Ајришмен ок како филм, ма да цело време чекав Де Ниро и Пачино да умрат. Не ликовите во филмот, туку актерите, онака двајцата да се оптегнат, да притрчаат луѓето од сетот да видат што им е, да ги враќаат во живот со вода и електро шокови, и да констатираат смрт. Мислам ок е се, ама кога го гледав филмот имав чувство како да гледам фудбалски натпревар на ветерани. Де Ниро и Пачино, како Роналдо феноменот и Марадона со стомаците, се мачат да стигнат до топката а одбраната им се трга од патот за да постигнат гол некако во слоу моушн.
Ова воедно е и прв пат да го оправдам Скорсезе за беспотребно долгите филмови што ги прави. На овие двајца им требаат 5 минути да префрлат улица, а Џо Пеши веројатно не може да оди повеќе, па затоа стои или лежи во сите сцени. Значи толку се стари сите што ни со CGI не можат да ги подмладат. Уште Кирк Даглас фалеше и заедно ќе имаа 500 години...