Мене искрено ич не ми е криво, јас сакав да си оди од проста причина што искрено мислам дека е голема кочница на тимот од аспект на буџет на плати и игра.
Ако навистина ги донесат Икарди и Кин ми е поќе од топ искрено. Нека му е со среќа, фала му за се ама ова беше најдобро и за нас и за него.
Се сложувам со тебе, можеби годинава ќе биде фрка да замените играч што постигнува над 30 гола во сите такмичења и најверојатно тоа ќе се одрази , ама пак на краток/среден рок ќе се отвори врата да направите повторно конкурентен состав со Киеза, Кулушевски, Локатели, Де Лихт, Бонучи, Дибала и други играчи кои може да бидат костурот на екипата во иднина.
Искрено и ние одкога си отиде Икарди, кој беше бог и батина кај нас, почнавме да играме фудбал и да носиме резултати. Он ми беше омилен играч во таа мрачна доба, но со тоа што секоја топка, напад, одлука одеше преку него нас не правеше многу предвидливи. Да не почнувам за токсичната атмосфера што владееше во соблекувалната, кога ќе излезевме на терен како да не бевме екипа, немаше жар, немаше борба за секоја топка.
Исто и кај вас со Роналдо имате едно-димензионален напад, се знае од каде иде опасноста и лесно се неутрализира. Плус тоа што Роналдо со неговите 30м по сезона ствара чувство на нижа вредност кај соиграчите, кога следниот е со 4-5 пати помала плата од него. Играчите тешко можат да најдат мотивација за докажување кога имаш толку голем диспаритет во плати, плус и чувството на одоворност за неуспех/лош резултат е помало, пошто нели Роналдо ако не му иде на тој меч е крив.
Така да мое мислење е дека ќе се одрази добро неговото заминување, можеби не сезонава пошто немате време да се консолидирате, но за во иднина сигурно.
Али неспорно е дека прави голем удар на имиџот на клубот, пошто не верува повеќе во проектот на Јувентус. Затоа си замина и Конте и Лукаку кај нас, не веруваа дека можат да повторат предходната сезона и го одбраа полесниот начин, да заминат. А сеирот што паѓа на темава што ви заминува Роналдо во 5 за 12 секако е сладок, нема што да се лутите. И ние го сркавме сеирот пред некоја недела, така да...