Поздрав и до главниот арбитар вечерва, незапознаен со правилата за судење, очигледно.
Играта ја прекинуваше двапати, еднаш кога Мустафи доби удар со топка во препони, вторпат кога, внимавај сега ова, Тореира доби грч и мораше некој да му ја истегне ногата.
Пет минути подоцна, Абрахам заврши на земја, играта си продолжи (впрочем како што и требаше).
Е што е спорно? Спорно е што новите правила налагаат прекин на игра, исклучиво кога фудбалерот има повреда на главата. Никому ништо во спротивно.
Да бев како добар дел од фановите на вечерашниов опонент, ќе врескав дека судијата е виновен за неосвоените 3 бода. Сета среќа имам повеќе од 13 години.
Челзи поради пристапот и посерот, заслужи вакво сценарио. Арсенал поради храброста и менталната надмоќ, го заслужи бодов.
Се надевам дека од следната година УЕФА ќе размислува за одземање на четвртото место кое води во ЛШ, бидејќи ова е болно за гледање.