- Член од
- 22 декември 2011
- Мислења
- 2.342
- Поени од реакции
- 5.464
A Quiet Place
Знаев дека овој ќе го добијам, дури и јас сакав да го предложам ама ме претркаа. Гледан ми беше уште одамна, ама во заборав и добро ми дојде како потсетник зошто видов имало и друг дел. Ги пукнав и двата во една вечер, уствари во вечер и утро оти заспав на вториот.
Во глобала се работи за пост апокалиптичен свет во кој чудовишта ги ловат луѓето преку звук. Едно семејство успешно се прилагодило во тој свет, користејќи знаковен јазик, но работите искачаат од контрола една вечер.
Генерално класика survival филм, во стилот на првите две сезони на Walking Dead. Само што овде многу поубаво е скоцкано се, приказна на место, објаснето. Најдоброто е логично, не е како во други survival филмови каде што има сцени каде што некој се претвара во Рамбо. Плус и двата дела траат по 90мин, нема многу тупење, не ти дава момент за здосадување и двата да ги изгледаш одеднаш ќе ти биде како еден филм.
Првиот филм ми беше досаден до пола ама ја бев крив оти го гледав без превод, па гледав мимики без врска пред да ми текне чекај бе овој имаше превод за знаковниот јазик. Ама како за реприза солиден.
Слободно можам да кажам дека е најдобар post apocalyptic филм некогаш, не дека имал голема конкуренција за тоа.
И двата дела 9ка од мене.
А и да, овој филм не би го сместил во хорор. Ако овој е хорор тогаш и филмови како World War Z и War of the Worlds се хорори.