Уффф серијава... Ако после 5та епизода бев прилично разочаран, после 6тава сериозно размислувам да ја баталам.
Дефинитивно најголем проблем и' е што толку брзо шифтаат времињата и не ни остава простор да се поврземе со ликовите. Таман се привикнав на Ренира - бам во 6та епизода нова актерка. Маж и' во 6 епизоди 2 пати го сменија
Друг голем проблем е што нема никаква опасност, загриженост за ликовите, ниту некој потенцијален заплет... Нема јасно изразени протагонисти и антагонисти, нема ништо натприродно што може да поремети сè... Сè е измешано во едно големо НИШТО. Bland, empty... За никој од ликовите не ме боли кур. Кога на сето ова ќе се додаде дијалог на ниво на 8ма сезона GoT - совршен рецепт за катастрофа.
Од друга страна нешто што серијава има во изобилие е патетика, my lord, my lady, your grace, и deus ex machina моменти. Всушност, серијава е многу повеќе Downtown Abbey во светот на Game of Thrones отколку prequel на Game of Thrones. Премногу е фокусирано на микро ниво, а немаат ни приближно доволно интересна приказна за вака да ја тераат серијава. Немаше ни еден момент што ме заинтересира, а не па да ме наежи. Пола дијалог е за мажење, раѓање деца, кој ќе биде наследник итн... Џабе нафрлаат разни фамилии, замоци и места кога дури ни за луѓе што ја изгледале GoT немаат никакво значење и само повеќе нè збунуваат, а не па за другите луѓе. Се кладам дека да не постоеше GoT никој немаше ни 3 епизоди да издржи од серијава.
Од техничка страна - сценографија, костимографија и музика се на високо ниво, но глумата е на очајно ниво и многу пречи. Освен Ото, Дејмон, па и Корлис (а мене лично ми се допаѓаше и млада Ренира) - сè останато е боранија.
Ептен е очигледно дека HBO сака да го молзи GoT светот, но наместо да ги исправат грешките од последните 2 сезони на GoT - они не само што ги повторуваат туку прават и нови.