Една идеја: нели би било подобро да ги најдете и да соработувате со оние издавачи кои немаат свои книжарници или онлајн книжарници? Овие поголемите секако имаат свои, веќе разработени, и не дека не би се продавале и кај вас, ете, гледам, цените се идентични како во Три, па зошто да не купи некој од Кајгана наместо од таму? Јас лично би (да имаше што). Ама овие малите не може никаде да се најдат. Кога сакаме да купиме нешто од нив, обично чекаме од саем на саем, или евентуално преку kupikniga, нешто што јас го избегнувам. Така мислам дека ќе бидете и вие позадоволни од продажбата, и купувачите, што ќе можат брзо и лесно да купат книга од Темплум, да речеме, без да чекаат да дојде следниот саем или да ја бараат по туѓите книжарници. Размислете за идејата. А од помалите издавачи тука се: Темплум, Бегемот, Блесок, Ад Вербум, Алби, Бата прес, Вермилион, Готен, Едука Мак, Или Или, Магор, Нампрес, Македоника Литера, ПНВ Публикации, Панили, Силсонс, Слово, Табернакул, Тримакс, Феникс... Некои од нив имаат свои книжарници, но онлајн продаваат само со порака во messenger, немаат сајтови за онлајн продажба. Некои веќе не постојат, но јас убеден сум дека книгите им стојат некаде по магацини испозатворени, па ако ги контактирате, верувам дека би сакале да соработуваат.