Secret Movie Halloween

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Добредојдовме назад најмили филмаџии, филмомани, филмофили, и други други фенси имиња за љубителите на седмата уметност!
На време сме за спуки сезоната, со која што после неколкумесечна пауза се враќаме на една од моите омилени теми на форумов: SECRET MOVIE!

Октомври, како и целиот филмски свет што прави, го посветуваме на ХОРОРИ!
Слешер, хорор-комедија, психолошки хорор, хорор-трилер, азијски, европски, холивудски, секакви! Овој месец го славиме еден од моите најомразени жанрови, но знам дека има многу љубители на овој жанр на форумов и се надевам дека ќе ги израдува темава, па јас и @grande-juve ги покануваме сите членови на форумот да земат учество на нашиот брејн чајлд.

Ќе се потсетиме кратко на правилата и почнуваме!

Правилата:

На секој член (Трикстер) што учествува ќе му се додели друг член (Тиквичка) на кој што ќе треба да му даде некаков персонализиран предлог за филм.


Тајмтејбл:

09.10.
Сите заинтересирани членови се пријавуваат во темава најдоцна до 9ти октомври.

10.10
На 10ти октомври со помош на генератор се избираат Трикстерите и истиот ден се известуваат кој ќе биде нивната Тиквичка.

16.10.
Трикстерите имаат рок до 16ти октомври нивниот предлог-филм да го испратат во мојот инбокс, кој потоа експресно ќе биде препратен кај соодветната Тиквичка, доколку сакате може да оставите и некој коментар/порака до вашата Тиквичка зошто баш тој филм сте го избрале.

*тој што ќе треба мене да ми предложи филм, ако сака да остане анонимен, нека го прати во пп кај @grande-juve, а после тој ќе ми го каже само насловот.

31.10.
На 31ви октомври сите треба да го имаат изгледано филмот и да имаат напишано впечатоци за предлогот во темава. Откривањето на Трикстерот е по лично убедување, и никој предложувач нема да биде откриен доколку самиот не одлучи да го направи тоа.

Ќе ги замолам меѓу другото, сите коишто имаат испуштено да напишат рецензија за некој од претходните филмови (меѓу кои и јас), да го направат тоа најскоро што можат во соодветната тема.

Happy spooky season everyone!

Почнуваме!
 
Последно уредено:

McLovin

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.669
Поени од реакции
10.063
tumblr_mfi950mZjp1rp0vkjo1_400.gif


Само да напоменам дека немам изгледано голем број хорор филмови.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Должам еден филм од последниот Secret... предизвик, ама се пријавувам и на овој. Ќе ги гледам и двата, I hope.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom