И ја ќе пишам мене што ме лечи, или поточно што ми спречува настинка. Кога ќе осетам дека ме фаќа (познатите симптоми, малаксалост, глава болење, грло...), одма се предозирам со капки на база на ехинацеа во комбинација со многу течности, витамин Де и витамин Це. Одма ми поминува. Така оваа зима сперечив, фала богу, две-три настинки.
Ако веќе те фатило, можеш пак да пробаш.
Може со капките на dr. Teis, а може и со Имунал или со ехинацеа капки на италијанската фирма ЕСИ.
Кога ги употребувам тие првите (кои имаат мнооогу алкохол у нив) одма кркам 50 капки, а после на секои саат-два по 15-20 капки. Тоа во комбинација со многу чаеви и вит Це и Де. Да речеме околу 2000 мг - Це и 10.000 единици Де (дневно).
Ова сум го праел и со Имунал и со други ехинацеа капки, и ми успевало.
Иначе сите овие ствари ги кркам и на секојдневна база, само во помали количини. Со ехинацеата праам пауза една недела на секој месец дена.
За температура, според мене, најбитно е да се предозираш со течности.
Порано многу употребував Фервекс, ама што знам, тоа не е решение, туку само привремено олеснување. Кога ќе му помине дејството, после па е срање.
Сум чул дека Фервекс не треба да се зима многу.
Кафетин Колд, Колдрекс, или слични препарати да не се зимаат у време кога зимаш Фервекс.
Не тврдам дека тоа што ја го праам е исправно, ама мене ми помага.