Ден 6. филм од твојата година на раѓање
7 Оскари меѓу кои и оној за најдобар филм на годината 1993та, станува збор за
Schindler`s List на Стивен Спилберг. Нема потреба да се објаснува филмов.
7 номинации но без ниту една награда за ирскиот
In the Name of the Father со Даниел Деј Луис во главната улога на еден ирски затвореник поради вмешаност во ИРА бомбардирањето во воената Ирска тоа време. Вистинска приказна е и овој.
Том Хенкс доби Оскар за најдобра главна машка улога во филмот
Philadelphia каде глуми геј лик којшто е болен од сида и поради тоа е отпуштен од работа па иде на суд. Дензел Вашингтон го брани.
Леонардо Дикаприо ја добива првата номинација за Оскар, единствена во категоријата споредна машка улога во филмот
What's Eating Gilbert Grape каде фантастично глуми ретардирано дете. Една од неговите најдобри улоги уште на самиот почеток на кариерата.
Истата година се појавува и во
This Boy's Life со Роберт Де Ниро којшто му е очув и се однесува насилнички према него. Вистинска приказна.
Роберт Де Ниро дебитира на режисерското столче за
A Bronx Tale, приказна за едно момче кое ќе влезе го круговите на мафијата.
На темата мафија и криминал, во полн сјај се покажува Ал Пачино во улогата на Карлито Бриганте во
Carlito's Way на Брајан Де Палма.
Мартинчо ги спојува Даниел Деј Луис, Мишел Фајфер и Винона Рајдер во еден љубовен трилинг сместен во доцниот 19ти век in
The Age of Innocence
Томи Ли Џонс му го зема Оскарот на Лео за најдобра машка споредна улога во
The Fugitive со Ричард Гир.
Дедо Клинт Иствуд те тера да сочувствуваш со киднапер на дете односно Кевин Костнер во
A Perfect World
Тарантино сака да помогне и другите да бидат Тарантино ама ако не ти е дадено да бидеш Тарантино не можеш да бидеш со сила Тарантино. За
True Romance зборам.