Secret Movie Halloween

Член од
22 декември 2011
Мислења
2.342
Поени од реакции
5.464
A Quiet Place

Знаев дека овој ќе го добијам, дури и јас сакав да го предложам ама ме претркаа. Гледан ми беше уште одамна, ама во заборав и добро ми дојде како потсетник зошто видов имало и друг дел. Ги пукнав и двата во една вечер, уствари во вечер и утро оти заспав на вториот.

Во глобала се работи за пост апокалиптичен свет во кој чудовишта ги ловат луѓето преку звук. Едно семејство успешно се прилагодило во тој свет, користејќи знаковен јазик, но работите искачаат од контрола една вечер.
Генерално класика survival филм, во стилот на првите две сезони на Walking Dead. Само што овде многу поубаво е скоцкано се, приказна на место, објаснето. Најдоброто е логично, не е како во други survival филмови каде што има сцени каде што некој се претвара во Рамбо. Плус и двата дела траат по 90мин, нема многу тупење, не ти дава момент за здосадување и двата да ги изгледаш одеднаш ќе ти биде како еден филм.

Првиот филм ми беше досаден до пола ама ја бев крив оти го гледав без превод, па гледав мимики без врска пред да ми текне чекај бе овој имаше превод за знаковниот јазик. Ама како за реприза солиден.

Слободно можам да кажам дека е најдобар post apocalyptic филм некогаш, не дека имал голема конкуренција за тоа.
И двата дела 9ка од мене.



А и да, овој филм не би го сместил во хорор. Ако овој е хорор тогаш и филмови како World War Z и War of the Worlds се хорори.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Salò, or the 120 Days of Sodom (1975)

Искрено се зачудив кога го видов предлогов, италијанска драма на Пасолини, поготово па што и Енио Мориконе ја потпишува музиката, си реков да не е некоја грешка случајно, пошто нели темава е за хорори. После ми текна дека филмов го знам и го имам забележано на некои листи на најсурови, најгадни, највознемирувачки филмови и си викам ајде, сигурно ќе биде нешто језиво и грозоморно.

In World War II Italy, four fascist libertines round up nine adolescent boys and girls and subject them to 120 days of physical, mental, and sexual torture.

Ова пострашно звучи кога ќе го прочиташ отколку кога ќе го гледаш филмот.
0 вознемирувачки сцени, дури смешни беа повеќето, очајна глума, глупо до немај каде. Не знам која е поентата на филмов али добро е што 3 недели пред филмов Пасолини бил неколку пати прегазен од сопствената кола.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.757
Поени од реакции
5.031
Незнам на кој да му верувам за Сало , на Гаспар кој вели му е еден од најомилените и ја грабна блу-реј верзијата за да глеал избришани сцени или на мнозинството кое има мислење како @Filip Telford .. а неам желба да го глеам баш ради тоталниот опозит од мислења

salo.jpg
 
Член од
23 август 2022
Мислења
429
Поени од реакции
763

Го добив овој филм.
Иако не сум некој фан на хорор филмови овој го имам гледано уште кога излезе на времето и ми има останато во сеќавање и е еден од тие филмови што вреди да се репризира неколку пати.
Страшен,гнасен,одвратен и на моменти смешен но не глупаво смешен.
Квалитетен хорор филм и препорака за сите фанови на хоророт.
6.5/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
The Exorcist (1973)

Да напоменам прво дека бев запознаен прилично многу со дејството на филмот пред да го изгледам за прв пат, што од pop culture, што од други филмови каде се референцирал и најмногу од Scary Movie 2, кој што ми го уништи во добар дел. Иако го знаев филмов и имав желба од одамна да го изгледам, секогаш сум го одбегнувал поради неговата репутација дека е страшен. Еве добив конечно прилика и за тоа.

Дејството одлично се развива како што знаат само стари хорор филмови да го прават тоа. Во споредба со cheap horrors е умтеничко ремек дело, кое не се фокусира на jump-scares туку на градење на атмосфера на суспензија и страв низ целиот филм. Сигурно ова да се гледа во кино за прв пат, без да знаеш ништо за него ќе било незаборавно доживување, било негативно или позитивно. Единствена замерка за приказната ми е само крајот, некако наеднаш ми заврши, очекував да биде подолг заклучокот. Што се однесува до тоа дали беше страшен, не, не можам да го карактеризирам за таков, има две три сцени ама тоа е се, како што кажав не е фокусиран на моментални страшни сцени, туку цел филм генерално е језив. Додека не ми беше страшен, ми беше многу гаден т.е. раните што ги имаше Реган, кои се ненадминливи ефекти за филм за опседнување од демон, мене ми се одвратни, разбирам дека тоа било поентата.
Глумците си беа одлични, особено Реган. Не знам како реагирале родителите и самата актерка кога го гледале филмот кога ќе видат каде што пцуе дете работи што ни на постар човек нема да му паднат на ум.

Не би го препорачал на некој што не обожава да гледа вакви филмови.
Благодарност до предложувачот што ме "натера" да го гледам филмов. It would be fun to discuss it in parties.

Од мене добива 7,5/10, само поради изгледот на демонот и крајот, инаку ќе беше повисоко.

P.S. И јас да бев дете ќе се плашев од католички свештеници како Реган после последниве скандали.
 
Член од
29 ноември 2014
Мислења
1.014
Поени од реакции
4.074
Nosferatu (1922)

Не знам како да почнам, бидејќи не знам ни како почна...

Мојот прв нем филм, а воедно и најстар филм кој го имам гледано. Филм за најпознатиот вампир некогаш.

Еден од светските класици и најпознати хорори, shame on me што го немам гледано. Иако не ме исплаши, целиот филм беше језив, со језива атмосфера и језива музика, дури и од денешна перспектива, можам да замислам како им било на луѓето кога излегол пред 100 години. Ми се свиѓаше камерата, режијата и музиката, буквално немаше празен ход, во еден здив се гледа, едно своеврсно ремек дело.

Филм кој заслужува ривоч и ќе го добие во најкраток можен период.
8/10

Фала на предложувачот.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.673
Поени од реакции
35.352
Мојот Трикстер за мене го избра

A Tale of Two Sisters

Генерално не сум фан на хорор филмовите, ама филмов ми остави голем впечаток.
Станува збор за корејска семејна драма, која го следи животот на 2 сестри, кои се враќаат дома, соочени со смртта на нивната мајка и новата маќеа.

Првиот дел ми беше крајно досаден, монотон. Малку личности, малку зборови преку језива и мрачна атмосфера, почна да ми предизвикува поспаност и депресија. На делови доста конфузен, измешан, хаотичен, ама пресвртот запрепастувачки. :vozbud:
Последните 15 мин беа вистинско ремек дело, каде што конечно почна да се отплеткува целата приказна и да се пополнува сложувалката.
Она што посебно ми се допадна е тоа што фокусот не е ставен само на приказната како таква, туку посебно внимание е посветено на визуелниот аспект и самата атмосфера. Некои делови навидум делуваат расфрлано и изгледаат непотребно и занемарливо, ама се доста важни.
Една многу слоевита драма, која делува предвидливо на прв поглед, ама на крајот добивате WTF момент, кој буквално ќе ве остави без зборови.

Одлична режија, прекрасна глума. Клаустрофобични кадри кои ствараат баш језиви моменти и сето тоа надополнето со убава сценографија и музика.
Она што ми се допаѓа кај азискава кинематографија е тоа што нема многу крв, туку е пребогата со језивост, за разлика од Холивуд, кој се концентрира на вриштење, убиства, мрак, чудовишта.

8/10 само заради преспориот и досаден почеток

Големо благодарам за предложувачот, навистина ми се допадна филмов, по сопствена иницијатива сигурно немаше да го гледам:pipi:
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.057
Поени од реакции
6.715
Она што ми се допаѓа кај азискава кинематографија е тоа што нема многу крв, туку е пребогата со језивост, за разлика од Холивуд, кој се концентрира на вриштење, убиства, мрак, чудовишта.
Јас добив азијски филм во кој има вриштење, крв, гадост. :D

Ќе пишам покасно али предложувачот мој ми го заеба битието малце вчера хахах
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.057
Поени од реакции
6.715
Audition

Мислам долго време ми стоеше филмов во watchlist, го имав и во лаптоп, никако да му дојдел редот. Али затоа сега немаше кај да бега :D

Годинава станав огромен фан на хорор жанрот, мислам дека 2022 имам изгледано највеќе хорори и се почна ради Џон Карпентер и неговиот In the Mouth of Madness . Пред тоа гледав тук тек некои од познативе хорори ама сите ми биле слаби или просек/малце над просек, што знам, не паѓам толку на млитави приказни со ефтини jump scares.

Audition почнува доста бавно, за на крај да ми ја ебе душава и да не можам да заспијам во сред работна недела. Саат ипол филмот те опушта, те вози лабаво за да си помислиш диќ, па ова е драма, до сега ништо не видов што може да го класифицира како хорор, што ли толку може да се случи во последните 20 минути... Мислам дека баш ради бавното темпо успеа да ме отепа на крајот, значи од 0 до 100 отиде за една секунда, те креваше високо во комфорт зоната за да те тресне од земја и да ти ја распрсне секоја клетка.
Не сум гадлив човек и ретко што може на филм прикажано да ми ги преврте цревата, ама имаше една сцена каде што цревата чвор ми ги направи, сакав што е можно побрзо да заврши ( вајда тие што го имате гледано филмов ќе знаете за која зборувам).

Прочитав дека уствари книгата доста се разликувала и дека книгата добро го објаснува плотот, што мене тоа не ми се свиѓа, филмот ми беше мистерија, кога заврши не бев сигурен што изгледав. Да знаев што се случува може немаше да ми има таков импакт, многу повеќе сакам кога работите завршуваат со моја интерпретација. На пример врска немав што се случува во dream sequence-от, отпосле си створив некои теории ама ако ми беше тоа објаснето ќе ми беше жмк.

Доста солиден филм, баш тоа што сакам, фала!

8/10



Пс: гледам многу јапонски работи и ако чујам некаде kiri kiri kiri ќе врискам, PTSD...
 
Последно уредено:

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.517
Поени од реакции
13.804
Deep Red (1975)

Еден пијанист случајно ке се најде на место на злосторот и ке биде сведок на брутално убиство кое ке сака да го разреши. Има ли хорор? Ни Х.
Обична мистерија/трилер од 1975. Досаден, глуп италијански филм со добра музика.

2,5/5
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Hereditary (2018)

Кога излезе филмов имаше голем хајп околу него ама јас сепак не го гледав зашто не сум многу по хорори, а не сум пошто поновите хорори главно повторуваат клишеа од старите и ретко нешто ме одушевува од тој жанр. Плус за филмов знаев некои мали спојлери па мислев дека тоа ќе ми го расипе впечатокот.

Ама главно не сум бил во право. Филмов е одличен и еден од најдобрите хорори во последните години. Не очекував дека е ептен slow burn. До пола филм дејствува како мрачна драма, а потоа почнува хаос кој тера до крај. Дури една сцена при крајот на филмот успеа да ме преплаши, што ретко ми се случува.

Тони Колет е неверојатна тука. Ваква глума немам видено одамна. Голема штета е што женава не беше номинирана за Оскар за улогата.

Браво за предложувачот дека ептен ми го погоди филмот. Баш се надевав дека ќе добијам ваков хорор а не нешто со крвишта или зомбија зашто стварно не ми се интересни такви филмови.

8/10
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.057
Поени од реакции
6.715
Браво за предложувачот дека ептен ми го погоди филмот. Баш се надевав дека ќе добијам ваков хорор а не нешто со крвишта или зомбија зашто стварно не ми се интересни такви филмови.

8/10
Еден од подобрите хорори што ги имам гледано, камерата беше маестрална, боите перфекција. Се мислев дали да ти пуштам Карпентер филм дека видов немаш ништо изгледано ама се одлучив за нешто поново.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Angst (1983)

Интрото на филмот не види кон животот на Вернер, од раѓањето, па се до моментот кога привремено излегува од затвор.

Дејството на филмот се одвива во еден ден, од моментот на излегување од затворот, до пронаоѓањето на затскриената куќа до убиството во тричленото семејство (иако, технички, не ја уби старицата). Со оглед на неговиот историјат, пред се криминален, а потоа и психијатарски, се поставуваат низа прашања околу процесот на ресоцијализација и пуштањето на слобода поединци кои очигледно дека се и ќе бидат опасни за општеството. Системот, по овие прашања, одново и одново потфрла.

Убиствата не му се методолошки, дури и му се напланирани и крајно несмасни. Мислејќи дека обива празна куќа, воочува дека не е и се пронаоѓа себе си како глушец во стапица, почнува да го фаќа страв, да паничи и ги напаѓа.

Секако, ако филмот е базиран на вистински настани, треба, помалку или повеќе, да ја следи доследноста на приказната. Некои приказни се подосадни, некои се поинтересни. Во Ангст фалеше драматичност, фалеше тензија, фалеше динамичза мене немаше елементи на хорор. Секој елемент можеше подобро да се долови, посебно при последното убиство. А нешто што беше позитивно, во филмот има многу скриена психологија, како на пример сцената со кобасицита со ресторанот.

Чисто компаративно, пред некој ден гледав филм со идентична тематика (The girl next door), за најбруталното злосторство во државата Индијана. Дури ми ги поткопа темелите на аргументите против смртната казна. Далеку потежок филм за гледање.

Немавме време да се запознаеме, а со тоа и да се поврземе, со ликовите. Немаше никаква интеракција. 99% од филмот беше внатрешен монолог.

Меѓу другото, главниот актер, со тоа штракавите очи, ист Голум од LotR.

Филмот е циклус: затвор- улица-ресторан-куќа-ресторан-улица-затвор. Се враќа таму каде што почнал, завршува од таму каде што дојде.

За мене беше 2/1, од една страна мрачно филмче кое ми се погоди периодов, а од друга страна и Клупско филмче. :pipi:
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.203
Поени од реакции
8.296
deep red

Еден пијанист случајно ке се најде на место на злосторот и ке биде сведок на брутално убиство кое ке сака да го разреши. Има ли хорор? Ни Х.
Обична мистерија/трилер од 1975. Досаден, глуп италијански филм со техно муЗика.
1/5


пошто имав и бонус филм a љубител сум на хорори решив да го изгледам и тој

It Follows

Незнам како сум го пропуштил овој до сега, ми легна како дете на цреша качен, одлични хорор моменти, нешто налик како final destination, овде да се ослободиш од духови мораш некој друг да намамиш за да се ослободиш од нив. добро возење имаше тие 80те ги обожавам и то.

4/5
 

Kajgana Shop

На врв Bottom