Secret Movie Valentine

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој член сакате да ви избере филм?

  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .
Ова е инаку адаптација на романот „Интимност“ од Ханиф Курејши, не знам дали си го прочитала. Јас не бев многу импресиониран ни од романот. Сум читал многу подобри нешта од Курејши. Дури можам да речам дека филмот ми беше подобар за нијанса.

Еден од ретките романи што сум почнала да го читам, а не сум го завршила. (n)
 
Филмот беше баш паралелно со моето мислење за Валентајн енд стаф.
 
Мојот Купидон ми го предложи
Destination Wedding

Филмов навистина ме измачи. Час и половина преточени во хорор, терор и агонија :(

Станува збор за двајца middle age намќори (Рајдер и Ривс) кои си зборуваат и толку. Најблизок опис на филмов ми се тие двајцата старци што седат на балконот од Мапет шоу и мрчат, ама тие барем беа интересни. Овие во филмов ми беа очајни.
Ова е филм со двајца, нема споредна улога, нема трето лице, нема трет глас, нема музика. Цел филм се само тие двајца и толку. Крајно досаден филм, без никаква содржина, дејство, нем. Едноставно премонотоно, успорено, заморно.
Винона Рајдер ужасни фаци, гестикулации, премно извештачено. Ривс како паднат од Марс, безличен и крајно неуверлив, имав впечаток дека го фатиле за уши и го ставиле пред камера, глума во очај. Филмов можеше слободно можеше да се сними во 1 соба, затоа што цел филм се сведува само на нивниот дијалог и толку, а самата венчавка како венчавка нема апсолутно никаква врска со филмов.

Доколку би го гледала како театарска претстава, веројатно повеќе би ми се допаднала, отколку на филм. Од ваква екипа очекував далеку подобро.

Би го оценила 2/10, само заради гроздовите полиња и винскиот подрум:love:

Купидоне, доколку си го гледал/а филмов, би сакала да го продискутираме. Доколку не си го гледал/а топла препорака да не го ни гледаш :pipi:
 
Јас го добив објективно најромантичниот филм, Casablanca.
Оценката и сите фрази кои ги познав иако го немав гледано досега, го покажуваат тоа.

Лично, фан сум на жанров, после трилери ми е омилен, па имам изгледано куп романси, од посериозни до тралалајка лимонатки, бар од 90ти навака. Но не сум некој фан на црно беливе, постари филмови. Малце набив кондиција со филмовите на Џек Лемон, но тоа е зашто тој ми се допаѓа премногу ко актер.

Во Втора Светска, Рик Блејн е сопственик на бар во Казабланка, Мароко. Американец, неутрален, се грижи за себеси, не сака да се оптеретува со проблемите на другите и да дава услуги. По сплет на околности, до него стигаат писма со визи, кои се во голема побарувачка во Казабланка, која служи за транзит од Европа кон Америка. Истата вечер, во барот влегува еден од најбараните лидери на опозицијата заедно со Илса, која претходно имала кратка романса со Рик, што не завршила најдобро. И тие се во потрага по истите визи, да речеме дека мора некако да ги добијат.

Да се заблагодарам на предложувачот, потрошил/а време да најде нешто стварно добро, што не сум го гледала. Нема да погодувам кој/а е, на многумина им е гледан.

Објективно, мора да се согласам дека филмов е чиста десетка. Посебно фактот што не изгубил ништо во последниве 80 години од кога е направен. Задржува внимание цело време, глума, дијалог, приказна, се е на одлично ниво. И стварно покажува љубов, од сите главни ликови, на различен начин.

Субјективно, му дадов 8/10.
За повеќе вакви филмови треба да ме дирнат на малце полично ниво. Само тоа ми фалеше овде, што е скроз субјективна ствар, и не влијае на квалитетот на филмов што стварно се покажа ко вредна класика.
 
Мојот Купидон ми го предложи
Destination Wedding

Филмов навистина ме измачи. Час и половина преточени во хорор, терор и агонија :(

Станува збор за двајца middle age намќори (Рајдер и Ривс) кои си зборуваат и толку. Најблизок опис на филмов ми се тие двајцата старци што седат на балконот од Мапет шоу и мрчат, ама тие барем беа интересни. Овие во филмов ми беа очајни.
Ова е филм со двајца, нема споредна улога, нема трето лице, нема трет глас, нема музика. Цел филм се само тие двајца и толку. Крајно досаден филм, без никаква содржина, дејство, нем. Едноставно премонотоно, успорено, заморно.
Винона Рајдер ужасни фаци, гестикулации, премно извештачено. Ривс како паднат од Марс, безличен и крајно неуверлив, имав впечаток дека го фатиле за уши и го ставиле пред камера, глума во очај. Филмов можеше слободно можеше да се сними во 1 соба, затоа што цел филм се сведува само на нивниот дијалог и толку, а самата венчавка како венчавка нема апсолутно никаква врска со филмов.

Доколку би го гледала како театарска претстава, веројатно повеќе би ми се допаднала, отколку на филм. Од ваква екипа очекував далеку подобро.

Би го оценила 2/10, само заради гроздовите полиња и винскиот подрум:love:

Купидоне, доколку си го гледал/а филмов, би сакала да го продискутираме. Доколку не си го гледал/а топла препорака да не го ни гледаш :pipi:
Нормално дека го имам гледано инаку не би можел да предложам филм ако не сум го гледал.Извини што ти бил досаден и не ти се допаднал но намерно сакав да одберам малку "поразличен" романтичен филм бидејќи не сакав да одберам класичен лимонада романтична комедија.
Цел филм е вербален дијалог и е basic и awkward,филмот дефинитивно не е за секого.
Мене ми се допадна идејата дека и тие "middle age намќори" може да пронајдат љубов :)
 
Купидоне, идејата како идеја е ок. Арно ама middle age намќори, си муабетат, се препукуваат со цинизам и последните 30 секунди од филмот ја пронаоѓаат љубовта, толку. Тажно. Филмов нема никаква динамика, никакво дејство, никаква содржина, никаков заплет. Филм без споредна улога, без музика. Не се случува апсолутно ништо, освен сув дијалог помеѓу нив. Затоа реков филмов можеше слободно да се снима во 1 соба.
Никаде не видов ни Р од романтика, ова е дефинитивно најнеромантичниот филм во категоријата романтични филмови.

Можеби тебе ти се допаднал. Сепак се работи за вкус. Јас само напишав, онака како што јас во доживеав филмов :pipi:нема љутиш
 
Таман работа нема зошто да се лутам сепак за вкусови не се дискутира.
Извини уште еднаш што не го погодив филмот по твоја мерка,јас го дадов моето образложение зошто го одбрав токму тој филм ми а ти се изјасни зошто не ти се допаѓа,тоа е што е филмската лента и понатаму ќе продолжи да се врти ;)
 
Нормално дека го имам гледано инаку не би можел да предложам филм ако не сум го гледал.Извини што ти бил досаден и не ти се допаднал но намерно сакав да одберам малку "поразличен" романтичен филм бидејќи не сакав да одберам класичен лимонада романтична комедија.
Цел филм е вербален дијалог и е basic и awkward,филмот дефинитивно не е за секого.
Мене ми се допадна идејата дека и тие "middle age намќори" може да пронајдат љубов :)
Ми скурчија малце они двајца сами у буквално сите сцени, небаре има нетијазнам каква хемија меѓу нив.
 
Ми скурчија малце они двајца сами у буквално сите сцени, небаре има нетијазнам каква хемија меѓу нив.
Дури некои ме убедуваа дека не сум го разбрала филмот, ме ставија во мисла што толку посебно пропуштив :icon_mrgr:
 
Should we expect Secret 8мо Мартовец?
@grande-juve, @Corvus :unsure:
Моментално иам кондиција да изигравам поштар, така да што е до мене нема проблем.

А за идеи слободно кој сака нека дава, дали тематски да биде пак, дали обично... Ако е во чест на жената, врз кои принципи да се води комисијата и така натаму
 
Непопуларно мислење, јас го гледав Destination wedding кога излезе и ми беше сосема ок филмче. Дури и смешен на моменти, али ај да не претерувам сега.
 
Eternal Sunshine of the Spotless Mind

Ми се допаѓа приземноста и рационалноста на мојот предлагач, можеше да ми предложи некое лигаво љубовно филмче, некое со монотона клише прказна, софт-порн или уште полошо: филм со Ричард Гир. Не ме остави на милост и немилост, згора на сѐ ми остави преслатка порака на која ќе се навратам нешто покасно. :X3:

Во самото интро може да се заклучи дека не станува збор за бајковита приказна, но всушност има елементи од една бајка.

Сржта на приказната може да се проследи во (пот)свеста на Џоел (Џим Кери). Интересна визуелизација на режисерот за приказ на сите тие сцени. Од игра со светлината до игра со камерата.

Есенцијата на приказната, пак, е третманот за бришењето на сите спомени (spots) во мозокот од саканата личност. Џоел да се оттргне и да ја заборави таа љубовна авантура која му предизвикува внатрешни војни и тегоби. Скршеното срце го крши и духот. Ова е, навидум, најлесниот и најбрзиот пат за преболување на саканата личност. Клементајн тоа најдобро го знае!

Во самата борба во потсвеста има постепена градација. До сцени со кавги и несогласувања до хармонија. До лежерност до трчање. На самиот старт наседнува и потклекнува, но интензивно решава да пружи отпор и да се бори. Но покрај длабоката волја, на крајот ја губи битката. Штета што само еден од нив длабоко во себе беше решителен да се бори за таа врска.

Крајот беше неочекуван и непредвидлив!

Си-Фи елементите убаво се вклопени во оваа љубовна приказна, а тука е и цитатот од Александар Поуп кој едноставно мора да се искористи во оваа рецензија:

How happy is the blameless vestal’s lot!
The world forgetting, by the world forgot.
Eternal sunshine of the spotless mind!
Each pray’r accepted, and each wish resign’d. :love:

Не можам да ја пронајдам хемијата меѓу Џим Кери и Кејт Винслет (Клементајн). Кери е еден од најхаризматичните актери, а Винслет е една од најнехаризматичните актерки во Холивуд. Згора на сѐ, сето тоа шаренило на нејзината глава, низ филмот, само ја влошува сликата која ја имам, за неа. Ме ми се допадна ни во "Читачот", ни во "Титаник", ни во "Интимни ствари". :oops:

Омилена сцена ми е сцената со Кирстен Данст кога по гаќички и во маичка без градник среќно рипка на креветот. На таа сцена ќе се сеќавам и на мојата смртна постела. :love:

Ова е романтично-неромантичен филм. Повеќе зборува за психологијата на врската и реалните очекувања, подеми и падови, успеси и неуспеси, отколку за константното цветање ружи и живеење во некоја љубовна слепа хипноза. Доста реалистен приказ на една зрела врска.

Не беше лошо филмче, не по мој вкус, и ако мора да го оценам би му дал 6/10.

Да се навратам на пораката, беше преслатка. Имам одредена насока, со оглед на трошките оставени во истата , кој е мојот Валентин односно која е мојата Валентина (намерно ја извртувам терминологијата). Три години немам стапнато во кино, а многу ми се оди! Со оглед на тоа дека морав да го/ја извисам на нашиот филмски дејт, сакам да му/ѝ надокнадам. Нека се тргнат рестрикциите и од мене има карта за во кино за филм по негов/нејзин избор. See you in Montauk! :pipi:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom