Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Нетфликс е океј да го имаш 1 година, за некој што не глеа филмови и серии секој ден ова е таман период да се изгледа се што е квалитетно и потоа да го избришеш акаунтот. Поготово сега кога Макс е скоро секаде достапен, еве конкретно во Македонија. Ем е многу поефтин, ем има доста појака содржина и ги нема оние глупи продукции на нетфликс.
 
Можеби поради супердупер квалитетната содржина што ја имаат како на пример следново дело:

Ај ова потсеќа на тој со Шварценегер како што те цитирал Спојлер. Ама овој?

И мене Нетфликс ми станува се подосаден последно време, ама кога немам подобри опции ќе терам уште некој период со ова зашто ми е од голема предност што има Kids секција каде син ми може да ги гледа сите оние Кокомелон и Литл Бејби Бам без реклами. Или тоа, или за YouTube ќе плаќам.
 
Последно уредено:
MV5BMGJjZGUzZWItMmY4Yi00NWQ2LThmZmMtMzQxOTExZjA5ZmZlXkEyXkFqcGdeQXVyMjMwNDgzNjc@._V1_FMjpg_UX1000_.jpg
Огромна разлика!

Едниот е глупа комедија со goofy идеја, башка си пишува дека е жанр Sci-Fi. Има куп филмови и серии коишто имаат вакви идеи за комедија, со бајат хумур како мажи што се облекуваат како жени и слични такви идеи за комедија, Роб Шнајдер тип на филмови.

Серијата од Нетфликс е со намена да упати некаква порака, во самиот опис ти пишува дека е драма за маж кој се бори со стереотипи и предрасуди. Ништо ново за Нетфликс, скоро сите филмови и серии од малкуте што ги имам гледано од нив е со некаква порака и агенда.
 
Eh, mozese da zapres kaj Dark, oti nisto drugo od najbrojanovo ne vredi osobeno Witcher, a Dark dodusa ne mi e gledano nisto i nisto ne znam za serijata.
Ozark и The Crown во секое време пред The Witcher.
Автоматски споено мислење:

Just Mercy (2019)
Добар филм според вистинита приказна.
 
Да бе, сакаш да не натераш да гледаме филм со Бри Ларсон.
Нече мочи ове ночи.
Едвај ја има. Се е околу Мајкл Б.Џордан и Џејми Фох.

Солиден филм, ништо спектакуларно. Еден од оние филмови во кои се обиделе да најдат актери кои личат на вистинските ликови од филмот. Исто така, доста прецизно ја следи вистинската приказна, нема многу импровизација.
 
You won't be alone испадна солиден, повеќе филозофски отколку хорор (што мене ми одговара). Дефинитивно би го скратил, некои сцени беа премногу репетитивни, ептен бавен вака. Другото се ми беше ок, вака не процесиран и свеж 7.5/10.

Sent from my GM1913 using Tapatalk
 
Каде да го гледам?
 
Пари потрошив на The Northman :D

Многу досадно, предолго и претенциозно срање што требаше да биде само една обична викингшка авантура акција за одмазда на убиениот татко. А не па дека се изнагледавме викинзи и слично освен во една сцена, најспората тепачка на светот. Останатото е тапкање у место, спори сцени, ѓаволи, магии, вештерки, чуда врагови. Среќа Итан Хок малце траеше. Скарсгард беше океј, само многу лошо фризурче носеше, со дугачка коса беше прејак. Никол Кидман е таман. Ања исто. Бјорк и Вилем Дефо у една сцена постоеа.
Сфаќам ја дека режисеров си поштува вештерки, магии и слично, ама многу споро и неинтересно да го ебам.
Доаѓа како роб у едно селце кашто убиецот на татко му е главен поглавар и одма најде вештери да му претскажуваат што ќе се деси, па еден меч најде што не можеше да го извади од футрола доека не дојде часот којшто му го претскажа исечената глава на Вилем Дефо. Вештерките све му кажаа а од друга страна жителите и тој Фјолнур немаа поима кој им ги убива луѓето и што всушност се дешава. 100 пати имаше шанса да го убие

Добар беше сетингот, имаше прекрасни кадри и одлична кинематографија. Приказната мех, реализацијата досадна и глупа. Се на се тапа филм. Преценет, се надевам ќе му падне оценката што ја држи на имдб.

Ја користам приликава да му се извинам на Revenant.
 
Следен пат не оди в кино со родителите
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom