Ќе те цитирам тука за да не одиме офтопик во темата за СП.
Роналдо изјави дека неколку луѓе не го сакале во клубот, и не само оваа сезона, туку и претходната. Зошто не кажа кои се тие луѓе, зошто според него не го сакале и кога и како се обидувале да го избркаат? Или тоа што не го играле прва постава за него значи дека не го сакаат во клубот? Тен Хаг на секоја изјава што ја даде кажа дека Роналдо е играч на Јунајтед и му е во плановите за сезоната. Сосема нормално и очекувано е играч од 38 години да не игра по 90 минути на секој меч, сите имаат рестриктивна минутажа и се далеку поефикасни така.
Нема шанса да биле лаги и спинови од Јунајтед неговите очајни обиди за излез од клубот летово, тоа беше пренесено од секој еден новинар на планетава земја. Можеби не беа во игра сите клубови што се спомнуваа, ама факт е дека Мендеш го нудеше по екипи што играат во ЛШ. Ако не било така, зошто не излезе веднаш со демант? Едно соопштение додека траеа шпекулациите ќе беше доволно. Ама не му успеа намерата (иако ќе му успееше
да не беше Тухел и да не го блокираше трансферот во Челзи, или и ова е спин од Јунајтед?) и сега после месеци и месеци (кога веќе ова и беше подзаборавено) тој фрла кал на клубот, во уште поочаен обид да се оправда за глупостите што ги правеше цело лето. Значи не сакав јас да си одам, мене не ме сакаа во клубот без да даде некој поконкретен пример зошто тврди така.
Па нормално, следува и обид за манипулација со фановите со изјавите "јас ги сакам фановите, они мора да ја знаат вистината", па нападот на Глејзери (а сите знаеме колку се сакани Глејзери на Олд Трафорд), кој случајно доаѓа баш сега иако веќе 15 месеци е во клубот. Свесен е дека од ова нема назад и не му остава некое друго решение на клубот освен раскин на договорот. Да сакаше да ја оправи ситуацијата (па еве макар одел и вака јавно) имаше 15 месеци да го каже ова, а не сега кога тој лично сака да профитира од изјавата. Можеби се што кажа е точно, но намерата на изјавата е пак само и само за лична корист.
За тренерот и Руни или Гери Невил нејќам ни да почнувам. Не е дисреспект ако некој изјави дека не си веќе доволно спремен за да играш на нивото на кое си играл, ако тоа е повеќе од очигледно и на фудбалски лаици како нас. Самите кажуваат, Роналдо можеби е најголем фудбалер во историјата, ама моментално не е за прв тим. Првиот дел од реченицата доволно кажува за респектот кој го ужива кај нив. Исто и за првотимскиот статус сезонава. Роналдо не е за прв тим, и тоа ради повеќе причини. Не само што нема веќе доволно брзина, кондиција и експлозивност, туку почна да промашува и зицери. Од друга страна не нуди ништо, а кога е на терен пак цела игра се базира на него, и тоа исто така кажува за респектот кој го ужива од соиграчите (па и тренерот).
Ама еве, ќе го заборавиме се ова што го пишав погоре за неговата форма - нека е по негово и нека е диспреспект од Тен Хаг тоа што седи на клупа. Јас генерално го имам истиот став - ако некој не ме почитува, не го почитувам и јас. Па ете тој исто така нема никаков респект кон тренерот, од некои (за него) оправдани причини. Ама напуштање на стадионот пред да заврши мечот значи дисреспект спрема цел клуб. Соиграчите, фановите, тренерите, сите буквално. А за тоа не гледам оправдување.
И последно, иако постов веќе станува прилично долг и знам дека 90% ќе ме заобиколат. Вели дека не дошол на претсезоната поради здравствените проблеми со ќерката и го обвини раководството дека "имал некое чувство дека не му верувале". Каков е тој муабет жити се? ИМАВ ЧУВСТВО ДЕКА НЕ МИ ВЕРУВАА. Од каде ти дојде тоа чувство, како го заклучи тоа? Ти кажа некој нешто, те испрашуваа, ти бараа потврда од доктор? Кажи која е причината, па да ти веруваме и да те сожалиме и ние. Му се случи фамилијарна трагедија и јас колку што памтам доби целосна поддршка од буквално цела Премиер Лига, не само од клубот. Патем тоа беше во април, а претсезоната во јули/август, па не сфаќам како се поврзани, ама ете можеби ситуацијата со ќерка му се влошила накнадно. Во секој случај и за време на самата претсезона немаше никаква негативна изјава од било кој во Јунајтед за негово отсуство, иако јас лично сметам дека ја користи трагедијата за да се оправда и за тоа, а сепак целта му беше да исфорсира трансфер надвор од клубот.
П.С. Тој се жали дека го обвинуваат без да ја слушнат неговата страна од приказната. И тој ги обвинува Глејзери без да ја слушне нивната страна (самиот кажува на интервјуто дека немал никаков контакт со нив досега), ако веќе играме така педерски.