Вака, дисциплината, задржувањето на фокусот на највисоко ниво цели 90 минути, се помалкуте почетнички грешки(кој ги имавме доста во минатато), добрата организираност(посебно во одбрана), брзата трансформација одбрана-напад со инзворедно уиграни комбиации во полу-контри/контри, сето тоа читање меѓусебно(диру и заврзани да им се очите) е резултат на овој достиг кој се надевам дека нема да запре до тука, ке се крева достигот и во вторник и здравје во Јануар.
Сега малку стручно фудбалски да влезам. Тактиката се исплати, Трајковски десно Чурлинов лено, Ристовски со безброј заградени(зачувани) топки, освоени, воздушни дуели, фаули добиено посебно на средина од терен, според мене тројцата избркаа одлична работа. Мислам дека Ристовски одигра многу слично на она што го одигра Трајковски поритв Германија во Дизелдорф, заврши преголема работа со сите горенаведени работи, мислам дека не е целта само гол да дади, сепак има и ногу други побитни елементи кој се приметија во него на овој меч, тука пред се тимската пожртвуваност. Средината солидна, Адеми како и секогаш дели во перформанс, Барди добар исто но сепак се гледам дека му фали поголем, поинтензивен, поконстантен фудбалски ритам, неспорно е дека заслужува во многу поголем тим, но неспорно треба да е и фактот дека нема баш сезона од соништата сезонава со Леванте. Николов иако слаб со топка(как и секогаш), малку паничен во обрана и недобро позициониран, сепак останува еден ако не и надобар duty player што некогаш го имала Македонија. Одбраната целокупно добра, поготово Муслиу и Ристовски со милионите интервенции и блокади пред голот на Столе. Можда Џани потфрли на ритамот, причината се знае, иако со пожртвуваноста беше како и секогаш на ниво. Се слагам со еден од погорните коментари дека играта живна, доби друга димензија кога Ашковски влезе во игра, потполно се слагам.
Мечот со Португалија мислам дека ќе се одвива во сосема друг тек. Очекувам меч со отворен гард, значи сосема сосема различен од овој. Знаеме како ќе дејствуваат Кансело и Мендез/Героро(кој и да е небитно..), знаеме дека странично ќе бидеме премногу притиснати и ограничени во просторот за игра, но со Елмас гледам мал простор во средината кој може да се овои, да не заборавиме дека Португалија не е сјајна во одбрана со стариот Пепе, Фонте од заминувањето од Саутемпптон веќе не е класа играч според мене. Тука ја гледам шансата(од средина) да се пробие, Данило(кој патен е спор но физички е голем) да биде надмудрен од Барди и Емлас кој се пак технички ногу спремни. Треба да се пази многу на поливалентниот Отавио, за Жота и Роналдо да не зборам, очекувам и од Бруно многу поофанзивно да е позициониран, што нормално за нас значи повеќе простор при контра/полу-контра за нас со Барди и Елмас при осамениот Данило како DM. Има надеж и тоа многу, иако се игра во Порто, неможам да речам дека шансите ни се подеднавки, далеку од тоа, но далеку и од тоа дека на португалците им сме репрезентација по вкус/мерак.
Со среќа во вторник !!!