ENTER the VOID
Ова беше еден вистински трип! But I (surprise, surprise) liked it! Искрено, пред да почнам да го гледам, мислев дека ќе биде само уште едно претенциозно артхаус срање на Ное, во кое купишта неповрзани работи прават целина чија замисла можат да ја сфатат само истрипани студенти на Драмски факултет со постојано еректиран пенис или постојано навлажнета вагина и се уште бубулици на лицето. Не очекував дека ќе гледам приказна. Ама тука имаше, и тоа каква приказна! И плус, оригинално, неконвенционално раскажана, преку скокови на душата на Оскар во време и простор и преку исечоци од сеќавања и случувања кои како пазли совршено создаваат една приказна која е истовремено и тажна, и среќна, и прекрасна, и досадна, и никаква, и секаква... Ми се допадна најмногу технички. Camera work тука е mindblowing! Почетокот кога живиот Оскар беше камерата, со сите тие трепнувања, бои и трипови, бев забезекнат. Подоцна, исто Оскар беше камерата, ама неговата душа. Е, тој дел беше малку предолг, што ми е една од единствените замерки тука. Добро би му дошол еден CUT во кој би се исфрлил минимум еден час. Втората замерка ми беше недостигот на музика. Мислам дека ќе беше далеку погледлив доколку имаше некоја музика која би го надополнила. И третата работа - крајот беше екстремно предвидлив: уште пред да абортира сестра му, знаев дека ќе се случи тоа што се случи, зашто другар му го наговести кога му ја раскажуваше „฿ØØ₭ Ø₣ ĐɆ₳Đ“. Прекрасно, оригинално, инвентивно филмче, едно неповторливо искуство кое ќе го паметам долго. И плус - не користев никакви дроги! Измеѓу 8 и 9, ама заради трите замерки, а mostly заради должината, зашто поголем дел од филмот беше баш vOid, една 8/10 од мене.