Пред недела дена поминувавме низ истово, среќа негативни беа резултатите... многу повеќе на психа удара, исто со 39 температура.
Нема термини во Скопје преку државно, освен ако сакаш негде Велес, Куманово или Тетово, ама ако се јавиш во понеделник, термин има у петок и плус резултати чекаш 10 дена. Не се исплати.
На крај излезе кај Жан Митрев. Се скапавме од вртење сегде, едвај најдовме и на приватно термин и тоа не дента, туку после неколку дена.
За цени скоро исто е сегде, битно е само да е со брис, да не е преку крв. Освен ако не сакаш ,,приоритетно" тестирање, тоа дупло се плаќа, зависи во која лабораторија.
Ремедика зима брисеви само за свои пациенти, Систина и Жан мислам беа иста цена, Биотек и Авицена не можевме да ги добиеме...