- Член од
- 21 октомври 2011
- Мислења
- 1.749
- Поени од реакции
- 2.564
Andhadhun (2018)
Долго време се канам да погледнам нешто од новиве боливудски наслови, но со оглед дека се во просек по 3 часа никако да се решам. Од друга страна, со нивната хиперпродукција никој и не е во можност да држи чекор.
Така да добро дојде овој предлог, иако не се работи за баш класичен индиски филм. Овој е од новиот бран филмови кои имаат цел да се пробијат на западниот пазар, како што вели и на насловната шпица со благодарностите и партнерите, која патем трае цели три минути пред воопшто да почне филмот.
За нас најголем проблем е што филмов е масала жанр, односно не може да се одлучи кој жанр да биде, па затоа е мешавина од сите. Како последица на тоа имаме недефинирани ликови кои не се доследни во однесувањето. Ние не сме навикнати да гледаме вакви мешавини, кај нас се знае што иде со што.
Убаво напредуваше приказната, со добар заплет од типот каде што се мами измамникот со неговата измама. Иако сето малку наивно, токму заради недефинираноста.
Музиката многу ми се допадна, барем онаа оригиналната, останатото исто беше масала. Камерата и монтажата сосема солидни, немам замерки.
Единствено што мислам дека да беше едно 15-20 минути пократок, ќе беше покомпактен. Ама според индиски стандарди изгледа е максимално скратен.
Остана некажано како го убија доајенот заради кого започна целата збрка. А и полицаецот го оставија заглавен во лифтот.
7/10