Ќе продолжат со онлајн кладење нашиве кладилници бе што ви е, зошто да укинуваат кога ќе запре вонредната состојба? Па секако тие што дремеа до сега во кладилница ќе продолжат да дремат таму, не можеш на пензионер да му кажеш да се клади онлајн. Кај младите би требало доста да се смени тоа, реално онлајн кладење е топ работа, да не одиш по кладилници, да не губиш време и да можеш да играш во секој момент било каде и да се наоѓаш.
Не ме заебавајте 2020 година сме, сегде во светот има онлајн кладење само кај нас нема, оваа 2вин не ја рачунам за онлајн кладилница пошо се мизерии. Имам другарчиња од Босна, и тоа од поодамна, ми се смеат и ден денес кога одам да уплатам во кладилница.
Муабетот ми е дека нема причина да прекинуваат со лиценците за онлајн кладење, секако они си имаат ќар од тоа и ги заболе стап за останатото.