Kajgana Shop (shop.kajgana.com)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
И кај мене камерата ми прави мерак супер слика вади,
@Acid предложи им на дечкиве нека понудат и полнач(исправљач), може и Микро СД со камерата, добро што имам еден куп од стари телефони па се фаќаат!
 
Последно уредено:
Кога сме кај велосипедите понудете и баланс велосипеди за деца. Тие се доста добри за деца.
 
Дали сите членови добиваат различни кодови за попусти и дали овој код може да се подари некому или мора лично да се искористи?
 
Сите членови добиваат бесплатни кодови за попусти и дали овој код може да се подари некому или мора лично да се искористи?
Кодот за попуст KGN1000 не е ограничен по член, така да - може и да го подарите на некого за нарачка преку нашата е-продавница :) Кодот се внесува со кликнување на линкот „Имате промо код?“ во вашата кошничка, пред да ја направите нарачката.

Овој код има важност од 5 дена и се однесува за нарачки во вредност над 10.000 денари.
 
1615248451661.png
Изволте.
Имам велосипед у подрум така ми стои не го возам, можеби ќе се најде на некој друг. :)

*Иначе супер работа со продавницава ова.
 
@Acid
Сосема случајно приметив: Може да го оптимизирате ова counter-от и цената.
Ајфон 8 користам.
Да, си функционира и се тоа, ама пак.

p.s Само да не ме пцуе тој што ќе го добие овој таск следна недела :D

p.p.s и на друг телефон(1080x2400 чинам) ги прикажува така
 
Attachments

  • B73C830F-D65E-4F4B-B4F1-C8CAFF82E67E.png
    B73C830F-D65E-4F4B-B4F1-C8CAFF82E67E.png
    396,1 KB · Прегледи: 36
Последно уредено:
@Acid
Сосема случајно приметив: Може да го оптимизирате ова counter-от и цената.
Ајфон 8 користам.
Да, си функционира и се тоа, ама пак.

p.s Само да не ме пцуе тој што ќе го добие овој таск следна недела :D

p.p.s и на друг телефон(1080x2400 чинам) ги прикажува така
Да не е само iPhone / Safari related? Еве на неколку Android / Chrome телефони гледам, океј си е :) Ќе провериме, фала.
 
Последно уредено:
Да не е само iPhone / Safari related? Еве на неколку Android / Chrome телефони гледам, океј си е :) Ќе провериме, фала.

1080x2400 (90% сум сигурен, ме мрзи точно да барам) Android исто беше.
 
Мене ме интересираат сигурносните камери, на пример овој модел.
Во видеото се вели дека се става микро картичка, па се поврзува со својот интернет.
Не знам дали разбирам: мене ми треба за подалеку од мојата куќа, има интернет пристап доколу таа микро картичка е поврзана со претплатнички број, на пример.

Дали овој производ така работи?
 
Не сум сигурен дека го разбирам во целост прашањето, но ќе се обидам да појаснам:

- Интернет пристапот (WiFi) е потребен за подесување и прегледување на снимките (без разлика дали е во живо или снимениот материјал);
- На MicroSD картичката се снима материјалот, не се поврзува со никаков претплатнички број.
- Доколку е на подалечна локација каде што нема интернет, при некаков настан, секогаш можеш да ја извадиш картичката и да го прегледаш снимениот материјал на друг уред. Или опционално, да ја поврзеш камерата на инетрнет (на пример преку Mobile Hotspot) и да го прегледаш материјалот.

Со други зборови, WiFi (или интернет пристап) не е потребен за да работи/снима. Потребен е за подесување и евентуално прегледување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom