Не се заебавај бе што има врска што играл во Интер, за Роналдо праиме муабет не за Мохамед Калон. Сериозно го оспоруваш финишот на Роналдо? Го имаш гледано?
Втор болд.
Халанд? Фати? Санчо?
Сигурно ќе се најде некој кој што ќе му биде конкуренција.
Еве на пример Халанд.
Мбапе во ЛШ - 24 гола до сега.
Хааланд во ЛШ - 16 гола до сега.
Мбапе има изиграно 5 сезони во ЛШ (1 со монако и 4 со ПСЖ)
Халанд има 2 сезони, поточно 12 натпревари изиграни.
Зашто овие двајца да немаат ривалство како Роналдо и Меси? Особено ако отидат во појаки клубови во иста лига?
И Мбапе и Хааланд имаат потенцијал да бидат огромни имиња во светот на фудбалот, многу млади, со цела кариера пред нив.
Околу квалитетот на Мбапе веќе јасно ни е на сите, го гледавме со Франција, го гледаме со ПСЖ, го видовме и Хет Трикот што им го даде на Барселона на камп ноу. Светска Класа играч!
Или пак Проблемот со Мбапе ти е што не игра за Барселона?
Многу ќе е тешко на новите генерации да ви се објасни зошто никој нема да го стигне Меси, со некои бројчиња и статистики ќе се запните, а Меси не се опишува со статистика, треба да го имаш гледано од сам почеток за да знаеш колку бил најдобар.
Многу ќе е тешко на новите генерации да ви се објасни зошто никој нема да го стигне Меси, со некои бројчиња и статистики ќе се запните, а Меси не се опишува со статистика, треба да го имаш гледано од сам почеток за да знаеш колку бил најдобар.
Сакаш да ми кажеш дека сега ако на пример Мбапе освои 4-5 титули во ЛШ, уште 1-2 Светски првенства/европски првенства, дае Х голови за тим и репрезентација во наредните 13-4 години нема да го стигне Меси?
Океј, сфаќам дека си фан на Барселона, сфаќам дека си фан на Меси. Само не ти држи вода муабетот. Никој никогаш нема да биде новиот пеле, новиот марадона, новиот меси, новиот роналдо итн. Како што Меси не е новиот Марадона туку Меси така и Мбапе на пример нема да биде новиот Х туку Мбапе.
Да ги оставиме децата да си играат фудбал, од натпревар во натпревар се подобри и подобри се, Меси и Роналдо ни докажаа дека во светот на фудбалот ништо не е неостварливо.
Се надевам чисто како фан на фудбалот дека и Мбапе и Халанд ќе прераснат во страшно добри играчи и ќе бидат уште подобри од Роналдо и Меси и ќе ни пружат уште 15тина години магија на терените.
Остани ми поздравен
Автоматски споено мислење:
Околу тоа новите генерации и слично,
Растен сум со Роналдињо, Роналдо итн. Меси го иам фатено од сам старт, Кристијано исто од Манчестер.
Сум остарел упм...
Не какво Mobdro, имам IPTV со тотално сите канали у цел свет. Немам проблем со преноси ја, само ме зачуди што ја нема на Арена спорт... ама српскава верзија била затоа.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.