Мислам дека Висерис преекспоненцијално старее во однос на останатите ликови.
Најголемиот проблем на оваа серија е отсуството на секундарни, позадински ликови. И да, првите епизоди беа мостот, отскочната даска, подготвувањето на теренот, за она што ќе го гледаме наредната сезона. Но имам впечаток дека, во дел од епизодите, дејството стагнираше, не се случуваше ништо, се пополнуваше простор, простор кој можеше да се употреби за разработка за секундарни ликови кои ќе внесат повеќе тензија.
Башка, после последниот time jump не ги знаеме ниту оние кои седат во малиот совет! Тие се од суштинска важност, а често имаат и пресудна политичка важност, при креирањето на заплети и конфронтации. Вака одма влегуваме во...ајде, настаните кои следуваат. Тука ја гледам штуроста. Требало повеќе да се посветат на разработка на ликовите.