Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.702
Поени од реакции
27.646
Или тролаш или си изгубен во вселената.
Не трола, изгубен е во свемирот. Спамаше со капс лок до пред некое време, интерпункција 0, логика и кохерентност у минус.
Овој е поголемо дно од баграта која ја набројав овде.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.388
Поени од реакции
58.221
Не трола, изгубен е во свемирот. Спамаше со капс лок до пред некое време, интерпункција 0, логика и кохерентност у минус.
Овој е поголемо дно од баграта која ја набројав овде.
Одбивам да верувам дека човек во 21 век може да биде толку неписмен. Човекот не само што не знае да пишува туку не знае ни да состави сложена реченица. Убеден сум дека е трол, се надевам дека грешам.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.056
Поени од реакции
34.749
Одбивам да верувам дека човек во 21 век може да биде толку неписмен. Човекот не само што не знае да пишува туку не знае ни да состави сложена реченица. Убеден сум дека е трол, се надевам дека грешам.
Тој шутрак става три запирки на почеток од реченица. Имаше еден друг, ставаше точка после секој збор. Светската банка во 2017 година објави податок дека две третини од младите во Македонија се функционално неписмени - од вкупно 70 земји кои влегле во испитувањето, на 68 место бевме, само пред Косово и Доминикана. Еве, ова се класични примери дека тоа е точно! Не се тролови, за греота се.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.076
Поени од реакции
84.731
Не ми се верува дека уште има луѓе што не сфаќаат како функционираат Оскариве за странски филмови (на фејсбук, не на форумов нормално :D )

Исцелител е одбран да биде дел од поголемиот избор за филмови од неанглиско говорно подрачје.

Ова не е никаков успех нити нешто неверојатно.

Речиси секоја година праќаме филм.

Исцелител беше најпопуларен и најзборуван филм од сите (пар) филмови што излегоа кај нас лани.

Не знам зошто ова го сметаат за огромен успех.

Ова е исто како да пратиме песна во полуфинале на Евровизија... нормално, очекувано и најверојатно нема да донесе никаков успех и никој во светов нема да знае дека постоел филмов.
:)

Еве пак и оваа година :)

Honeyland не доби номинација, туику е дел од шортлист

Со таа разлика што Ханиленд е влезен чекор повеќе од Исцелител лани

Цел фејсбук ми е полн со линкови и хајпови за ова, а големи се шансите дека нема да добие номинација за најдобар странски филм

Ама еве бе, од лани до сега барем ќе се научеа луѓево...

Како и да е... (y) Добар успех е и што на топ 10 шортлиста влегол (y)

@Zlatikevichius Кои се фаворитите тука?
Паразит освојува сигурно, Алмодовар второ место а после? Францускиот чинам трето? Кои други филмови се фаворити за номинација?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.117
Поени од реакции
9.958
А зошто па да не влезе во петте номинации? Или тоа дека ти така сакаш? (n)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.076
Поени од реакции
84.731
А зошто па да не влезе во петте номинации? Или тоа дека ти така сакаш? (n)
Не бе, скраја да е.

Дека го немаше во номинациите за најдобар странски филм за Глобусите (и уште еден евент што не ми текнува сега) па не верувам дека кај Оскариве би се сменило нешто.

Ма да...

The Farewell беше номиниран како странски филм кај Глобусиве, а тој не се смета како филм од неанглиско говорно подрачје за оскариве така да...
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.117
Поени од реакции
9.958
Не гледам Глобуси, мобуси и слични ми глупости, али очекувам да влезе во петте номинирани за меѓународен филм, а да не влезе кај документарците.

Покрај нашиот би требало да се номинирани и Паразит, Болка и слава, рускиот и францускиот. Евентуално Сенегал да ја замени Франција или Русија за поголема застапеност на црните.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Не верував дека ова ќе го кажам некогаш за филм на Ноа Баумбах, но морам: Marriage Story е според мене, до сега, од тоа не многу што имам гледано, филм на годината! Колку тивок, мирен, но и реален, се чувствував како да гледам a real life marriage со сите драми и проблеми кои ги носи истиот. Во некои реплики препознав некои вистински, мои. И толку беше се емотивно, што на два пати се почувствував како да ќе заплачам. Совршена анализа за бракот, за љубовта, за жртвувањето, за децата, за тоа што значи да се чувствуваш жив. Совршено одглумено и од Драјвер, и од Јохансон. И навистина преемотивно. Ноа повеќе ми личеше на Вуди Ален во Frances Ha, на пример. Тука, особено на почетокот на филмот, повеќе ми личеше на Теренс Малик (@whatto , ако не си го гледал, пуштај го одма!). Не знам, ептен сум под импресии, и некако без зборови. Знам само дека морам да го репризирам. Ама сам. Да не и текне некоја идеја на жена ми. :unsure:
Злате го спомна Малик и успеа да ме станеш од тежок филмски зимски сон(како што можеш да забележиш и долу на скринот од Летербокс) е сеа филмот ми се допадна но дали паѓав у трансови?Не.Дали сметам дека филмот е коректен?Се разбира.Убав кастинг,убави луѓе,талентирани луѓе,ми се допадна секој член што беше во филмот,имаше океј-долги дијалози но дали можеме да кажеме дека актерите Откорнале with all due respect Ио мислам дека им дае форса.Па уште споредби со Џокерот ма каки тоа не доаѓа у обзир.Без разлика дали филмот имал,немал публицитет,дали лапал парички или не ,дали е на нетфликс,или варнер брос.Може сум малце филмски поспан ама сетилото не ми е.:giggle:
И ова заборавив да го кажам ти ибам по втор пат правам едит моментот со Малик скоро и да не го забележав,може малкуцка ситно она зрнца незнам од ѓевречето коа ќе падни сусамо хехее.

Како и секој друг филм од истиот режисер каде што оценките ми кружат како и овој освен Frances Ha кај шо свирка деветче мислам.

7.5/8-10



FDGFDHDFH.png
Автоматски споено мислење:

Marriage Story е тежок просек од филм кој се обидува да биде секојдневен, едноставен и обична драма за еден брачен пар но тоа во моите очи беше очајно.
Има 2 сцени кои се добри (коа ќе се скараат ептен и кога ќе се пресече), друго ништо не е интересно во филмот.
Музиката е солидна исто така и глумата.
Мајката и сестра и на Скарлет беа тотален промашај и небитни во филмот.
Жалам што потклекнав на неколкуте коментари овде и се решив да го погледнам.
Го гледаш уште од почетокот и знаеш што ќе биде, не се обидува да те изненади со ништо.
6/10
и плус уште нешто на жалост НО ќе морам да се сложам со овој млад господин.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.056
Поени од реакции
34.749
@Zlatikevichius Кои се фаворитите тука?
Паразит освојува сигурно, Алмодовар второ место а после? Францускиот чинам трето? Кои други филмови се фаворити за номинација?
Тука е малку тешко да се каже заради различните правила за гласање (ќе објаснам друг пат ако сакаш). Еве, пример: 5 од големите фаворити за номинација не се ни shortlisted: изоставањето на колумбискиот Monos, на пример, е најголемо изненадување. Потоа шведскиот And Then We Danced, па германскиот System Crasher (имаше едно чудо номинации и награди на Европските филмски награди, вклучувајќи и номинација за најдобра актерка за 7-8 годишно девојче кое е во главна улога), па и бразилскиот Invisible Life и италијанскиот The Traitor.

Honeyland е веќе изненадување тука. Исто и полскиот, унгарскиот, чешкиот, и најмногу естонскиот филм кој прв пат го слушам.

Ако се оди по buzz- oт, треба Шпанија, Ј.Кореја, Сенегал, Русија и Франција да се номинираните. Но сепак, мислам дека 100% ќе има барем еден номиниран од другите. Се надевам Honeyland!
Автоматски споено мислење:

очекувам да влезе во петте номинирани за меѓународен филм, а да не влезе кај документарците.
Јас па мислам обратно.
Автоматски споено мислење:

А, да, го заборавив: исландскиот A White, White Day исто беше фаворит тука.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom