Која тема се избегнува жити се? Опаднал квалитетот затоа што екипите не прошле ЛШ 1/8 финале.
Еве шпанците имаат само еден преставник во 1/4 финале. Според вашата експертиза е на рамниште на португалската а полоша од германската. Зашто нели, во ЛШ се гледа квалитетот. Нокаут фаза е, еден лош меч и во АУТ си. Ман Сити изгубија од Монако и Лион, па никогаш не се пишало дека француската е бољи од англиската, затоа што не е.
Аталанта и Лацио добија претешки противници и се очекуваше да испаднат. Јуве и Интер потфрлија, ама тоа не значи дека лигата е полоша од француската или германската. Не знам како може вакви глупи заклучоци да си донесувате небаре муабет на треттоодделенци е ова.
Јас се кладам вие што овде објаснувате дека италијанската е полоша од германската и француската, никогаш немате гледано натпревар од тие лиги.
Да била толку дно како што е преставена тука на форумов, дали играч како Рибери ќе потпише за Фиорентина или ќе се одлучи својата кариера да ја заврши во Анжер?
Роналдо изгледа не разбира фудбал, па ја одбра токму таа лига затоа што му е најлесна од сите 5. Она дрвцено Андре Силва не можеше играч да помине во Серија А, отиде во Германија ИМБА, незапирлив. Исто и со Лазаро. Дробеше во Германија, дојде во Интер како да сме го купиле Брдаровски. Еден тон играчи кои играле во повеќе лиги ќе ти кажат дека е сериозно тешка лига за играње, ама битно за Флафи Бани од Куманове е полоша од германската и француската и тоа е факт кој мора сите да го прифатиме и да не бегаме итро од темата. Сепак мислењето на член со 600 коментари на Кајгана е далеку поверодостојно од некој што ја игра играта.