Secret Movie Valentine

Кој член сакате да ви избере филм?

  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Eternal Sunshine of the Spotless Mind

Ми се допаѓа приземноста и рационалноста на мојот предлагач, можеше да ми предложи некое лигаво љубовно филмче, некое со монотона клише прказна, софт-порн или уште полошо: филм со Ричард Гир. Не ме остави на милост и немилост, згора на сѐ ми остави преслатка порака на која ќе се навратам нешто покасно. :X3:

Во самото интро може да се заклучи дека не станува збор за бајковита приказна, но всушност има елементи од една бајка.

Сржта на приказната може да се проследи во (пот)свеста на Џоел (Џим Кери). Интересна визуелизација на режисерот за приказ на сите тие сцени. Од игра со светлината до игра со камерата.

Есенцијата на приказната, пак, е третманот за бришењето на сите спомени (spots) во мозокот од саканата личност. Џоел да се оттргне и да ја заборави таа љубовна авантура која му предизвикува внатрешни војни и тегоби. Скршеното срце го крши и духот. Ова е, навидум, најлесниот и најбрзиот пат за преболување на саканата личност. Клементајн тоа најдобро го знае!

Во самата борба во потсвеста има постепена градација. До сцени со кавги и несогласувања до хармонија. До лежерност до трчање. На самиот старт наседнува и потклекнува, но интензивно решава да пружи отпор и да се бори. Но покрај длабоката волја, на крајот ја губи битката. Штета што само еден од нив длабоко во себе беше решителен да се бори за таа врска.

Крајот беше неочекуван и непредвидлив!

Си-Фи елементите убаво се вклопени во оваа љубовна приказна, а тука е и цитатот од Александар Поуп кој едноставно мора да се искористи во оваа рецензија:

How happy is the blameless vestal’s lot!
The world forgetting, by the world forgot.
Eternal sunshine of the spotless mind!
Each pray’r accepted, and each wish resign’d. :love:

Не можам да ја пронајдам хемијата меѓу Џим Кери и Кејт Винслет (Клементајн). Кери е еден од најхаризматичните актери, а Винслет е една од најнехаризматичните актерки во Холивуд. Згора на сѐ, сето тоа шаренило на нејзината глава, низ филмот, само ја влошува сликата која ја имам, за неа. Ме ми се допадна ни во "Читачот", ни во "Титаник", ни во "Интимни ствари". :oops:

Омилена сцена ми е сцената со Кирстен Данст кога по гаќички и во маичка без градник среќно рипка на креветот. На таа сцена ќе се сеќавам и на мојата смртна постела. :love:

Ова е романтично-неромантичен филм. Повеќе зборува за психологијата на врската и реалните очекувања, подеми и падови, успеси и неуспеси, отколку за константното цветање ружи и живеење во некоја љубовна слепа хипноза. Доста реалистен приказ на една зрела врска.

Не беше лошо филмче, не по мој вкус, и ако мора да го оценам би му дал 6/10.

Да се навратам на пораката, беше преслатка. Имам одредена насока, со оглед на трошките оставени во истата , кој е мојот Валентин односно која е мојата Валентина (намерно ја извртувам терминологијата). Три години немам стапнато во кино, а многу ми се оди! Со оглед на тоа дека морав да го/ја извисам на нашиот филмски дејт, сакам да му/ѝ надокнадам. Нека се тргнат рестрикциите и од мене има карта за во кино за филм по негов/нејзин избор. See you in Montauk! :pipi:
Каква рецензија и 6ка јеботе :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.168
Поени од реакции
10.136
Каква рецензија и 6ка јеботе :D
Истото го помислив, читам убави зборови, фалби (освен за Винслетче) и таман сакав да ставам :love: на мислењето кога оцена 6ка. :D
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.154
Поени од реакции
2.732
Blue Is the Warmest Colour / La vie d'Adèle

Фала многу на мојот Купидон, ама не ми требаше филм од 3 саати:D
Сериозно, баш деновиве ми се гледаа пократки филмови и затоа филмов го глеав два дена по саат ипол.
Инаку филмов одамна го имам забележано, меѓутоа никако да се решам да го гледам, ваљда претпоставував за што се работи. Не дека се каам што не сум го гледал до сега, ама па и не сум пропуштил многу. Го изледав само заради девојката, ептен е симпатична:love: И дека сакам француски филмови или било кои филмови со дејство во Франција.
И во другата тема пишав дека не ме бива за рецензии, па во кратки црти ќе пишам. Се работи за една девојка која сфаќа дека можеби и се допаѓаат девојки. Ќе запознае една девојка со плава (сина) коса со која ќе осознае дека сигурно е лезбејка. (Инаку до ден денес не ми е јасно зошто жолтокосите/златокосите ги викаме плави, пошто плаво си е плаво, не може да биде жолто). Со неа ќе ја прифати својата природа и ќе созрева. Реално прикажана романтична врска меѓу две лица со на моменти реален приказ на општеството кое мора да има нешто против истополови врски. Сите сме имале некој со кој сме си кликнале, но со кој нема да завршиме заедно на крајот поради икс причини и секогаш ќе се сеќаваме на него по добро.
Како што кажав погоре, многу долг филм со некои непотребни сцени кои што ќе го скратеа на позадоволителна должина. Многу сцени со јадење со фокус на устата и џвакање и многу долги секс сцени, кои повеќе наликуваа на порно. Не дека ми сметаа сцените, меѓутоа многу долги и пак ќе кажам повеќе на порно изледаа. Да беше пократок можеби повеќе ќе ми се допаднеше, но во секој случај добар филм. Сепак фала на мојот Купидон за предлогот.:rolleyes:
 
Член од
18 март 2019
Мислења
445
Поени од реакции
2.045

Леле да скроз заборавив дека е 3 саати филмот, го иам одамна гледано, извини хахах. Не гледам романтични филмови и се изнагледав од новите за да видам што да ти предложам, пошо верувам дека сите постари што се добри, а ги знам ги имаш најверојатно гледано. На крај пак морав овој да ти го предложам, што реално ми беше кокцкање ама ете мило ми е што ти се допаднале повеќе работи во филмот. Инаку да, глумицата е...:love: Ја имам начекано во неколку серии и секогаш сум уживал во нејзините улоги.
 
Нема врска добар филм беше. Инаку се сметам за човек што има гледано многу филмови и серии, меѓутоа во споредба со некои членови како што гледам сум аматер. :D Така да може и да не сум гледал тоа што си мислел:LOL:
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Blue Is the Warmest Colour / La vie d'Adèle

Фала многу на мојот Купидон, ама не ми требаше филм од 3 саати:D
Сериозно, баш деновиве ми се гледаа пократки филмови и затоа филмов го глеав два дена по саат ипол.
Инаку филмов одамна го имам забележано, меѓутоа никако да се решам да го гледам, ваљда претпоставував за што се работи. Не дека се каам што не сум го гледал до сега, ама па и не сум пропуштил многу. Го изледав само заради девојката, ептен е симпатична:love: И дека сакам француски филмови или било кои филмови со дејство во Франција.
И во другата тема пишав дека не ме бива за рецензии, па во кратки црти ќе пишам. Се работи за една девојка која сфаќа дека можеби и се допаѓаат девојки. Ќе запознае една девојка со плава (сина) коса со која ќе осознае дека сигурно е лезбејка. (Инаку до ден денес не ми е јасно зошто жолтокосите/златокосите ги викаме плави, пошто плаво си е плаво, не може да биде жолто). Со неа ќе ја прифати својата природа и ќе созрева. Реално прикажана романтична врска меѓу две лица со на моменти реален приказ на општеството кое мора да има нешто против истополови врски. Сите сме имале некој со кој сме си кликнале, но со кој нема да завршиме заедно на крајот поради икс причини и секогаш ќе се сеќаваме на него по добро.
Како што кажав погоре, многу долг филм со некои непотребни сцени кои што ќе го скратеа на позадоволителна должина. Многу сцени со јадење со фокус на устата и џвакање и многу долги секс сцени, кои повеќе наликуваа на порно. Не дека ми сметаа сцените, меѓутоа многу долги и пак ќе кажам повеќе на порно изледаа. Да беше пократок можеби повеќе ќе ми се допаднеше, но во секој случај добар филм. Сепак фала на мојот Купидон за предлогот.:rolleyes:
Овие две сцени го прават филмот да вреди

многу добра глума
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.154
Поени од реакции
2.732
Овие две сцени го прават филмот да вреди

многу добра глума
На сцената од првиот линк ми летна најбрзо времето, баш тоа си помислив пошто у глобала побавно идеше. И се слагам за вториот линк, добар крај имаше. Страст, емоции, тага и болка.
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.299
Комисиски доделен Letter from an Unknown Woman

Црно бел филм, со одлични кадри и сценографија која те враќа во последната деценија на 19 век во Виена за време на Империјата. Се познава уште од првите кадри дека режисерот си ја знае добро својата работа. Што се однесува до глумата, Џоан Фонтејн е супер како главниот протагонист околку кој се врти цело дејство. Првата средба на Фонтејн (или Лиса во филмот) со љубовниот интерес, глумен од Луис Жоурдан, кога го имаат првиот заводлив поглед, толку е убедливо одглумен од нејзина страна што човек да се посомнева дали и во реалноста не постоела романса помеѓу двете ѕвезди. Другите ликови се периодични, но не можев да најдам замерка за било кој од нив.

Малку невообичаено дејство, што не денес ретко би се случило со социјалниве мрежи, но сепак мислам дека постојат и во реалниот живот вакви ликови. Одлична романса со примеси на мелодрама. Им го препорачувам на сите кои сакаат романтични драми, со невозвратена љубов.

4/5
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.231
Поени од реакции
23.782
Mojata kupidonka( si velam deka zensko pa zatoa) mi go dodeli:
Abot Time
Se si mislev deka predlozenite filmovi ke bidat , ili bi trebalo da bidat romanticni, srceparatelni, taa go saka toj ne osekja i taka nesto vo toj stil ,no ovoj ne mi ostavi takov vpecatok, na romanticen. Dodusa taka deluvase na pocetokot, da ne recam nadezen bese no za srekja( velam za srekja zatoa sto i ne sum nekoj fan na toj zanr)za brzo se preorentira vo pojma nemam sto, avtobiogravski valjda. Vo sekoj slucaj ubavo filmce, lesno za gledanje zatoa sto samiot film ima safe mode i ednostavno se opustas bidejki znaes deka i da se sluci nesto loso ima opcija da se popravi i smeni nastanot taka da tuka si rajat. No i pokraj celata lezernost i nenapnatost, na krajot te tera da razmislis okolu smislata na zivotot, sto bi promenil i dali voopsto bi promenil nesto vo minatoto ako imas takva moznost, dali vo nekoja situacija bi izigral poinaku, dali bi mu dal prioritet na nesto drugo , sto bi bilo koga bi bilo, dali si sreken vo segasnosta, sto e srekja voopsto itn itn itn. Ednostavno otvora mnogu prasanja koi ni na kraj pamet ne bi ti teknale da si gi postavis, i isto tolku nemanje odgovori za istite.
Se na se filmot go nemav gledano , a posto od prva posle zavrsuvanjeto me natera taka da si posedam sam so mislite , ke mu dodelam edna solidna 8/10.
Neznam koj mi e dodeluvacot no mu blagodaram za filmot so ogled na toa deka vo normalni okolnosti najverojatno nikogas nemase ni da mu dadam sansa.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom