пауза и малку ќе се подзаборави до следниот меч на Јунајтед.
Е сега, колку и да се исфрустрирани навивачите на Јунајтед (со право), Роналдо кај овој дибекот Морган кажува некои работи со кои и самите тие би се согласиле и за кои и тие самите му забележуваат на клубот.
Вели дека во Јунајтед ништо не е сменето уште од времето на Фергусон. Ист тренинг центар, исти простории, иста технологија, исти методи, дури и храната и куварите останале исти, алудирајќи на Глејзери и нивното куроболие за клубот.
Во право е и за Рагник, спортски директор без скоро никакво тренерско педигре, доаѓа да го спасува на сред сезона Манчестер Јунајтед, еден од најголемите клубови во светот.
Убаво е и да се слушне неговата страна за отсуствата од тренинзи летово. Медиумите веднаш го портретираа како предавник недисциплиниран, сега тој вели дека проблемите со ќерката го натерале да не биде присутен на летните подготовки. Големи се шансите да си бара алиби, но сепак, добро е да се знае.
Како и да е, фрли сенка на направеното досега. Ова не се прави вака. Додуша, можеби и се прави, ако си Ромелу Лукаку. Инфантилно копито неталентирано.
Ако си големина во името на Кристијано Роналдо, друже, нц.