GLADIATOR II (2024) - Тема за тие што гo гледале филмот! (SPOILERS!)

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Мене поентата ми е дека е сосема добар филм (како филм) и дека не е во ред да се оцени со 1 заради несогласување со политичките, религиозни и други ставови. Најпрво треба да се гледа од филмски аспект, а после се друго.

Инаку како сатира филмот е слаба сатира, затоа што сатирата треба да е суптилна. На моменти повеќе е пародија отколку што е сатира. Но си има и комедија и драма, и смешни и тажни моменти, и добар микс е од двете.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Добар си е филмот, освежување шо би се рекло. И темата таман си беше погодена, башш добро пресликана глупоста на денешниот човек и масирањето со баналности. Ја би го направил уште подиректен и повулгарен филмот, ама во секој случај е далеку од лош филм.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.392
Поени од реакции
25.200
Го гледав пред некој ден, ме бомбардираа од сите страни но се воздржав да прочитам било што за филмот пред да го пуштам. После првичните сцени (не знаев ни каков жанр или комбинација од жанрови ме очекува) филмот добива некаков ритам. Доаѓаат сцените со дејли шоу-то, бизнисменот, претседателката, итн. За првиот случај си викам - еј стварно е вака, за другата ситуација - еј колку сме само опседнати со интернет додека светот ни се руши, за третото - еј таман работа дека филмот го имитира животот севкупно.

И тоа беше тоа. Метафора која би ја нашол на тикток компилација.

После првиот час изгубив интерес, најмногу поради тоа што во филмот нема ликови. Двајцата протагонисти се монотони и досадни. Џенифер Лоренс, иако ми е антипатична, извади максимум од нејзиниот и онака лимитиран лик. Буквално не ѝ дадоа ништо со кое што може да работи - соединувањето со професорот е незабележливо. Мислев дека тука ќе има некаква драма и ќе се откријат некои внатрешни конфликти помеѓу двајцата протагонисти, но немаше буквално ништо од ова, напротив, се беше еднодимензионално. До крајот на филмот не ми беше гајле дали некој од нив ќе преживее или не. Последната сцена беше emotion-driven но не извлече буквално ништо од мене затоа што веќе се откажав од протагонистите.

Тоа според мене е главниот проблем на филмот. Немам намера да го гледам како пропаганда (секој филм е пропаганда, посуптилно или директно), туку сакам да му пристапам драматуршки. Без ликови тешко запнува приказната, и сигурен сум дека и останатите што не го сакаат филмот поради тоа што тежи кон една страна цело време, би прогледале низ тоа ако имаа како да се поврзат со протагонистите. За ти издржи филмот во времетраење од 2:20 треба да имаш нешто кое ќе го движи напред цело време. Овде, се се враќаше назад - репетиција на монтажни секвенци, неважни епизодни ликови и долги дијалошки сцени онаму кога требаше да вметне нешто ново.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129

Фала ти @џимеј :love:

Филм без саглам осмислена у напишана приказна што како што викаш после еден саат веќе не ти е гајле што ќе се деси.

Мене ме изгуби кога се појави Шаламеј/Шаламет, а можда и порано кога Лео почна да ја дупи водителкана.

Муабети за тоа дека го хејтаат само луѓе што се против политички, религиозни и какви не ти ставови се посмешни од самата сатира што ја имаше (читај: немаше) у филмот.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Муабети за тоа дека го хејтаат само луѓе што се против политички, религиозни и какви не ти ставови се посмешни од самата сатира што ја имаше (читај: немаше) у филмот.
Кхм, кхм... ако бев прозван поради последните постови, никаде не реков дека само тие луѓе го хејтале. Филмот влегува во love/hate филмови, види му критики само ќе видиш еден тон кецови и десетки. Се си е легитимно. Зборувавме за одмереност во критика, мене лично ми смета за било каков филм кога некој ќе излезе со „седи кец“ само затоа што е батхрт од политичката или религиозна порака на филмот.

Инаку филмот можеш да не го сакаш и поради приказната, сценариото, глумата, музиката, брадичката на Лео или фризурата на Џени, ама како и да е, малку објективност при оценување не е на одмет.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.726
Поени од реакции
42.317
филмчето е woke али не in a bad way. Џабе сиот хејт кога реално не учи на добри лекции.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Кхм, кхм... ако бев прозван поради последните постови, никаде не реков дека само тие луѓе го хејтале. Филмот влегува во love/hate филмови, види му критики само ќе видиш еден тон кецови и десетки. Се си е легитимно. Зборувавме за одмереност во критика, мене лично ми смета за било каков филм кога некој ќе излезе со „седи кец“ само затоа што е батхрт од политичката или религиозна порака на филмот.

Инаку филмот можеш да не го сакаш и поради приказната, сценариото, глумата, музиката, брадичката на Лео или фризурата на Џени, ама како и да е, малку објективност при оценување не е на одмет.
Не постои објективност при оценување. Секоја оцена е субјективна.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не постои објективност при оценување. Секоја оцена е субјективна.
Добро, се согласувам, ама знаеш на што мислам. Кога ќе те испизди некој филм и наместо 6/10 му лупаш кец. It happens to all of us.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Џонтра да не го гледа You Won't Be Alone :D
'You won't be alone'
Сакав и ја да пишам ова, ама ме мрзеше ноќеска. :D Џони филмот не е за тебе, најозбилно.

Филмов ми делуваше ко продолжение на првата приказна со вештицата од 'Врба'. Само помрачен.

За хорор не е хорор и ова доаѓа од лик што не сака хорори. Таа вештицата беше одвратна за гледање што значи пофалба за костимот и шминката, како ја имаат дуздисано романката Ана Марија, од слатка женска до грдо суштество, браво.

Одлична фотографија. Наша Сара добар дел од филмот го носи на свои плеќи, Камка стандард одлична со воведните 20 минути од филмот, другиве наши имаа помалце минутажа (Ирена, Верица, Шенка и Никола). Шенка во улогата на животот (раскажува приказни на внуците). :D

Од странциве Noomi Rapace беше одлична, другиве ништо посебно не ми беа.

Солиден филм што ми го задржа вниманието до крај, ама некако ми фалеше нешто во него, поголема длабочина, ептен плиток ми беше. Може и ја очекував премногу.
Искрено ја не видов ништо визионерско/револуционерно во филмов.

Ако некој планира да го гледа, гледајте го со англиски превод, зашто добар дел од филмот е на влашки, а кога зборат на македонски едвај ги разбирав, пошто е некој западен дијалект (посебно Сара).

Малце го преценив со 3.5/5, ама ај нек стои ко поддршка за нашето дете Аустралијанче.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.163
Поени од реакции
10.129
Префрли ми го мислењето од другата тема. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.771
Поени од реакции
36.702
Солиден филм што ми го задржа вниманието до крај, ама некако ми фалеше нешто во него, поголема длабочина, ептен плиток ми беше. Може и ја очекував премногу.
Искрено ја не видов ништо визионерско/револуционерно во филмов.
Јас па баш чиста десетка му дадов зашто филмов беше повеќезначен, слоевит и навистина длабок. Со овој дел од твојата рецензија не се согласувам воопшто. Мене толку ме вовлече, што не трепнав ни секунда и некако прекратко ми заврши. Филмов беше имитација на животот за мене (а и животот е краток, нели). Невена беше оставена во пештера, каде што порасна како ембрионите што растат во утробата на мајката. Не можеше да научи ништо за животот, зашто животот околу неа беа само ѕидовите на пештерата и небото горе, ништо друго. Мајката е присутна, тука е, доаѓа, слично како што и мајката во бременоста е тука за ембрионот, го штити во својата утроба онака како што и Камка (не знам како се викаше нејзиниот лик) ја штитеше Невена. Но не можеше да ја научи ништо за светот надвор. Невена беше tabula rasa. Дури откако Марија вештерката дојде и ја изведе надвор од пештерата (утробата), Невена почна да го осознава светот. Научи за сонцето, за облаците, за дождот, за реката, за тревата, за птиците... (и се тоа беше прекрасно претставено со извонредната кинематографија која маѓепсуваше, налик на Tree of Life на Теренс Малик). Подоцна, најпрво стана жена, ги научи емоциите, научи за насмевката, за солзите, за тоа кога смее жената да зборува, а кога не (и повторно со една прекрасна, симпатична претстава во која за оние поими кои и беа апстрактни даваше описи преку нешта кои ги знаеше (пр. солзите ги викаше: окотечие, или така некако, што мене ми беше пресимпатично). Таа осознаваше со една жед за учење каква што имаат малите деца. Буквално беше explorer во новиот свет. Подоцна научи и што сакаат животните, кога стана куче, па мажите, кога го зеде телото на мажот. За најпосле, преку телото на детето да дознае што значи семејството, што значи играта, другарството... И на крај - љубовта! Се се тоа работи кои Марија никогаш не можела да ги научи, зашто нејзиното срце беше полно со омраза, и додека Невена беше жедна за знаење, Марија беше жедна за одмазда. Таму лежи и одговорот на нејзиното прашање: „како тебе ти успеа, а мене не?“ Токму како што и во животот им успева на оние кои сакаат да знаат нешто повеќе, на оние кои цело време учат и осознаваат нови работи. Оние полни со завист и желни за одмазда и кои сакаат да напакостат на другите остануваат сами, отфрлени од сите, огорчени, и така и завршуваат, исто како што заврши и Марија. И крајот беше убаво обмислен: животот е полн со препреки, полн со несреќи кои те обележуваат и те распаруваат онака како што и на крајот Билјана остана без своето чедо кое толку го сакаше и се трудеше да го заштити од Марија (суровиот живот) која цело време и одземаше се што има. Но сепак, изнајде сила да ја убие, и тоа е прекрасна парабола дека и покрај се, доброто на крајот победува.

Не знам, за филмов имам толку многу да зборувам, што ми се губи мислата на сред реченица од што сакам многу работи да кажам наеднаш. Се надевам ќе се развие поголема дискусија и повеќемина ќе го гледаат, за да излезе на површина се она што носам во себе. Јас бев опиен од убавини! Поинаку не можам да го опишам ова! Се надевам и најискрено посакувам Велика Британија или Австралија да го пријават ова ремек дело за нивни кандидат за Оскар за интернационален филм, зашто навистина заслужува и мислам дека вреди цел свет да го види. Знам дека на многумина нема да им легне, зашто не е едноставен филм и е тежок за следење, особено со цел тој внатрешен монолог и отсуство на дијалози и затоа што тука повеќе сликите раскажуваат од гласот (што повторно многу потсетува на Малик), но убеден сум дека ќе има многумина како мене за кои ова ќе биде едно од најубавите слатки задоволства кои ги пробале во животот. За мене е и еден од најубавите филмови од последниве години и жалам и се срамам што Македонија не учествувала во снимањето на ова ремек дело. Мислам дека не е исклучена можноста и на крајот, ако не биде британски, австралијански или евентуално српски претставник, да биде наш, зашто мислам дека на Оскарите се бара во снимањето на филмот да има доволно креативен пристап од државата што ја претставува, а тука не само актерите, фолклорот и јазикот, туку целиот филм е со македонски печат на него, но мислам дека шансите за тоа се екстремно мали. Како и да е, што и да се случи, сакам ова да успее, да собере многу награди и да го видат што повеќе луѓе со тие очи со кои го видов јас.

A masterpiece! :cuc:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom