Secret Movie Valentine

Кој член сакате да ви избере филм?


  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
Темпирано ми е времето за да изгледам и пишам. Густ период со обврски ме фати, а очекував веднаш штом добив да изгледам, ама јок. :))
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.177
Поени од реакции
10.177
Корвувче што е ова од тебе? Ја и Ноутбук го изгледав и Амели го симнав да го гледам, ти ни тој што си го добила не го изгледа, а камоли In The Mood For Love. :cautious:
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.742
Поени од реакции
27.741
Say Anything

Слатко филмче, фала на мојот валентајн. На моменти, во првата половина, ми делуваше некако како да не е добро структиран филмот, расфрлани дешавки без некој солиден трак, или па можеби едноставно не се дешаваа стварите како што јас очекував да се случуваат.

Одличен говор имаше Дајен на почетокот, наместо оптимистички, онака, реален... не знаеме што ни носи иднината.

Лојд ѕверка лик. Целиот раштракан, искрен, директен, заљубен... оваа класично женско, сакам, не сакам, ќе одам во Англија нема да одам, аj да раскинеме, ај не...

Некако како да сакав да биде подолг и да видиме што повеќе ќе се случува меѓу нив. Добар крај, сакам втор дел :D
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.749
Поени од реакции
2.564
Мојот Купидон ја истрела стрелата на која пишуваше Closer, Поблизу или Блискос. Зависи од каде се гледа. Да не го раскажувам, сите сте го гледале овој филм во кој протагонистите ја бараат љубовта, а не ја препознаваат кога ја имаат, па прават разни комбинации и на крај остануваат поискусни.

Гледлив филм, добро изградени ликови и дијалог. Николс си го задржува стилот каде што се фокусира исклучиво на сижето и на главните ликови, како да постојат сами во својот свет, без споредни случки или други ликови.

Благодарам на Купидонот што се потруди да најде наслов што не ми е гледан, а воедно не одбра лигава романска.
 
Член од
22 август 2006
Мислења
497
Поени од реакции
1.000
Купидонот ми го доделил филмот "An Officer and a Gentleman" (1982) на Тајлор Хекфорд, а во главна улога Ричард Гир во младешките денови кога девојките лудувале по него. Од филмот имам некоја бледа слика некогаш како дете можеби сум го гледал на тв и се сеќавав само на сцените од крајот на филмот.
Така да гледеањево ми дојде како добро освежување.

Филмот е за еден младич Зак Мејо (Гир) кој има доста истрауматизирано минато, откако мајка му си го одзела животот тој живее со својот татко кој е лош војник,пијаница и женкар. Мејо незнаејќи што да прави со својот живот решава да се запише на курс за да биде кандидат за морнаричка авијација (да стане воен пилот). Таму налетува на строгиот наредник Фоли кој ќе треба да ги бруси и тренира безмислосно кандидатите за да станат дисциплинирани и прави офицери. Во меѓувреме ја зазпознава и Пола (Дебра Вингер) која ќе му стане девојка. Со нејзина помош и благодарение на наредникот Фоли, Мејо треба да стане вистински офицер, а еден настан (да не давам спојлери) што ќе се случи ќе му го промени целосно неговиот карактер и ќе му помогне да стане комлетен човек со чуства и џентелмен.

Филмот е доста школски разработен, од самиот почеток ја гледаме предисторијата на главниот лик, неговото минато и со тоа веднаш добиваме јасна слика за него и неговата околина и желбата да проба да направи нешто од себе си. Односнот со девојката Пола и односот со наредникот Фоли го прават Мејо тоа што е на крајот на филмот, тие двајца се моторите што го движат и брусат главниот лик. (има еден куп конфронтирачки ситуации и моменти што помагаат ликот да стане тоа што е )
Љубовта во филмот е клучна нишка, не само што некој се обидува и ја пронаоѓа по многу години затворен во себе си, туку и да ја задржиме откако ќе ја најдеме. Но исто така е филм за решителноста, за освојување на љубовта за пронаоѓање сили длабоко од себе за да се постигне зацртаната цел без разлика на околностите во кои сме.

Интересно гледливо филмче, полно со емоции, иако ова не се мој тип на филмови сепак некогаш за промена и за пред спиење е добро.
Би го оценил со 7/10.

Благодарност до купидонот за изборот.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Јас го добив The Bridges of Madison County (1995)

Никогаш посебно не сум сакал романтични филмови, па се надевав дека ќе добијам филм кој ќе биде нешто поразличен од другите во тој жанр, дека ќе понуди нешто неочекувано и дека пријатно ќе ме изненади. И стварно ветуваше кога го добив, пошто ем не знаев ништо за филмот претходно ем видов дека е со филмските икони Клинт Иствуд и Мерил Стрип.

Накратко, се работи за четиридневна афера меѓу домаќинка која се наоѓа во досаден брак и фотограф кој доаѓа на неколку дена во малото место каде живее таа. За аферата дознаваат нејзините син и ќерка, кои доаѓаат во местото по нејзината смрт и дознаваат дека во тестаментот побарала нејзината пепел да биде истурена од еден од мостовите во близина, а да не биде погребана покрај сопругот. Сето ова го раскажува во својот дневник.

Сепак филмот не ми понуди ништо ново. Уште од почеток се гледаше како ќе оди приказната, и на моменти се базираше на стандардни клишеа. Генерално не се поврзав со емоциите и мотивите на главниот лик Франческа, па дури не видов нешто премногу романтично во целата приказна. Очајна домаќинка паѓа на типичен мачомен. Океј, сосема релевантно и нешто што се случува секојдневно. Но филмов не ме убеди како една брза афера може да предизвика толкави емоции кои би траеле цел живот. Посебно кога сопругот на Франческа беше сосема океј човек кој ниту ја малтретираше, ниту се однесуваше лошо кон неа.

Разбирливо е да памети човек што и понудил нешто ново по што еве копнеела... Но не можам да најдам оправдување да го става на пиедестал пред човекот со кој го поминала целиот живот и кој е татко на нејзините деца. На крај наместо да ми е жал за неа, што веројатно е целта на приказната, жал ми беше за мажот и. Посебно во онаа сцена кога се фаќа за кваката на камионот и размислува дали да излезе и да појде со фотографот. Упорно мислите ми одеа на тоа дека човекот не го заслужил тоа. Па уште и да го понижи толку што ќе одбие да биде погребана до него... Тоа што синот и ќерката исто имаа несреќни бракови исто ми изгледаше како клише и како еден вид оправдување за тоа дека така лесно ја прифатија целата работа...

Фала на купидонот, но ова сепак не беше my cup of tea. Оцена 5/10
 

McLovin

Politically Incorrect/Comedian/Mastrubator
Член од
11 август 2016
Мислења
3.648
Поени од реакции
14.235
Да се дадат 5-6 теми и да се гласа на која тема да се организираме.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Еве предлог и од мене.

Пошто на крајот на март се доделуваат Оскарите, може оваа рунда да биде за филмови - добитници на Оскар. Да си предложуваме филмови од било кој период кои добиле Оскар во било која категорија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom