Не верував дека ова ќе го кажам некогаш за филм на Ноа Баумбах, но морам: Marriage Story е според мене, до сега, од тоа не многу што имам гледано, филм на годината! Колку тивок, мирен, но и реален, се чувствував како да гледам a real life marriage со сите драми и проблеми кои ги носи истиот. Во некои реплики препознав некои вистински, мои. И толку беше се емотивно, што на два пати се почувствував како да ќе заплачам. Совршена анализа за бракот, за љубовта, за жртвувањето, за децата, за тоа што значи да се чувствуваш жив. Совршено одглумено и од Драјвер, и од Јохансон. И навистина преемотивно. Ноа повеќе ми личеше на Вуди Ален во Frances Ha, на пример. Тука, особено на почетокот на филмот, повеќе ми личеше на Теренс Малик (
@whatto , ако не си го гледал, пуштај го одма!). Не знам, ептен сум под импресии, и некако без зборови. Знам само дека морам да го репризирам. Ама сам. Да не и текне некоја идеја на жена ми.