Баш Лајпциг се пример за куртон клуб.
Неколку сезони Ред Бул се обидуваа да влезат во некој германски клуб и да го преименуваат. Кога се обидоа да влезат во Сашен Лајпциг (или како и да се чита), имаше протести против преземањето, иако клубот беше стота лига, пред распад. Не успеаа да влезат ни во Сент Паули, ни во Минхен 1860, ни Фортуна Дизелдорф, сите обиди завршуваа со протести од фановите на клубовите. Нив не им беше идејата да спонзорираат некој клуб, туку целос о да му сменат име, да му сменат историја, а да ја добијат само лиценцата за настап за да не почнат од стота лига.
На крај купија некои гревови од 5та лига.
Клуб без никаква историја и традиција, брзо напредува благодарение на кеш. Има ли поголем пример за пластичен клуб? Да, не трошат ко арапиве, ама немањето историја е тоа што ги прави непопуларни во цела Германија.
п.с. немам многу против нив, мило ми е што влегоа во полуфинале, особено што го минаа Атлетико